Иуте отвори уште една нова експозитура во Струга и специјална понуда за кеш кредит
Од 21.02.2024, официјално се отвори и започна со работа првата експозитура на Иуте во Струга, а вкупно 13-та на територијата на Македонија.
Експозитурата во Струга е третата експозитура која се отвори изминатиов месец, како дел од стратешкиот план на Иуте Македонија за проширување на мрежата на експозитури, а во наредниот период се планира отварање на уште три, на тој начин комплетирајќи го првиот квартал и вкупна бројка од 16 експозитури во цела Македонија.
Жителите и на Струга и на сите овие градови ќе добијат можност покрај дигиталните канали и придобивки, да стапат во контакт со нас и физички, на тој начин добивајќи пристап до обучен тим на советници кои се тука да им излезат на клиентите со најдобра понуда и совети за подобро планирање.
По повод отворањето на експозитурата, компанијата Иуте подготви специјална понуда за своите корисници. До крајот на март, сите клиенти кои ќе аплицираат во експозитурата или по други канали, а се со адреса на живеење во Велес (според лична карта), ќе може да ја искористат промотивната понуда за кеш кредит до 400.000 денари на 48 рати со 0% камата.
Експозитурата на Иуте во Струга која е лоцирана на улица „15-ти Корпус 2-1, ќе работи од понеделник до сабота од 9 до 17 часот и истата е опремена согласно новиот бренд идентитет на Иуте.
Компанијата Иуте Кредит Македонија, која е дел од групацијата Иуте Естонија со седиште во Талин, на крајот на минатата година официјално се ребрендираше и продолжи да работи под името Иуте Македонија. Ребрендирањето е дел од стратегијата на групацијата за проширување на обемот на работа и услуги на пазарот, со што покрај кредитирањето ќе понуди и платежни услуги и осигурување.