Политика на приватност

ИутеКредит МакедонијаПолитика за приватностПрименлива од: 02.09.2021

Ние, Финансиско друштво Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје, со ЕМБС 7221290, со седиште на ул. 1732 бр.4/Ламела А – ДП 1, Скопје; e-mail:  (“Друштвото“ или “Контролорот“ или “ние“ или “нас“), прибира и обработува лични податоци на физички лица, наши клиенти, договорни страни или други страни на Македонскиот пазар (“Вие“ или “Вас“). Друштвото е небанкарска финансиска институција запишана во регистарот на трговски друштва во согласност со Законот за финансиски друштва, а кој го води Централниот регистар на Република Северна Македонија, и согласно Решение бр.13-4845/5 од 24.07.2017 година и бр.13-8425/3 од 18.09.2017 година на Министерството за финансии. Ние сме целосно запознаени со нашата обврска да обезбедиме заштита на Вашите лични податоци, со обврската да обезбедиме усогласеност со применливата законска регулатива во областа на заштита на личните податоци.

Со оваа Политика за приватност (“Политиката“ или “Политиката за приватност“) Ние го прикажуваме начинот на кој собираме и користиме Лични податоци. Политиката ги опишува методите кои се користат и за кои цели Друштвото и, соодветно, нашите даватели на услуги, ги обработува податоците прибрани од и за Вас во рамки на понудување на нашите услуги и склучување на договори, вклучувајќи ги договорите за кредит склучени во седиштето на Контролорот, склучени преку нашите кредитни посредници или кога Вие ја посетувате или ги користите нашите услуги преку веб страната https://iute.mk/  (“Веб страната“) или преку телефонскиот број 13333 (“Телефонска поддршка“) или преку апликацијата МојИуте (“MyIute“) или било кој друг канал кој би можел да биде достапен, вклучувајќи и услуги на Групата преку трети лица (во понатамошниот текст: “Достапни канали“). Исто така даваме објаснување за правата на субјектите и нашите обврски и одговорност

Важно!

Прочитајте ја оваа Политика внимателно. Содржани се битни информации за тоа како Ние обработуваме Лични податоци и ги објаснува Вашите законски права. Намената на оваа Политика не е да ги промени условите на било кој договор кој ќе го склучите со Нас, ниту на Вашите права согласно применливите закони за заштита на личните податоци.

Ние не обработуваме лични податоци за лица под 18 години.

Ве молиме да не ни ги давате Вашите лични податоци, ако сте под 18 години.

Ние бараме и Ваша поддршка за одржување на вашите лични податоци со тоа што не информирате за било која промена во Вашите Лични податоци.

Со давањето на Вашите Лични податоци или користењето на Достапните канали, Вие ни верувате и доброволно ги прифаќате условите од оваа Политика за приватност.

Доколку Вие давате податоци за друго лице во нивно име, Вие треба да се осигурате дека на тоа лице е доставена оваа Политика за приватност и дека се испочитувани законските барања пред да ги доставите податоците.

  1. КОНТРОЛОР

1.1 Заеднички контролори се Финансиско друштво ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и ИутеКредит Еуропе АС (IuteCredit Europe AS) (во понатамошниот текст заедно наеркувани: “Контролор”):

Финансиско друштво ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, ЕМБС 7221290

Седиште: Ул. 1732 бр.4 Ламела А/ДП 1, Скопје

Контакт лице (нашиот офицер за заштита на лични податоци) за било какви коментари, прашања или информации: Татјана Давчев e-mail: 

 

ИутеКредит Еуропе АС (IuteCredit Europe AS), регистарски број 11551447

Седиште: Маакри бр.19/1, Талин, 10145, Естонија

 

 

Контакт лице (нашиот офицер за заштита на лични податоци) за било какви коментари, прашања или информации: Сандер Зоова (Sander Zoova) e-mail: 

2.2 Контролорот е во целост одговорен за правилна и законска обработка на Личните податоци кои можеме законски да ги обезбедиме од Вас.

 

  1. ДЕФИНИЦИИ И ПОИМИ

Во Законот се предвидени бројни дефиниции и не е соодветно да се пренесат сите овде. Но, најзначајните дефиниции во однос на оваа Политика се:

Група” – IuteCredit Europe AS и подружниците.

Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на Вашите Лични податоци.

Личен податок“ е секоја информација која се однесува на Вас, вклучувајќи податоци обезбедени од јавни регистри и јавни бази и податоци законски обезбедени преку трети лица, преку кои Вие може да бидете директно или индиректно идентификувани, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, телефон или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за Вашиот идентитет;

Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои можат да бидат извршени врз Вашите лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;

Псевдонимизација на Лични податоци“ или “Анонимизирање на Лични податоци“ е алтернатива на бришење или уништување на Вашите Лични податоци. Со ова се отстрануваат сите елементи кои со кои директно или индиректно може да бидете идентификувани. Псевдонимираните или анонимизираните податоци, не претставуваат Лични податоци.

Закон” – Закон за заштита на личните податоци (Службен весник бр.42/20)

  1. НАЧЕЛА ПОВРЗАНИ СО ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

3.1 Ние ги Обработуваме Вашите Лични податоци во согласност со применливи закони, вклучувајќи ги Законот за заштита на личните податоци, Законот за Македонско кредитно биро, Законот за спречување перење пари и финансирање терориза, оваа Политика и условите од договорите кои ги склучуваме со Вас.

