Изминатиов период од страна на Министерството за внатрешни работи беше забележана зголемена активност на измамнички активности од лица кои претставувајќи се како финансиски советници најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути.
Како што се вели во официјалното соопштение од МВР, најчесто измамниците пристапуваат преку лажни профили на социјалните мрежи ветувајќи брза заработка, убедувајќи ги жртвите да инсталираат софтвер или да пристапат до лажни платформи или линкови.
Како одговорна и етичка компанија, воедно и единствено финансиско друштво кое овозможува целосен дигитален процес на услугите, Иуте првенствено вложува значајни ресурси во имплементирање на најсовремени технолошки решенија со цел заштита на личните податоци и спречување на измами и измамнички шеми, а истовремено посветува многу време на едукација на клиентите за како да постапат во вакви случаи.
Иуте неодамна во партнерство со Евротруст интегрираше регистрирана електронска шема како зајакнат безбедносен механизам кој освен унапредено корисничко искуство, поголема флексибилност и едноставност во користењето, овозможува и дополнителна сигурност на целиот процес.
Понатаму, како компанија која инвестира во дигитална трансформација и напредни иновативни решенија особено во делот на информатичка сигурност, користиме и двофакторски систем за автентификација кој претставува дополнителен безбедносен филтер во борба против злоупотреби и измами.
Исто така сметаме дека наша одговорност е истите совети и препораки за внимателност да ги споделиме и со пошироката јавност, а истовремено корисниците на услугите доследно да ги следат и почитуваат:
-Никогаш не пристапувајте и не оставајте податоци на линкови од непроверени сајтови и не спуштајте апликации кои се рекламираат како интернет продавници или како можности за инвестирање и брзи заработки.
-Секогаш проверувајте ја адресата на сајтот од каде што имате намера да купувате или инвестирате. Доколку ви делува сомнително, на https://www.whois.com можете да проверите дали таа страна е официјално хостирана, односно дека информацијата и трговецот се проверени, особено ако тој продавач работи само онлајн.
-Доколку на сајтот не се наведени контакт податоци за компанијата, не ризикувајте и осигурајте се дека сте направиле проверка пред да продолжите понатаму.
-Државно тело кое го регулира пазарот за хартии од вредност е Комисијата за хартии од вредност https://sec.gov.mk/ каде можат да се проверат сите лиценцирани физички и правни лица кои легално работат во индустријата.
-Се препорачува да не купувате онлајн преку отворена или небезбедна wi-fi мрежа, затоа што е возможно тие податоци да бидат достапни до трети лица.
-Кога станува збор за онлајн купување, секогаш купувајте исклучиво од проверени продавници
-Исто така имајте на ум дека Иуте не е кредитен посредник на странски фирми, работиме исклучиво со домашни реномирани компании.
-Доколку сепак сте станале жртва на измама и сте ги внеле вашите податоци на лажен линк, истите се компромитирани и треба веднаш случајот да го пријавите во полиција, каде што секторот за компјутерски криминал ќе ги превземе потребните мерки.
Сите информации се јавно достапни на нашиот веб, додека нашиот тим на советници е достапен за секаков тип на информации на 13 333, преку на мејл на , или преку вибер пристап овозможен директно од нашата веб страна.