Кога ќе се прочита или спомене називот финансиска институција, првата асоцијација е секогаш банка, и сосема оправдано, со оглед на тоа дека банките се сé уште најголеми играчи на пазарот. Меѓутоа, групата на небанкарски финансиски институции опфаќа многу повеќе компании, вклучувајќи финансиски друштва, лизинг друштва, пензиски фондови, инвестициски фондови, друштва за осигурување и останати, секој со своја експертиза, регулативи и поставеност.
Преку регулативата на Народната Банка, банките се тие кои ги наметнуваат стандардите, особено во корпоративното управување, со значаен број на подзаконски акти со кои мора постојано да се усогласени во секојдневното работење и за ова има оправданост, со оглед на тоа дека работат со депозити како нивен главен извор на финансирање. За разлика од нив, финансиските друштва се финансираат од сопствени извори, но исто така под надзор на Министерството за Финансии.
Финансиските друштва, како дел од небанкарските финансиски институции најчесто се поврзуваат и со поимот финтек. Финтек е всушност кратенка од зборовите “финансиска технологија” и подразбира искористување на потенцијалот целосно да ги трансформираат финансиските услуги, воведување на нови бизнис модели, дигитални процеси и продукти, со олеснет и иновативен пристап до услугите и имплементација на нови технологии.
За корпоративната поставеност во финансиските друштва и улогата на иновативните системи, разговараме со Татјана Давчев, Директор за усогласеност и правни работи
Која е разликата во правната регулатива помеѓу финансиските институции?
Она што е уникатно за Иуте Македонија е што од аспект на корпоративно управување, функционираме на ист начин како и банките. Кај нас се имлементирани сите функции на внатрешна контрола: усогласеност со прописи, управување со ризици и внатрешна ревизија. За ова иако ние немаме законска обврска, имаме јасна определба за одговорно кредитирање, па корпоративното управување е поставено на начин што обезбедува дополнителна заштита на клиентите, избегнување на нивна презадолженост и на крајот заштита на интересите на инвеститорите.
Со најновите измени на законот за финансиски друштва, Министерството за финансии наметна обврска за зајакнување на корпоративното управување кај финансиските друштва со конкретни рокови за усогласување од страна на другите финансиски друштва. Во Иуте Македонија бевме во целост усогласени и пред донесување на измените на законот, па за поздравување се измените кои ќе овозможат зајакнување на начинот на функционирање на целата индустрија.
Иуте е лидер на финтек пазарот, особено во делот на дигиталната трансформација. Како се справувате со предизвиците од аспект на регулатива, доверба и имплементација на новите технологии?!
Регулативата во Македонија не претставува проблем за унапредување на дигиталните услуги. Во најголема мера, прописите се усогласени со Европските директиви и стандарди. Повеќе труд се вложува во едукација на корисниците и приближување на предностите од дигиталните алатки на едноставен и разбирлив начин. Тоа го покажува и последната статистика на Народната банка, според која плаќањата со кредитни трансфери сѐ уште најмногу се вршат на шалтерите на банките (71%), а во исто време и зголемување на употреба на дигиталните канали, со годишен раст од 16% кај бројот и 19% кај вредноста на плаќањата иницирани електронски.
(извор https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-02042024.nspx)
Во овој дел Иуте ја има Myiute мобилната апликацијата, каде клиентите на едно место можат да се регистрираат како клиенти, електронски да се идентификуваат, електронски да поднесат барање за кредит и во секој момент да имаат увид во моменталните обврски, но и во нивната кредитна историја во Иуте.
In a box
Минатата година беше усвоена финтек стратегијата, за поддршка на иновациите
Усвоената Финтек Стратегија за финансиските регулатори е првиот дел од Националната стратегија за финтек-секторот којашто беше разгледана на седницата на Комитетот за финтек.
Оваа стратегија има за цел да обезбеди услови за поддршка на иновациите во областа на финансиите, притоа имајќи ја предвид заштитата на потрошувачите и инвеститорите и стабилноста на финансискиот систем.
Довербата во услугите како клучен аспект за остварување на придобивките
Развојот на финансиските друштва може да донесе пониски цени на финансиските услуги, поширока лепеза на производи и услуги, поголем избор за потрошувачите и компаниите, подобри можности за финансирање, поефикасна регулатива и усогласеност со најдобрите меѓународни практики, додека користењето на иновативни финтек решенија ќе доведе до повисока оперативна ефикасност, подобро управување со ризикот и подобра регулаторна усогласеност на финансиските друштва.
За да можат овие технологии да го најдат своето место и пенетрација, особено меѓу потрошувачите, прв предуслов е стекнување на довербата во услугите, односно интегритет, етичко одговорно работење, и пред се задоволителна заштита на податоците. Она што е впрочем во фокусот на работењето на Иуте.