3.2 Ние ги Обработуваме Вашите Лични податоци на сигурен и доверлив начин. Ние го почитуваме правото на секое лице за заштита на нивните Лични податоци и ќе вложиме најголеми напори да осигураме дека Личните податоци прибрани од наша страна се соодветно заштитени. Ние редовно ги оценуваме ризиците поврзани со Обработката на Личните податоци и ќе имплементираме соодветни стратегии за нивно ублажување и отстранување на ризиците.

3.3 Заштитата на личните податоци е интегрален дел од нашите услуги и е надгледувана од нашиот офицер за заштита на личните податоци. Ние обезбедуваме дека нашите вработени знаат и се усогласени со барањата за заштита на лични податоци. Ние очекуваме, даваме инструкции и ги обучуваме нашите вработени да ги почитуваат нашите процедури за заштита на личните податоци.

3.4 Ние ги обработуваме Вашите Лични податоци согласно со закон и за легитимни цели. Ние поставуваме јасни цели за Обработката на личните податоци и ги обработуваме лични податоци единствено за тие цели. Ние не прибираме лични податоци кои не ни се потребни. Ние имаме право да ги избришеме/“замаглиме“ или на друг начин да ги направиме податоците/документите доставени до Нас нечитливи и кои не се потребни за обезбедување на нашите услуги.

3.5 Ние ги Обработуваме Вашите Лични податоци на транспарентен и правичен начин. Ние обезбедуваме соодветна заштита, правичен и законит начин на Обработка на Вашите Лични податоци со цел да неовластено обелоденување или употреба на Вашите Лични податоци.

3.6 Ние ги чуваме Вашите Лични податоци во рок кој е пропишан со закон или договор или е потребен за обезбедување на нашите услуги и/или заради нашите легитимни интереси. На крајот на рокот за чување, Ние трајно ќе ги избришеме Вашите Лични податоци или ќе ги анонимизираме.

3.7 Ние вложуваме најдобри напори да обезбедуме дека Вашите Лични податоци кои ги обработуваме се точни и и ограничени на она што е неопходно.

  1. КАКО НИЕ ГИ ПРИБИРАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние може да ги прибереме и обработиме Вашите Лични податоци во следните случаи:

  • Доколку Вие не контактирате преку било кој од Достапните канали да побарате информација за нашите производи и услуги;
  • Доколку Вие ни ги дадете Вашите или податоците за Вашето контакт лице или претставник кога поднесувате барање за кредит преку било кој од Достапните канали;
  • Доколку за одредени податоци со закон е предвидено давање на писмена согласност, таквата согласност Вие ќе ја дадете или во деловните простории на Контролорот или во просториите на нашите партнери или во случај на електронски канали со обележување на соодветно поле/полиња, во кој случај согласноста е изедначена со согласност дадена во писмена форма;
  • Преку проверки во бази на податоци, како на пример Македонско кредитно биро, регистарот на сметки при КИБС АД Скопје, Фондот за здравствено осигурување, Министерството за внатрешни работи итн.;
  • Доколку Вашите податоци се достапни за времетраење на договор за обезбедување на услугите на Контролорот;
  • Доколку Вие се согласите за директен маркетинг, на пример при пополнување на изјава или поднесување на податоци електронски;
  • Доколку други правни лица, вклучувајќи партнери направат дозволен пренос на Вашите Лични податоци до Нас.
  1. КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ

5.1 Ние Обработуваме Лични податоци поврзани со Вашиот идентитет и останати потребни податоци за целите на склучување и спроведување на договор за кредит или друг договор, заради спроведување на Ваши барања, апликации, поплаки, како и за целите на исполнување на наши законски обврски, кога обработката е задолжителна за исполнување на овие цели. Без овие податоци, Ние не би биле во можност да ги обезбедиме соодветните услуги. Доколку Вие не ни доставите податоци за идентификација, Ние нема да бидеме во можност да склучиме договор за кредит или било каков друг договор со Вас.

5.2 Ние исто така Обработуваме Лични податоци за целите на маркетинг, безбедност и/или аналичтички цели, со цел да обезбедиме првокласни производи и услуги за Вас, сега и во иднина.

5.3 Следните категории на лични податоци може да бидат собрани од Вас или вашиот застапник или контакт лице, зависно од тоа дали Вие сте потенцијален клиент, клиент или договорна страна и која наша услуги користите:

Лични информации

 

Вашето име и презиме, пол, ЕМБГ, број на банкарска сметка, датум на раѓање, деловна способност, државјанство, како и историски податоци кои се зачувани кај нас при претходни комуникации во рамки на предвидените периоди на чување; Името на Вашиот алтернативен контакт, кое ни го давате Вие, а кој не е гарант, вклучително и податоците добиени при нашите проверки, доколку се собрани такви податоци во нашата база на поврзани лица; Име и презиме, ЕМБГ, живеалиште или престојувалиште, телефонски број и други податоци за Вашиот застапник наведени во полномошно, во случаите кога сте овластиле трето лице да Ве застапува пред Друштвото.

