Назад кон новости

Лојалноста во Иуте испишува нови страници

Интервју
иуте-лојалност-вработени

Ви претставуваме дел од тимот кој повеќе од 5 години учествува во креирање на успешната Иуте приказна

Нема поголема гордост и потврда за успех за една компанија, кога гледате дека вработените растат во иста линија со растот на компанијата, а за стабилен прогрес потребен е тим на долги патеки кој заеднички и сплотено ќе ги изоди сите предизвици. Иуте Македонија постои веќе осма година и за нас претставува огромно задоволство што гледаме се повеќе колеги кои се тука 5 години и повеќе.

Борјан Колемишевски е дел од тимот на Иуте веќе 6 години на позицијата Заменик комерцијален директор.

Борјан вели дека нема поголемо задоволство после толку години од тоа да ја гледаш компанијата како секојдневно расте и се трансформира, како малите промени кои се прават денес придонесуваат за подобро утре – за клиентите, за вработените, за целиот тим.

Иуте е дел од естонска групација со седиште во Талин, а Борјан вели дека токму естонската култура е она што особено го мотивира, односно северно-европската прецизност, почит за времето и просторот на другиот.

“Кај нас не почнува денот класично со кафе, туку со муабетот како поминавме вчера, исплата, број на апликации, нови клиенти, полиси, партнери итн”, вели Борјан.

“Неодамна во Талин осамна ѕидот 5 и лојалниот круг на вработени, овојпат осамнува и во Иуте Македонија. Навистина за почит се вакви иницијативи, затоа што говорат многу за компаниската култура и ориентираност кон вработените, како и за капацитетот на компанијата да се грижи подеднакво за 100 вработени и над 100.000 клиенти”, вели Борјан.

Кога станува збор за лик од историјата што го инспирира, тој вели дека не постои таков,  го мотивират вредни и трудољубиви луѓе од секојдневието и нивните вредности.

Борјан наскоро од оваа позиција ќе го превземе и делот со осигурувањето- Iute Safe, како дел од заокружување на еко-системот на Иуте, кој воедно предвидува и воведување на платежни операции.

Вера Ефтовска е дел од тимот на Иуте веќе 5 години, на позицијата Советник за клиенти во контакт центарот. За својата работа таа вели дека главна мотивација и инспирација се задоволните клиенти, благодарение на беспрекорната услуга и трудот што го вложува таа и целиот тим на дневна основа.  Секојдневие опишано низ 3 збора – динамично, иновативно и стабилно.

“Ми се допаѓа начинот на кој оваа компанија се грижи и инвестира во своите вработени со континуирани обуки, тренинзи, курсеви, како и тим билдинзи за зајакнување на тимскиот дух”, вели таа, додавајќи дека е задоволство да се доаѓа секој ден на работа каде што работата е и уживање, не само од аспект на работните обврски, туку и споделувањето со колегите, пиењето кафе и сите останати ритуали.

Вера вели дека нејзина цел во иднина е да се доусврши на ова поле, со цел да може со надградено знаење да придонесе кон остварување на идните цели на компанијата.

Марина Андоновска е дел од тимот на Иуте повеќе од 5 години, како Асистент за човечки ресурси.

Таа вели дека за неа нема поголемо задоволство од директното сведочење и учеството во остварување на целите на вработените, професионалниот развој и напредок. За да се работи оваа професија, навистина е потребна голема љубов и детерминираност, затоа што секоја приказна на секој вработен е индивидуална и различна.

Марина исто така вели дека ја радува фактот што сите вработени се мотивирани, расположени, проактивни и агилни, и токму затоа и компанијата е на тоа лидерско иновативно ниво.

“Компаниската култура и вредности во Иуте ги поставуваме на начин што се трудиме на вработените да им обезбедиме пред се квалитетна професионална средина, базирана на раст, прогрес и признание за работата и добрите резултати, моментот на чувство на припадност што го носат во себе вработените. Токму затоа сум особено горда и среќна што бројот на вработени во клубот 5+ е се пoголем”, вели таа.

Навистина се радуваме на секоја успешна приказна на вработените и ќе продолжиме со ист ентузијазам да вложуваме во нив, повеќе од сигурни дека овој клуб наскоро ќе добие нови имиња и нови испишани успешни приказни.

Последни вести Сите новости

Групацијата Иуте на листата на Фајненшал Тајмс за најстабилно-растечки компании во Европа во изминатaва декада

Естонската финтек групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, се најде на листата на елитни европски компании кои според истражувањето на Фајненшал Тајмс (Financial Times) и Статиста (Statista) покажале контунуиран, стабилен и одржлив раст на приходите во изминатава декада. Листата на “шампиони” во долгорочен стабилен раст се состои од 300 компании кои покажале континуиранпрочитај повеќе
Новости

Преку едукација и информираност до заштита на личните податоци и спречување на интернет злоупотреби

Изминатиов период од страна на Министерството за внатрешни работи беше забележана зголемена активност на измамнички активности од лица кои претставувајќи се како финансиски советници најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Како што се вели во официјалното соопштение од МВР, најчесто измамниците пристапуваат преку лажни профили на социјалните мрежи ветувајќи брза заработка, убедувајќи ги жртвитепрочитај повеќе
Новости
интернет злоупотреби

Иуте Македонија станува првото финансиско друштво со интегрирана регистрирана шема за електронска идентификација во партнерство со Evrotrust

  Иуте Македонија официјално се приклучува на „Евротруст“ (Evrotrust), заедницата со повеќе од 1,3 милиони корисници, повеќе од 150 глобални клиенти и присуство во 58 различни земји, како прво финансиско друштво што ги спроведе законските регулативи за поседување верификувана регистрирана шема. Evrotrust е еден од водечките даватели на решенија за дигитален идентитет во Европа сопрочитај повеќе
Новости
evrotrust