Иуте Сафе АД, Друштво во формирање, во рамките на Iute Group AS има потреба од сметководител

Твоите предизвици:

  • Комплетно водење на сметководствено работење и контрола на истото
  • Прием и контрола на сметководствена документација и спроведување на навремени и точни книговодствени процеси во главната книга во согласност со законските прописи, интерни процедури и сметководствени стандарди
  • Навремено и точно пресметување, евидентирање и плаќање на даночни обврски на компанијата во согласност со законските прописи
  • Реализација на банкарски налози за плаќање на фактури и останати плаќања.
  • Периодично усогласување и контрола на состојбите во главна книга и аналитичка евиденција
  • Самостојна изработка и доставување на завршна сметка, финансиски извештаи, статистички и останати извештаи до соодветните регулаторни тела и до раководството на компанијата

 

Компанијата нуди:

  • Пријатни и убави канцеларии
  • Мотивирачка работна атмосфера
  • Предизвикувачки работни задачи секојдневно
  • Едноставна организациска структура
  • Правилен избор доколку сакате да бидете дел од мултикултурен, разнолик тим
  • Можност за професионален раст и развој
  • Редовни интересни активности, натпреварувања и бенифиции за вработените

Потребни квалификации и способности:

  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на сметководство
  • Работно искуство во осигурително или брокерско друштво, финансиска институција, или друга сродна дејност
  • Работа во Dynamics 356 ќе се смета за предност
  • Сертификат за овластен сметководител
  • Одлично познавање на финансиската и даночна регулатива во земјата како и интернационалните финансиски и сметководствени стандарди
  • Одлично познавање на Англискиот јазик
  • Напредни MS office компјутерски вештини
  • Вештини за подготвување извештаи

 

Рок за аплицирање: 10 јули 2024

Испратете ја Вашата биографија на со назнака Сметководител

Сите апликации се земаат во предвид со високо ниво на доверливост. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа, давате согласнот Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кандидати спроведен од страна на Иуте Сафе. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту пак, достапни на трети лица.

Испратете го вашето CV

"(задолжително)" indicates required fields

Прикачете CV (задолжително)
This field is for validation purposes and should be left unchanged.