 

Документ за идентификација

 

Видот на Вашиот документ за идентификација или на документот за идентификација на Вашиот застапник, земја во која е издаден, регистарски број, датум на важност, податоци запишани во баркодови на документот (во зависност од видот на документот) и безбедносни карактеристики

 

Податоци при препознавање на лице (Facial recognition)

 

Фотографии, видеа, тонски записи, фотографии направени од Вас или Вашиот застапник и Вашиот или на Вашиот застапник документ и видео и тонски запис во процесот на верификација

 

Податоци за конткат

 

Вашите или на Вашиот застапник адреса, емаил адреса, телефонски број

 

 

Технички податоци

 

Your or Your representatives device signature data, including but not limited to information about the date, time and Your or Your representatives´ activity on our Available Channels, Your or Your representatives´ IP address, cookies You or Your representative have accepted and domain name, Your or Your representatives´ software and hardware attributes as well as Your or Your representatives´ general geographic location (e.g. city, country)

 

Јавно достапни податоци

 

Пр. Податок за Вас или Вашиот застапник од бази на носители на јавни фунции и проверки наспроти санкциони листи

 

Кредитна и/или намирување на кредитни обврски

 

Работно место (пр. Период на вработување, работна позиција, професија, плата, податоци за работодавачот, вклучително ЕМБС, ЕДБ, седиште, телефон, сектор, индустрија, плата, друг приход, вкупен месечни приходи и расход, имотна состојба, платени придонеси, кредитна историја, вклучувајќи податоци од други договори за кредит од Македонско кредитно биро АД Скопје, податок од регистарот на сметки при КИБС АД Скопје за бројот на Вашата сметка, податок од Фондот за здравство за проверка и потврдување на вработувањето.

 

 

Економски податоци 

 

Вашиот единствен идентификационен број, генериран од Друштвото; број на договор(и) за кредит или на број на договор генериран по склучување на договорот за кредит или било кој друг договор, податоци собрани во процесот на постојно следење на деловниот однос, согласно законските барањеа за “Запознај го својот Клиент“ (отплати од трети лица или сомнителни транскации); податоци за одбраниот начин на користење на кредитот (пр. На сметка во банка, готовина итн.); направените отплати на кредитите, како и оние кои доспеваат во иднина согласно договорот за кредит; податоци за вашите кредитни и дебитни картички (во случај да е овозможена отплата со дебитна картичка); број на сметка во банка и податоци за плаќањето и трансакцијата направена во корист на Друштвото

 

Податоци за остварен сообраќај

 

Податоци во врска со Ваши посети на нашата Веб страна и комуникации преку било кој од нашите Достапни канали, визуелни или тонски записи собрани при посета на нашите експозитури во кои се даваат нашите услуги и кога комуницирате со нас по телефон, како и секој податок собран преку емаил, пораки, социјални медиуми или друг начин на комуникација

 

  1. ЗОШТО И ВРЗ КОЈ ОСНОВ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

6.1 Главната цел заради која Ние ги Обработуваме Вашите лични податоци или личните податоци на Вашиот застапник е воспоставување на деловен однос, склучување и раскинување на договори за кредит, спроведување на мерки на анализа согласно закон, обезбедување на подобра корисничка услуга за Вас, давање на понуди, анализирање на искористеноста на постоечките услуги и развој на нови услуги.

6.2 Ние ги Обработуваме Вашите Лични податоци за следните цели и врз следните основи:

Цел на обработка

Ние одлучуваме дали и под кои услови ќе воспоставиме деловен однос или ќе склучиме договор или под кои услови ги даваме нашите услуги.

Законски основ за обработка

Исполнување на договор или исполнување на законска обврска или заради имплементирање на преддоговорни мерки.
Член 10 ст. 1 алинеи 2, 3 и 6 од Законот

 

Цел на обработка

Ние ја оценуваме Вашата кредитна способност и доверба и спроведуваме анализа на ризик согласно нашите барања.Можеби ќе ни треба ваша согласност за проверка во еден или повеќе бази на податоци.

Законски основ за обработка

Исполнување на договор или заради имплементирање на преддоговорни мерки или заради исполнување на законска обврска или нашиот легитимен интерес во однос на управување со ризици.
Член 10 ст. 1 алинеи 1, 2 и 3 од Законот

 

Цел на обработка

Ние ќе ве идентификуваме Вас и/или Вашиот застапник при воспоставување на деловнито однос со цел исполнување на барањата од законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, вклучувајќи, но неограничувајќи се на идентитетот на Вашиот вистински сопственик(ци), дали Вие или Вашиот вистински сопственик(ци) се носители на јавни функции, дали Вие или Вашиот вистински сосптвеник(ци) се предмет на финансиски санкции.

Законски основ за обработка

Исполнување на договор или имплементирање на преддоговорни мерки или исполнување на законска обврска или нашиот легитимен интерес во однос на управување со ризици.
Член 10 ст.1 алинеи 2 и 3 од Законот

 

Цел на обработка

Ние спроведуваме договор склучен со Вас или гарантираме спроведување на таквиот договор и ги остваруваме, откажуваме и заштитуваме нашите права.

Законски основ за обработка

Исполнување на договор или имплементирање на преддоговорни мерки или исполнување на законска обврска или нашиот легитимен интерес за реализирање на нашите побарувања.
Член 10 ст. 1 алинеи 1, 2 и 3 од Законот

 

Цел на обработка

Спроведуваме мерки за спречување перење пари и финансирање на тероризам и извршуваме обврски кои произлегуваат од закон. Ова вклучува и мониторинг на Вашите трансакции со нас и вашиот перформанс.

