Осигурување на живот на кредитокорисник – РИЗИКО Плус

осигурување за заштита на кредит
Финансиска заштита
За сите твои активни кредити во iute

Што е Ризико Плус – Осигурување на живот на кредитокорисник?

РИЗИКО Плус е доброволно осигурување кое им се нуди на лицата кои земаат кредити и ги штити од ризикот да не бидат во можност да го вратат кредитот поради непредвидени настани, како што се губење на живот или неспособни за работа  како последица од несреќа и болести. На овој начин, преостанатиот износ на кредит не го наследуваат членовите на семејството, туку го отплаќа осигурувачот. Во случај на еден од настаните наведени во делот за покритие, осигурителната компанија го плаќа преостанатиот дел од обврската за кредит, согласно општите услови на договорот за осигурување. Дополнително, Второ медицинско мислење претставува писмено стручно мислење изготвено од лекар кој практикува во светски призната медицинска установа, кое се однесува на конкретната болест, повреда или медицинска состојба со која е дијагностициран осигуреникот, како и на предложениот начин и тек на лекување. Овој производ не претставува обврска за добивање на кредит, туку е по избор на кредитокорисникот.

Информативен документ за производот за осигурување

Види тука ✓

Покриени ризици

Покритие
Загуба на живот (смрт) како последица од болест
Загуба на живот (смрт) како последица од незгода
Траен целосен инвалидитет како последица од незгода
Привремена спреченост за работа како последица од болест или незгода
Хоспитализација како последица од болест или незгода
Услуга ‘Второ медицинско мислење’ од специјализирани медицински центри ширум светот

Дознајте повеќе за условите за доброволно осигурување

Општите услови за доброволно осигурување

Често поставувани прашања

Како можам да поднесам барање за надомест во случај на штета преку iute Affinity Portal?

Со пополнување на формуларот на овој линк, пријавете го барањето за штета брзо и лесно, без губење време.

Инфо видео водич за полесно поднесување на барањето за штета на следниов линк

 

Што претставува услугата Второ медицинско мислење (SMO)?

Услугата ‘Второ медицинско мислење’ (SMO) ви овозможува да се консултирате со најреномираните медицински експерти ширум светот, со цел да проверите дали дијагнозата и препорачаниот третман се најдобриот и најсоодветниот избор за вас. Дознајте повеќе тука

Каде сум покриен со осигурување?

Територијалниот опфат на осигурително покритие вклучува осигурителни настани низ целиот свет.

Во случај на настанување на штета, за да можете да ја користите услугата ‘Второ медицинско мислење’ од специјализирани медицински центри ширум светот, ве молиме пријавете го настанот во рок од 3 дена тука.
Кои се моите обврски?

Внимателно да ги прочитате информациите пред да дадете согласност за склучување на договорот за осигурување, само откако ќе се уверите дека ова осигурување е соодветно за вас, но во секој случај пред уплата на премијата за осигурување; Да не известите за промени што ве прават неподобни за добивање на ова осигурување.

Кога започнува и кога завршува покритието?

Покритието започнува на денот по уплатена премијата за осигурување.

Покритието завршува кога:

  • Го откажувате осигурувањето во период од 14 дена
  • При целосна исплата на кредит
  • Во случај на настанување на осигурен случај или исплата на максималниот износ на бенефит.
  • Кога не живеете/работите во Република Северна Македонија