Назад кон новости

Спортското игралиште во Инџиково отсега уште позелено Иуте заедно со пријателите засадија 150 садници

Настани

На официјалниот настан кој се одржа викендов под мотото Растеме заедно, на спортското игралиште Инџиково во Општина Гази Баба беа засадени 150 дрва, преку директна донација и поддршка од Иуте Македонија.

Донацијата е резултат на меморандумот за соработка помеѓу Иуте и Општина Гази Баба, со којшто не само што се обезбедуваат насади за пошумување, туку и нивна одржливост низ годините.

За време на настанот присуствуваа и дечињата од СОС детско село кои заедно со тимот на Иуте, дечињата од Гази Баба и фудбалскиот клуб, добија дрво со свое име и иницијали, кое ќе биде засадено и ќе се одржува низ годините како симбол на растење и придонес кон позелена околина.

“Навистина сме горди на овој проект и особено на партнерството со нашите пријатели од Man and Mountain, на тој начин приклучувајќи се кон најголемите еко иницијативи во нашава земја, на кои ќе се посветиме со ист интензитет и ентузијазам како и денес.
На овој начин не само што даваме придонес кон позелена околина, туку обезбедуваме одржливост и континуитет, и најважно од се, креираме вредности кај децата уште од мали нозе.”, изјави Биљана Мишиќ, Извршен директор на Иуте Македонија.

“Иуте како наш стратешки партнер веќе четврта година ја поддржува работата и мисијата на СОС Детско село. Голема благодарност што нé вклучија во оваа општествено-одговорна акција, особено што посадените дрвца се наоѓаат на само неколку чекори до нас.”- додаде Силвија Брајовиќ, Директор на оддел за собирање средства и комуникации во СОС Детско Село.

Оваа донација е само почеток и дел од планираните активности кои Иуте ќе продолжи да ги реализира како општествено-одговорна компанија која континуирано инвестира во заедницата, а овој настан е еден од низата кои имаат за цел да ја вратат вербата во моќта на заедничките иницијативи и индивидуалниот придонес за подобро утре, преку контунуирано работење на подигнување на свесноста во секоја општествена пора.

Последни вести Сите новости

Нова понуда на Иуте за потрошувачки кредит до 20.000 денари со 0% трошоци

Искористете ја уникатната можност на Иуте и аплицирајте за бескаматен кредит до 20 000 денари, без трошоци, по најповолни услови, брзо и едноставно. Со новиот продукт сите клиенти кои за првпат подигнуваат кредит во Иуте ќе имаат можност да подигнат кеш во износ од 3.000 до 20.000 денари на 2 месечни рати со 0% камата,прочитај повеќе
Новости

Иуте партнер на билијард федерацијата

Иуте ја имаше честа да стане официјален партнер на македонската билијард Федерација, во пресрет на Европското Првенство во Словенија кое ќе се одржи 8ми до 17 јули во Потчетрек. Им посакуваме среќен пат и многу успех на четири наши репрезентативци кои ќе нé претставуваат во три различни категории: Христо Василевски – актуелен државен сениорски првак,прочитај повеќе
Настани

Дигитална инклузија за сите

Иуте се приклучи на мисијата на “Донирај компјутер” и донираше компјутерска опрема Денес се дружевме со драги и хумани луѓе од Донирај компјутер, кои успејаа една обична идеја пред 5 години поправајќи компјутери за социјално-загрозени семејства да претворат во општествена иницијатива со големи размери и импакт. Иуте официјално се приклучи на нивната иницијатива со донацијапрочитај повеќе
Настани