 

Законски основ за обработка

Исполнување на законска обврска.
Член 10 ст. 1 алинеја 3 од Законот

 

Цел на обработка

Ние ги намалуваме или спречуваме ризиците кои би можеле да наштетат на Вас или Нас и ги штитиме Вашите и Нашите интереси и квалитетот на нашите услуги, како и собираме докази за деловните трансакции или останата деловна комуникација. Тоа може да вклучува видео надзор за цели различни од потврдување на Вашиот идентитет како и снимање на телефонските разговори, онлајн комуникација, разговорните сесии за цели различни од давање на нашите услуги.– Може да е потребна ваша согласност

Законски основ за обработка

Вашата согласност, исполнување на договорни обврски или имплементирање на преддоговорни мерки, исполнување на законски обврски или наши легитимни интереси за спречување, ограничување или испитување на злоупотреби или незаконско користење на нашите производи и услуги или прекини во услугите со цел гарантирање на квалитетот на услугите.
Член 10 ст. 1 алинеи 1 и 6 од Законот

 

Цел на обработка

Ние дозволуваме пристап до и користење на нашата Веб страна.

Законски основ за обработка

Исполнување на договорни обврски или имплементирање на преддоговорни мерки или Нашиот легитимен интерес да спречиме неовластен пристап до нашата Веб страна.
Член 10 ст. 1 алинеи 2 и 3 од Законот

 

Цел на обработка

Ние ги развиваме нашите системи.

Законски основ за обработка

Нашиот легитимен интерес за функционирање и подобрување на системите.
Член 10 ст. 1 алинеја 6 од Законот

 

Цел на обработка

Ние спроведуваме статистички истражувања и анализи на пазарот и учество во групи на клиенти, производи и услуги, известување и управување со ризици итн.

Законски основ за обработка

Нашиот легитимен интерес за подобрување на нашите услуги, подобрување на корисничкото искуство кое Ви го нудиме, развој на нови услуги, управување со ризици и исполнување на законски обврски.
Член 10 ст. 1 алинеи 3 и 6 од Законот

 

Цел на обработка

Ние ги развиваме нашите постечки услуги и нови услуги.

Законски основ за обработка

Нашиот легитимен интерес за усовршување на нашите услуги, подобрување на корисничкото искуство и развој на нови услуги.
Член 10 ст. 1 алинеја 6 од Законот

 

Цел на обработка

Ние ги проверуваме и доколку е потребно, ги ажурираме Вашите Лични податоци, управуваме односите со клиентите, чуваме ажурни податоци и ги ажурираме со проверки преку надворешни и внатришни извори, како и бараме ажурирање на податоците директно од Вас.

Законски основ за обработка

Исполнување на договорни обврски, имплементирање на преддоговорни мерки и исполнување на законски обврски.
Член 10 ст. 1 алинеи 2 и 3 од Законот

 

Цел на обработка

Ние ви испраќаме реклами и понуди, вклучувајќи персонализирани понуди од производите и услугите на нашите партнери.
– Може да е потребна ваша согласност.

Законски основ за обработка

Вашата согланост или нашиот легитимен интерес за давање дополнителни услуги.
Член 10 ст. 1 алинеи 1 и 6 од Законот

 

Цел на обработка

Ние организираме наградни игри и кампањи.
– Може да е потребна ваша согласност.

Законски основ за обработка

Вашата согласност или нашиот легитимен интерес за давање дополнителни услуги.
Член 10 ст. 1 алинеи 1 и 6 од Законот

 

Цел на обработка

Ние сакаме да ги разбереме подобро Вашите очекувања (пр. Анализи на посетите на Веб страната, анкети на клиенти итн.). За нашите деловни цели, како што се анализа на податоци, сертифицирање, развивање нови модели, идентификување на трендови според активностите на Веб страната или Мој Иуте, развој на прилагодена средина на Веб страната или Мој Иуте преку воведување на производи и услуги кои се прилагодени на Вашите лични потреби или мерење на ефикасноста на нашите промотивни кампањи.
– Може да е потребна ваша согласност

Законски основ за обработка

Ваша согласност или нашиот легитимен интерес за усовршување на нашите Услуги, подобрување на корисничкото искуство, развој на нови производи и услуги.
Член 10 ст. 1 алинеи 1 и 6 од Законот

 

  1. ПРОФИЛИРАЊЕ И АВТОМАТСКО ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ

7.1 Ние може исто така да ги Обработуваме Вашите Лични податоци заради автоматско донесување на поединечни одлуки, вклучително и профилирање, пришто се користат Вашите податоци од профилот (лични информации, информаци за кредитната способност и економски податоци). Обработката е фер и транспарентна и без дискриминација помеѓу Вас и други клиенти и заради склучување/исполнување на договор и нашиот легитимен интерес.

7.2 Ние ги користиме профилирањето и автоматското донесување на одлуки затоа што потенцијално обезбедуваат поголема конзистентност и фер однос во процесот на донесување на одлуки (пр. Намалување на можноста за човечка грешка, дискриминација или злоупотреба на должност), намалување на ризикот од неплаќање од страна на клиентите за производите и услугите (пр. Преку креирање на кредитен рејтинг) или овозможување за донесување на одлуки во краток период и со тоа подобрување на ефикасноста. Ние, исто така ги користиме профилирањето и автоматското донесување на одлуки со цел да Ви дадеме маркетинг материјал како и да вршиме мониторинг на трансакциите и спречување на измами.

