Промените понекогаш доаѓаат на тркала
Светот денес го одбележува 3-ти Јуни, меѓународниот ден на велосипедите, а тимот на Иуте го икористи овој ден како повод да се обедини на тркала и испрати јасна порака.
Иако многумина од нашите колеги веќе редовно доаѓаат на работа со велосипед, нé израдува денешната глетка на многубројни велосипеди паркирани пред Иуте.
Добро друштво, супер започната недела, кафе, сок и овошје за сите Иуте бајкери.
Воедно го користиме овој повод да напоменеме неколку факти зошто велосипедот е секогаш одличен избор:
- Заштедува непотребни емитирани тони на CO2 и директено влијание на заштита на околината и одржливост
- Ја подобрува општата благосостојба и здравје
- Велосипедот е поефтин а многупати и побрз транспорт кој скратува драгоцено време
- На крајот, возењето велосипед е забавно, и сами и во друштво????
Грижата за околината и општествената одговорност е во сржта на компанијата, паралелно со грижата за добросостојбата и здравјето на вработените.
Иако навидум обичен ден, би сакале да послужи како потсетник, за денес и секој нареден ден, како позитивен пример што треба да го следиме и понатаму.
Голема благодарност до сите Иуте бајкери и до оние кои се подготвуваат да станат????