Советник за клиенти – експозитура Прилеп
Доколку сте заинтересирани за овој оглас испратете ја Вашата биографија на
Иуте Македонија е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS, избрана за една од најбрзо-растечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш како лидери на финтек пазарот и пионери во дигиталната трансформација создаваме исклучително корисничко искуство.
Нашиот тим се шири и во потрага сме на нов член кој ќе му се придружи на тимот за да ја направиме нашата одлична работна средина уште поубава и приказната уште поуспешна.
Советник за клиенти-експозитура Прилеп
Твоите предизвици:
- Продажба и промоција на производите и услугите на Компанијата наменети за физички лица, за одржување на активно кредитно порфолио на компанијата
- Градење и одржување на исклучително корисничко искуство при секој контакт со клиентите во врска со кредити, отплата, рати, поддршка при аплицирање
- Директна и вкрстена продажба на услугите за финансирање на кредити од добиени барања за кредити во експозитурите, веб, партнерска мрежа, по телефон
- Активно учествува во давање предлози и идеи за развој на ефикасноста на процесите, експозитурата, зголемување на продажбите
Зошто да работите во Иуте ?
- Компанијата нуди атрактивна плата и бонуси
- Како дел од мултинационална ФИНТЕК компанија IUTE Group AS ќе имате можност да ги запознаете најновите иновации во овој сегмент
- Интересни, предизвикувачки работни задачи секојдневно
- Едноставна организациска структура
- Вреднување на индивидуалниот придонес, но и тимскиот дух во рамки на експозитурата и компанијата во целост
- Континуирани обуки за развој
- Редовни интересни активности и бенефиции за вработените
Потребни квалификации и способности:
- Универзитетска диплома
- Претходно работно искуство во финансиски институции ќе се смета за предност
- Напредни компјутерски вештини
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини, како и способност да се разберат потребите на клиентот
- Ориентиран кон резултати
- Тимски играч
- Способност за одредување приоритети
Рок за аплицирање: 10 јули 2024
Испратете ја Вашата биографија на со назнака Советник за клиенти – Експозитура – Прилеп
Сите апликации се земаат во предвид со високо ниво на доверливост. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа, давате согласнот Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кандидати спроведен од страна на Иуте Македонија. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту пак, достапни на трети лица.
Испратете го вашето CV
"(задолжително)" indicates required fields