7.3 Ги следиме  одредбите од Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на податоци, достапна на :  https://www.dzlp.mk/mk/domasni_propisi

  1. ПРЕД-ДЕФИНИРАНИ ПОЛИЊА

8.1 Ние може да користиме пред-дефинирани полиња за Вашите контакт податоци во нашите дигитални Достапни канали и други системи со цел да ги направиме нашите услуги попогодни. Полињата се пред-дефинирани доколку сте ги внеле Вашите Лични податоци во полињата во нашите дигитални канали и други системи и доколку сте наш клиент. Ние ќе ги пополниме пред-дефинираните полиња со Вашите податоци кои сте ни ги доставиле при склучување на последниот договор. Вие мора секогаш да проверите дали податоците во пред-дефинираните полиња се точни.

8.2 Доколку не сакате Вашите контакт детали да бидат пополнети во пред-дефинираните полиња во Нашите дигитално Достапни канали или други системи, имате право да се откажете од оваа опција. Контактирајте не за да го спроведеме ова.

  1. ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗАРАДИ МАРКЕТИНГ

9.1 Ние обработуваме Лични податоци за маркетинг цели. Доколку таквата обработка е врз основа на Ваша согласност, Вие имате право да ја повлечете таквата согласност во секое време. Доколку пак обработката не е врз основа на Ваша согласност, Вие може да одбиете да добивате такви известувања во секое време, исто така.  Со цел да ја повлечете Вашата согласност за добивање на маркетинг материјали, ве молиме да испратите порака на нашите контакти или управувајте со Вашите согласности преку нашите Достапни канали. Насоките за повлекување на согласноста се исто така вклучени во нашата маркетинг комуникација.

9.2 Општите информации за нашите услуги и воведните или помошните информации или известувања заради иземни во условите или тарифата или информации поврзани со исполнување на обврските од договор кој сме го склучиле со Вас (пр. Известувања за доцнење со уплати, долгови, раскинување на договор итн.) не се сметаат за маркетинг. Во овие случаи, Ви не можете да одбиете да добивате такви информации.

  1. ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ ДО ТРЕТИ СТРАНИ

10.1 Ние ќе ги обелодениме и/или пренесеме Вашите Лични податоци:

10.1.1 на друштво во рамки на Групата за да: (1) се усогласиме со барањата за управување со ризици и контролни механизми; (2) организираме стратешко истражување и анализа на пазарното учество на крупи на клиенти, производи и услуги и други финансиски индикатори; (3) се усогласиме со применливите прудентни норми, вклучувајќи ги капиталните и ликвидносни барања; (4) склучиме и спроведеме договори и да Ви дадеме информации за договорите кои сте ги склучиле со лица кои припаѓаат на иста Група со Нас; (5) се усогласиме со принципот на одговорно кредитирање; (6) развиеме и имплементираме информатички систем за целата Група; и (7) имплементираме мерки на анализа како што е наведено во законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам;

10.1.2. на лица и организации поврзани со давањето на нашите услуги и исполнувањето на договорите кои сме ги склучиле со Вас (пр. Гаранти, сопственици на предмет на залог, посредници при плаќања, кредитни институции, меѓународни картични организации, преведувачи, даватели на ИТ и поштенски услуги, даватели на контакт центар услуги);

10.1.3. во кредитниот регистар на Македонско кредитно биро или еднаков на него до кој испраќаме информации и од кој добиваме информации врз основа на закон или важечки договор со цел имплементирање на принципот на одговорно кредитирање, и исто да се овозможи трети лица да пристапат до податоци за вашата редовност во отплата и кредитна способност. Податоците за Вашето можно доцнење со плаќања се обелоденуваат во кредитниот регистар или еднаков на него и пренесените Лични податоци може да бидат обработени од секое лице кои се членови во таквиот регистар или кои можат да пристапат до таквиот регистер по друг основ;

10.1.4. во други регистри (пр. Регистар на население, комерцијални регистри, кредитни регистри итн.) до кои ние доставуваме и од кои ние бараме Ваши Лични податоци со цел проверка на точноста и интегритетот на Вашите Лични податоци или заради имплементирање на преддоговорни маерки или договор склучен со Вас;

10.1.5. на трети лица заради обезбедување на услуга побарана од Ваша страна;

10.1.6. на давателите на услуги на кои делумно или целосно сме го довериле извршувањето на активностите под услови предвидени со закон и под услов дека таквите лица ги исполнуваат барањата за технички и организациски мерки, физичка безбедност и информатички системи укажани од нас во однос на доверливоста и заштитата на Личните податоци;

10.1.7. на кредитни институции, кредитори, даватели на услуги за наплата на побарувања и други трети лица со кои би воделе преговори за пренос на договорот кој сме го склучиле со ВАс или откажување од побарувањата од таквиот договор;

10.1.8. на нов доверител по откажување од побарувањето;

10.1.9. на друго трето лице, во случај да не ги исполнувате обврските од договорот (пр. Даватели на услуги за наплата на побарувања, судови, извршители, нотари или ликвидатори и стечајни управители).

