Назад кон новости

3 години Myiute

Новости

Мобилната апликација на Иуте одбележува 3 години од нејзината имплементација на пазарот

Преку иновативно решение, до полесно управување со финансиите и заштита на околината

Како финтек компанија и лидер на пазарот, мисијата на Иуте отсекогаш била креирање на исклучително и поразлично корисничко искуство преку надминување на очекувањата на нашите корисници, но на патот кон таа мисија, одржливоста и етичкиот бизнис пристап кон заштита на околината во голема мера влијае на креирање на идните планови.

Одржливоста денес во светот е основна парадигма на работењето на компаниите. Како компанија во чијашто определба цврсто стои дигитализацијата, пионерство во иновации и зголемување на користењето на дигиталните алатки, Иуте Македонија пред точно 3 години ја воведе на пазарот првата и засега единствена мобилна апликација, преку која клиентите можат да го завршат целиот процес комплетно без харија, од аплицирање до одобрување на заем и потпишување,

Приказната на Myiute има навистина многу што да раскаже во изминативе 3 години.

Од нејзината имплементација на групациско ниво во 2020та се до денес, со повеќе од пола милион корисници и 88% од потпишанитe договори за кредит дигитално преку Myite, беа заштедени 2.6 милиони листови А4 хартија, односно 13 тони хартија и 12 тони неемитуван CO2.

Со оглед на тоа што самиот процес не бара физичко присуство на клиентот во филијала, за транспорт, на ниво на групаcија се заштедени дополнителни 2 тона CO2.  Апроксимативно неизодени 1.4 милиони километри, кои не само што придонеле кон почиста околина, туку и кон поефикасно користење на времето.

Воедно групациската АТМ мрежа не работи на стандарден пристап со пластични картички, туку со кодови, со што се намалува непотребното продуцирање на пластика.

Myiute во Македонија полека се ближи до бројката од 150.000 симнувања, а како апликација која е врвна од технолошки аспект, придонесува кон заштита на околината, но и овозможува полесно управување со финансиите, на едноставен, безбеден и комфорен начин.

Што сé можете да направите преку Myiyte?

-Можност да го дознаете и располагате со вашиот паричен лимит, во секое време и било каде

-Пристап до вашите средства 24/7

-Купување на рати по моделот “Buy now, pay later” и пристап до нашата мрежа од повеќе од 650 партнери низ Македонија

-Брзи плаќања преку паметен телефон со скенирање на QR кодот

Иуте силно го продолжува ESG концептот, со јасно дефинирани приоритети и мерливи цели. Продолжуваме да инвестираме во финансиска едукација на граѓаните, академската заедница, спортот и почиста животна средина, секаде каде што можеме да креираме импакт.

Последни вести Сите новости

Iute Pay доби лиценца за издавање електронски пари и вршење платежни услуги

Iute Pay Македонија, дел од естонската групација Иуте, официјално доби лиценца од Народната Банка на Република Северна Македонија за издавање електронски пари и давање платежни услуги. Со оваа лиценца Иуте Македонија го заокружува еко-системот на услуги, откако по кредитирањето како примарна дејност, неодамна влезе и во осигурително-брокерскиот пазар, со започнување на работата на Iute Safe.прочитај повеќе
Новости
Iute Pay

Дигитална револуција во осигурувањето – Иуте во партнерство со УНИКА Лајф, Allianz Partners и GrECo, ја менува играта на осигурително-брокерскиот пазар во земјава.

  Иуте Македонија – дел од естонската групација Иуте, ја лансираше првата целосно дигитална услуга за осигурително брокерство во соработка со УНИКА Лајф, Allianz Partners и GrECo Македонија, како единствена од ваков вид на пазарот. На овој начин Иуте Македонија преку Iute Safe преминува на едно сосема поинакво ниво на работење и опслужување на корисниците,прочитај повеќе
Новости
Iute Safe AD Skopje

Ананас и Иуте, ново партнерство и поглавје во развој на онлајн трговијата

Од денес Иуте му посакува официјално добредојде на Ананас – најново интегрираниот партнер и најголемата е-продавница во државата. Ананас и Иуте заеднички ќе работат кон ширење на хоризонтите на македонската дигитална економија и креирање нови можности, како за бизнисите, така и за купувачите, во насока на едно сосема ново и унапредено онлајн корисничко искуство. Соработкатапрочитај повеќе
Новости
Ananas