Често поставувани прашања
Може да аплицираат сите државјани на Македонија со возраст од 18-75 години, со валидна лична карта или пасош и трансакциска сметка.
Кредитите се одобруваат на лица кои се вработени, пензионери или се невработени лица кои имаат редовен месечен прилив на средства за што треба да приложат извод од банка за последните 3 месеци.
Додаток за трето дете или постојана парична помош од државата не се смета како важечки прилив или како дополнителен месечен прилив.
За разгледување на барањето за кредит треба да доставите само валидна лична карта или пасош. Пожелно е да го знаете и бројот на вашата здравствена картичка, кој е наведен и во вашата здравствена легитимација.
Имаме кеш кредити и наменски кредити за лица од 18 до 75 години.
Кеш кредити – ги исплаќаме на трансакциска сметка или можете да си подигнете парични средства на банкоматите на Иуте:
- Износ од 3.000 до 600.000 денари
- Рок на отплата од 3 до 60 рати
Наменски кредити – кај нашите партнери купувате конкретен производ (мобилен, велосипед, апарати за домаќинство, стоматолошки услуги, итн.), кај нас плаќате рати:
- Износ од 3.000 до 200.000 денари
- Рок на отплата до 48 рати
Можете да аплицирате:
- преку нашата мобилна апликација Myiute
- на калкулаторот на нашата веб страница
- во нашите експозитури на следните локации
- кај нашите трговски партнери со кои имаме склучено договор за соработка
Договорот за кредит може да се потпише:
- електронски, со најава на мобилната апликација Myiute
преку смс код кој корисникот го добива при најавата, при што потврдува електронско потпишување на договорот кој му е на увид преку самата апликација
- во нашите експозитури на следните локации:
- за наменски кредит кај нашите трговски партнери со кои имаме склучено договор за соработка.
Парите од одобрениот кредит може да ги подигнете и од Вашата банкарска сметка, во рок не подоцна од 3 дена, зависно од банката во која е вашата сметка и времето во кое сте аплицирале за кредит.
Датумот кога треба да платите, вашиот клиентски број и сметките се наведени:
- на картончето кое ви го даваме при потпишување на договор во експозитура или кај трговски партнер,
- во смс пораката со која ве известуваме дека кредитот е одобрен
На уплатницата задолжитено во цел на дознака наведете го вашиот клиентски број и ЕМБГ на корисникот на кредит.
На следниве банкарски сметки може да ги платите вашите доспеани обврски:
- Комерцијална Банка 300000004121566
- Стопанска Банка АД Скопје 200003209385836
- Пошта на сметка на Халк Банка 270072212900120
- Халк Банка – 270072212900120
- Уни Банка 240010110632845
- НЛБ Банка 210072212900307
Пример уплатница
Клиентскиот број е содржан во:
– насловот од рамковниот договорот за кредит кој сте го потпишале во експозитура, кај партнерите или во вашата Myiute апликација.
– секоја СМС порака со која ве известуваме дека:
o кредитот ви е одобрен или
o ви доспева рата за плаќање
Да, може да го вратите кредитот и предвремено во било кој момент.
За да ви ги појасниме деталите за предвремената отплата контактирајте нѐ:
– Телефонски на 13 333
– Преку е-маил на:
– Во некоја од нашите експoзитури во:
- Скопје – бул. Партизански Одреди бр.14А-4
- Скопје – ул. 1732 бр.4, Комплекс Парк Резиденс
- Скопје – бул. Јане Сандански бр.79А
- Тетово – ул. Маршал Тито бр.58
- Куманово – ул. Маршал Тито бр.1
- Битола – ул. Никола Тесла бр.51
- Струмица – ул. Благој Мучето бр.1
- Штип – ул. Ванчо Прке бр.1, локал 11
- Кавадарци – ул. Илинденска бр. 53 Кавадарци
Може да го одложите плаќањето на рата за дополнителни 17 дена, со еднoкратен надомест од 300 денари.
Овој износ од 300 денари станува дел од рата и мора да се плати со ратата која се одложува.
За да направите одложување контактирајте нѐ:
– Телефонски на 13 333
– Преку е-маил на:
– Во некоја од нашите експoзитури
Во секое време може да имате увид во износот на ратата, датумот кога треба да платите и состојбата на секој ваш кредит со најава на мобилната Myiute апликација.
Кликнете на Myiute и внесете го датумот на раѓање и смс кодот за пристап кон податоците.
Во секое време може да проверите дали вашиот кредит е затворен со Myiute
Кликнете на Myiute и внесете го датумот на раѓање и бројот на вашиот кредит за пристап кон податоците. Доколку кредитот е затворен во сите полиња стои 0 (нула).
Датумот на плаќање не може да се смени. Секогаш е на истиот датум секој месец, за да можете да го испланирате месечниот буџет.
Во случај да имате активен кредит за кој доцните со плаќање, може да побарате нов договор за реструктуирање на тој кредит во нашите експозитури или на телефон 13 333.
Ако вашиот договор е раскинат и не можете да ги платите ратите и пеналите за кредитот, нашиот тим е на располагање да ви понуди нов реструктуриран кредит под посебни услови и за овој кредит може да закажете консултација на 02 3149 993.
Во ваш најдобар интерес е да не го одложувате плаќањето на ратите и да не доцните, бидејќи се изложувате на дополнителни трошоци.
Доколку доцните со плаќање на ратите, како што е наведено во член 5 во вашиот договор, во зависност од деновите на задоцнување ќе ви бидат пресметани: камата за доцнење, СМС-и за известување за доцнења (300 ден.), писмени опомени кои ќе пристигнат на вашата домашна адреса (износи од 900, 1200, 1500 или 4800 ден.).