10.2 Во одредени случаи, можеби ќе бидеме обврзани да ги обелодениме и пренесеме Вашите Лични податоци заради исполнување на законски обврски – владини и други органи, институции, осигурителни компании, осигурителни брокери, банки и институции во рамки на нивните активности и во согласност со Законот, Закон за заштита на личните податоци и останати прописи во Македонското законодавство (пр. Пренос на податоци до извршители, нотари, ликвидатори, стечајни управници, даночни и царински управи, или Управата за финансиско разузнавање).

10.3 Можно е да користиме трети лица (пр. Посредници при плаќања) заради спроведување на договор склучен со Вас и да ги направиме достапни Вашите Лични податоци. Овие лица ги обработуваат Вашите Лични податоци согласно нивните прописи и на нивна одговорност. Исто така може да користиме трети лица надвор од Македонија заради спроведување на договор склучен со Вас и кои ги обработуваат Вашите Лични податоци во согласност со законите на нивната земја или локација.

  1. ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ ВО ТРЕТИ ЗЕМЈИ

11.1 Ние ги Обработуваме Вашите Лични податоци во Република Северна Македонија и Европскиот економски простор, но би можело да има случаи во кои би морале да ги пренесеме Вашите Лични податоци, и истите да бидат обработувани, во земји надвор од Европскиот економски простор.

  1. КАКО ГИ ШТИТИМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

12.1 Ние ги заштитуваме Личните податоци со стриктно почитување на важечката Македонска регулатива и принципите од Законот, како и рамката поставена со директивите на Европската унија за заштита на Личните податоци (вклучувајќи ја и Директивата (EU) 2016/679).

12.2 Вашите податоци се чуваат на наши безбедни сервери или на серверите на наши даватели на услуги или деловни партнери (или во одредени случаи податоците се исто така чувани во хартиена форма, исто предмет на соодветна заштита). Податоците се достапни и се користат во согласност со нашите безбедносни политики и стандарди (или оние на нашите даватели на услуги или деловни партнери), секогаш во согласност со применливите закони и потребните безбедносни мерки.

12.3 Иако не можеме да гарантираме дека преносот на податоци преку интернет, Веб страната или Мој Иуте е во целост заштитен од сајбер напади, ние и нашите деловни партнери вложуваме напори да одржуваме технички и организациски мерки за физичка и лична заштита и заштита на автоматизираните информациски системи во врска со Вашите податоци во согласност со применливите закони. На пример, ние ги применуваме следните мерки:

12.4 Стриктно лимитирање на пристап од нашите вработени и даватели на услуги до Вашите податоци, и тоа на основа “потребно да знае“ и за да ја постигнеме целта на обработката на основот “потребно да знае“;

12.5 Личните податоци се чуваат електронски во бази на податоци и заеднички фолдери заштитени со лозинка или друг вид на авторизација; се спроведува надзор и заштита од вируси; се создаваат копии и “backups“ заради континуитет; системите исто така чуваат историја на логови за активностите со документите;

12.6 Во просториите на Контролорот, во кои се обработуваат Лични податоци, имплементирани се тхнички и безбедносни мерки (аларм и безбедносна опрема и видео надзор), заштита од пожар, имплементирани се процедури за контрола на пристап;

12.7 Вработените кај Контролорот кои обработуваат Лични податоци се запознаени со законската регулатива, политиките на Контролорот и идентификуваните ризици и сценаријата за нивно настанување;

12.8 Системите за обработка на податоци, вклучително и лични, се предмет на редовни контроли. За целите на целосно следење и навремен одговор, записите со информација за секој пристап и активност преземен во врска со Личните податоци се чуваат од Контролорот. Полнењето на записите е целосно автоматизиран и интегрален дел од Обработката на податоците. Контролорот, преку јасните внатрешни правила, има имплементирано технички и организациски мерки за условите и процедурите за собирање, обработка и чување во оригинал на Личните податоци од клиентите, како и стриктни правила за надзор над усогласеноста; таквиот надзор обезбедува сеопфатна заштита од недозволен пристап;

12.9 Договорни одредби за заштита се предвидени во договорите со третите лица кои делуваат во име на Контролорот;

12.10 12.10 Кога ние Ви доставуваме (или одбираме да Ви доставиме) лозинка со која Вие добивате пристап до одредена локација на Веб страната или друг портал или услуга која ние ја обезбедуваме, Вие сте одговорни за доверливоста на лозинката и за усогласеност со било која друга безбедноста процедура за која ќе Ве известиме. Ве молиме, не ја споделувајте лозинката со друг.

  1. КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

13.1 Ние ги обработуваме Вашите Лични податоци онолку колку што е потребно за исполнување на целта на Обработката или исполнување на законска обврска. Периодот на чување на Личните податоци е врз основа на договор склучен со Вас, наш легитимен интерес и/или закон. Доколку Вашите податоци се обработувани за повеќе од една цел, Ние ќе ги чуваме за најдолгиот предвиден период; но нема да ги обработуваме за целите со пократок период на чување, по истек на тој рок.

13.2 Ние го ограничуваме пристапот до Вашите податоци до оние лица кои мораат да ги обработуваат за соодветна цел.

13.3 Во одредени случаи, Ние би морале да ги чуваме Вашите Лични податоци за подолг период со цел да имаме точни податоци за Вашиот деловен однос со Нас и во случај на поплаки или спорови или доколку сме разумно убедени дека постои можност за судска постапка во која Вашите Лични податоци би биле потребни.