Вложуваме многу труд да објасниме и покажеме дека еден кредит навистина може да нема било какви трошоци. Исто така преку моделот “Купи сега плати подоцна” и партнерска мрежа која веќе брои над 650 партнери, овозможивме едно сосема безбедно, едноставно и транспарентно искуство, каде што секој од нас може да купи производ и услуга на рати , со планирање на буџетот онака како што одговара
Довербата на клиентите се стекнува преку транспарентност и тоа е нешто на што сме посебно горди. Ние немаме скриени трошоци, нашите договори со клиентите не содржат ситни букви, не ги криеме условите на кредитот; тие се наведени веднаш на првата страна. Ги едуцираме постојано клиентите за разликата помеѓу камата и трошоци на кредитот; односно дека каматата е еден вид на трошок во вкупните трошоци на кредитот и дека 0% камата не е исто што и 0% трошоци.
Одговорното кредитирање е уште една алатка за стекнување на довербата на клиентите. Во Иуте се воспоставени критериуми за кредитирање кои оневозможуваат презадолженост на клиентите. Податоците кои ги прибираме заради обработка на барањата за кредит се проверени и потврдени од надворешни и независни извори. И во овој дел се посветува внимание на едуцирање на клиентите, за планирање на нивните финансии, за подигање на свесноста дека секој кредит е обврска за негово редовно подмирување.
In a box
“Се приклучив во тимот на Иуте Македонија пред повеќе од 3 години, со претходно повеќегодишно искуство од банкарскиот сектор и можам да кажам дека искуството да бидам дел од групација водена од главното седиште во Талин, т.е. Естонија како земја лидер во технолошкиот развој е непроценливо. Од очекувањата дека ќе пренесам знаења и искуства од банкарскиот сектор, произлезе дека јас научив уште повеќе. Подготвеноста за учење на нови работи, запознавање на процеси од секој аспект, а не само од конкретната област која ја покривам е од клучно значење за брзо прилагодување во оваа индустрија. Комбинацијата од колеги кои секогаш се подготвени да споделат и објаснат, како и желбата за нови знаења е она што обезбеди брзо прилагодување во новата средина” вели Татјана Давчев.
Иуте постојано спроведува контрола на усогласеноста на работата со регулативите
Усогласеноста со прописи подразбира посветеност на постојано следење и контрола на усогласеноста со важечките прописи. За тоа да се случи, потребно е да има воспоставено процедури, системски решенија и постојани обуки на вработените.
Во однос на системските решенија, можеме да се пофалиме дека во делот на усогласеност имаме имплементирано најмодерни софтверски решенија.
Постојаните обуки за вработените се нешто на кое се посветува посебно внимание. Во овој дел, секој нов вработен добива воведна обука од секоја организациона единица пред да почне оперативно да работи, а се организираат и редовни обуки на темите спречување перење пари и финансирање тероризам, заштита на личните податоци, етика, заштита на укажувачи итн.
Процедурите се воспоставуваат и најбитно, редовно се ревидираат и унапредуваат во согласност со применливите закони, но и со идентификуваните ризици. Не сме имуни на ризиците кои не опкружуваат, ниту еден ризик не може 100% да се спречи, но важно е како се управува со истиот.
Постојана едукација на клиентите за уште поефикасна заштита
Технологијата и иновациите се двигател на новото време, но дигиталната писменост не напредува со истото темпо. Сето тоа го направи сајбер ризикот можеби и најзначаен во денешно време. Постојано се појавуваат нови шеми на обиди за злоупотреби и измами. Затоа ние редовно спроведуваме едукација на нашите клиенти за како да си ги заштитат своите податоци и на кои ситуации треба да внимаваат.
Со ова очекуваме и да се зголеми свесноста кај клиентите за заштита на личните податоци. Од една страна сме ние, како контролор кој има имплементирано технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, но од друга страна и личната одговорност на секој од нас за преземање на мерки за заштита на личните податоци.
Во моментов финтек индустријата го доживува својот подем на пазарот
Неспорно е дека во овој момент индустријата на финансиски друштва е најдинамична од сите аспекти, и само со добро поставено корпоративно управување се обезбедува здрав и стабилен раст и развој. Преку здрава конкуренција базирана на законски регулативи и преку одење во чекор со иновациите, Иуте и генерално финтек пазарот имаат потенцијал целосно да го променат финансискиот пазар, достапноста до услугите и едноставноста на користење на истите. Ние ставаме акцент на достапноста и едноставноста, а не на брзината за добивање на услугите и производите. Нашите кредитни производи и останати услуги се достапни и едноставни за користење заради воспоставените софтверски решенија и заради начинот на обработка на податоци, со што се обезбедува безбедно користење на нашите производи и услуги.