13.4 Времето на чување е во согласност со нашите деловни потреби и во согласност со применливите закони. Личните податоци кои не се потребни ќе бидат Псевдонимизирани или Анонимизирани или избришани/уништени.

  1. КОЛАЧИЊА

14.1 Обработка на колачиња:

Колаче е мала текстуална датотека што веб страната ја зачувува на Вашиот компјутер или мобилен уред кога ја посетувате страницата. Тоа и овозможува на веб-страницата да ги запамети Вашите активности и параметри (како што се најава, јазик, големина на фонт и други прилагодувања на екранот), па затоа не мора повторно да ги внесувате кога ќе се вратите на страницата или пребарувате од една страница до друга.

Колачиња на Интернет пребарувачот

Нашата страница може да користи колачиња за да го подобри корисничкото искуство. Вашиот Интернет пребарувач зачувува колачиња на Вашиот компјутер за да ги чува посетите на страната. Може да изберете да ги одбиете колачињата или да добиете предупредување секогаш кога се испраќаат колачиња. Доколку сте ја одбрале оваа опција, одредени делови од страницата може да не функционираат како што треба.

Google, Facebook and AdForm колачиња

Ние користиме колачиња за онлајн рекламирање na платформата за онлајн маркетинг Google AdWords. Ова вклучува употреба на трети лица, вклучувајќи го и Google, за да Ви покаже реклами по посетата на нашиот сајт. Ова може да биде во форма на реклама на страната за пребарување на Google или на Google Display Network. Ние и продавачите на трети лица, вклучувајќи го и Google, заеднички користиме колачиња (како што е Google Analytics) за да анализираме како нашите рекламните услуги се поврзани со посети на нашата веб-страница. Можете да одредите како Google прикажува реклами според Вашите рекламни прилагодувања.

Ние користиме колачиња за онлајн рекламирање на платформата AdForm Remarketing. Ова вклучува употреба на трети лица, за да Ви покаже реклами по посетата на нашиот сајт. Ова може да биде во форма на реклама на AdForm Display Network. Ние и продавачите на третите лица, заеднички користиме колачиња за да анализираме како нашите рекламните услуги се поврзани со посети на нашата веб-страница. Можете да одредите како Google прикажува реклами според Вашите рекламни прилагодувања. Можете да одредите како AdForm прикажува реклами во Вашите рекламни прилагодувања.

Ние ја користиме платформата за маркетинг и ремаркетинг на Фејсбук, која вклучува употреба на податоци од нас и трети лица, вклучувајќи го и Фејсбук, за да Ви покажеме реклами по посетата или интеракцијата со нашиот сајт. Ова може да биде во форма на рекламирање на платформата на Facebook. Ние и продавачите на трети лица, вклучувајќи го и Facebook, заеднички користиме колачиња за да објасниме како нашите рекламните услуги се поврзани со посети на нашата веб-страница.

ИутеКредит користи колачиња со платформата Google Analytics за да собира статистички податоци за демографски и сопствени интереси, при што извештаите за овие податоци се агрегатни и не го идентификуваат поединечниот корисник. Овие статистики се користат за оптимизирање и насочување на нашите маркетинг услуги кон одредени групи и оптимизирање на содржината на нашата веб-страница. Посетителите можат да се откажат од Google Analytics за прикажување на реклами и да се прилагодат на рекламите во Google Display Network.

Колачињата на Google Analytics ни овозможуваат да собираме информации за однесувањето на анонимни корисници на нашата страница. Информациите се анонимни и не содржат никакви лични податоци. Информациите собрани од колачињата на Google Analytics на нашата веб-страница се пренесуваат и складираат на серверите на Google во согласност со Политиката за приватност на Google.

Ние користиме алатки за следење на резултатите од Google AdWords и Facebook и ги оптимизира рекламните алатки. Нивната употреба ни овозможува да ги земеме предвид интеракциите помеѓу рекламите и сродните конверзии со нашиот сајт.

Може да се откажете од ремаркетинг со посета на линковите подолу:

За Google: https://support.google.com/google-ads/answer/2375362?co=ADWORDS.IsAWNCustomer%3Dfalse&hl=en

За Facebook: https://www.facebook.com/ads/website_custom_audiences/

За AdForm: https://site.adform.com/privacy-center/platform-privacy/opt-out/

14.2 Управување и бришење на колачиња:

Вие можете да прифатите или одбиете колачиња со промена на поставките на Вашиот пребарувач. Доколку колачињата се оневозможени, Вие може нема да бидете во можност да ги користите сите интерактивни содржини на Нашата Веб страна.

Најновите пребарувачи Ви озможуваат контрола на колачињата преку зачуваните поставки на пребарувачот.

14.3 Колачињата ни овозможуваат:

14.3.1 Да овозможиме Нашата Веб страна да работи согласно Вашите очекувања;

14.3.2 Да се запаметат Вашите поставки за време на посетата;

14.3.3 Постојано да ја подобруваме Веб страната за Вас;

14.3.4 Да ја подобриме нашата ефикасност во рекламирањето.

14.4 Ние не ги употребуваме колачињата за:

14.4.1 Собирање на Лични податоци за идентификација – ние секогаш бараме Ваша изрична дозвола кога и да собираме такви податоци;

14.4.2 Собирање на посебни категории на Лични податоци без ваша изрична согласност.

14.5 Употребата на колачиња спаѓа во повеќе категории:

14.5.1 Колачиња за функционалности на веб страна:

Ние користиме колачиња за да ја направиме нашата Веб страна подобра. На пример, ние чуваме податоци кога Вие ќе се логирате на Веб страната за да не мора да се логирате секојпат кога ќе посетите различна страна/мени за време на сесијата.

14.5.2 Откако ќе се одлогирате од пребарувачот, сесијата на колачиња ќе биде избришана.

Аналитички колачиња:

Аналитичките програми употребуваат колачиња за прибирање статистички податоци кои ни овозможуваат да ја подобриме нашата Веб страна. Освен во случаите кога Вие изрично ќе не известите со пополнување на форма или ќе не повикате, сите податоци собрани со аналитички програми се чуваат анонимно и ние гледаме единствено општи, а не и специфични индивидуални податоци.

Примери:

  • Како сте дошле до нашата Веб страна (пр. Од пребарувач, реклама итн.);
  • Активностите кои Вие ги преземате на Веб страната, како на пример бројот на прегледани страни, времето потрошено на страната, на која страна посетителот ја напуштил Веб страната;
  • Колку често се навраќате на нашата Веб страна;
  • Употребената технологија од посетителите (пр. Пребарувач, оперативен систем, уред итн.).

14.6 За да дознаете повеќе за колачињата општо и како да ги управувате, ве молам посетете ја страната www.aboutcookies.org.

  1. ВАШИТЕ ПРАВА ВО ВРСКА СО ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

15.1 Вие имате права во врска со Вашите Лични податоци, како правото да:

(a) Побарате од нас дополнителни информации за тоа како се користат Вашите податоци;

(b) Побарате од нас да Ви дозволиме пристап до Вашите Лични податоци и да Ви доставиме копија од истите;

(c) Ги добиете Вашите Лични податоци и кои Вие сте ни ги доставиле на структуриран, широко распространет и машински читлив формат и, кога е технички возможно, да се пренесат податоците до друг контролор без пречки но само кога обработката на таа информација е заснована на Вашата согласност или договор и се спроведува автоматизирано;

(d) Побарате од нас ажурирање на било кој неточен податок кој го чуваме и да го корегираме / ажурираме;

(e) Побарате да ги избришеме или анонимизираме сите Ваши лични податоци за кои немаме повеќе законска обврска за обработка и/или чување;

(f)Ја повлечете во секое време Вашата согласност за обработка на лични податоци кога обработката е заснована на Ваша согласност и во врска со директен маркетинг со цел да престанеме да ги обработуваме за таа цел од тогаш натаму;

(g) Вложите приговор на обработката за целите на автоматско донесување на поединечни одлуки, вклучително и профилирање, кога тоа значајно Ве засега, и имате можност да го остварите правото на обезбедување на човечка интервенција од страна на контролорот, право на изразување на личен став и право на оспорување на таквата одлука;

(h) Побарате од нас ограничување на обработката на Вашите податоци, на пример за време на испитување на поплака.

15.2 Постапка за остварување на правата:

15.2.1 Можете да доставите барање за остварување на Вашите права до Контак Лицата на еден од следните начини: на лице место, по пошта (вклучително и емаил), телефон или факс, како што е наведено во точка 1 погоре.

15.2.2 Секоја Ваша апликација или барање има приемен број, се разгледува, ние го потврдуваме Вашиот идентитет и правото кое што сакате да го остварите и одговараме во рок од еден месец од прием на барањето. Во случај на комплексен случај или за време на прием на бројни барања, периодот за одговор може да се продолжи за дополнителни два месеци за што ќе бидете известени. Во случај на одбивање на барањето, ние ќе ги наведеме причините за одбивање, писмено.

15.2.3 Остварувањето на овие права е предмет на одредени исклучоци, на пример во случај на заштита на јавниот интерес (пр. Спречување на кривични дела) или нашите интереси или правата и слободите на трети лица.

Доколку имате било какви други прашања во врска со Вашите податоци, Ве молиме контактирајте не согласно наведеното во точка 1 погоре (Понеделник до Петок од 08:00 до 16:00 часот).

Во случај да не сте задоволни со начинот на обработка на Вашите податоци или нашиот одговор при остварување на овие права, имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци на: бул. Гоце Делчев бр.18, Скопје, веб страна: https://dzlp.mk/prizlnlp . Ве молиме обидете се да го решите прашањето претходно со нас, иако имате право во секое време да контактираме со Агенцијата за заштита на личните податоци.

  1. ПРОМЕНИ ВО ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ПРЕКИН НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

16.1 Информирајте не веднаш во случај на промени во или неточност на Вашите Лични податоци доставени до Нас. На наше барање, доставете документ кој ќе ги докаже направените промени (пр. Нов документ за идентификација).

16.2 Се трудиме и вложуваме напор да вршиме редовни проверки на целосноста и точноста на Вашите Лични податоци.

  1. АЖУРИРАЊЕ НА ОВАА ПОЛИТИКА

Од време на време, може да направиме измени на оваа Политика. Сите промени ќе се применуваат од кога ревидираната Политика ќе биде објавена на Веб страната, а ќе биде објавено и известување на Веб страната.

Финансиско друштво ИутеКредит Македонија ДООЕЛ Скопјe