Назад кон новости

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за изминатата година

Новости

Продолжување на здравиот раст и мисијата за трансформација на Иуте во целосен финансиски сервис за граѓаните

Иуте Естонија, водечка финтек групација во Европа, под чијашто капа работи Иуте Македонија, официјално ги објави неревидираните резултатите од дванаесетте месеци работење во 2023 година,  со нето добивка од 10.3 милиони евра и вкупни приходи од 105.7 милиони евра, бележејќи пораст од 20.1% во споредба со истиот период од минатата година.

Групацијата од неодамна од Иуте Кредит се ребрендираше во Иуте, посочувајќи дека отсега па натаму обемот на работа и услуги на пазарот оди надвор од рамките на кредитирање и ќе вклучува услуги за плаќање, банкарство и осигурување.

Гледајќи ја големата слика, групацијата ги надмина проектираните таргети за 2023та, а како што вели Тармо Силд, Извршен Директор на Иуте групацијата, компанијата освен што бележи уште една исклучително успешна година, остана доследна на својата мисија, визија и определба за ставање фокус исклучиво на квалитетот и корисничкото искуство.

“Можеме отворено да кажеме дека клучот на нашиот успех е во нашата брза адаптација на сите промени, флуктуации и влијанија, како и континуирана отвореност кон нови можности, држејќи се цврсто до компаниската ДНК, мисија, визија и стратешки цели, во насока на нудење на целосна и најдобра услуга на нашите клиенти. Како лидер во дигиталната трансформација и нудење на најдобро дигитално корисничко искуство, отидовме чекор понапред, со воведување на дополнителна автоматизација во работењето и бизнис процесите, модел кој преку предиктивни метрики и варијабли навлегува во начинот на однесување и степенот на задоволство на секој клиент и процес.. Сево ова не само што овозможи заштеда на трошоци и намалување на кредитниот ризик, туку на нашите клиенти им овозможи уште потранспарентен, безбеден процес и искуство. Трансформацијата на Иуте оди паралелно со промените во околината и пазарот во кој функционираме.  Убедени сме дека најдоброто од Иуте е пред нас.”, вели Тармо Силд.

Иуте Македонија, како дел од Иуте Естонија, која исто така неодамна ги заврши последните циклуси од ребрендирањето, со новиот визуелниот идентитет го означи почетокот на промените и амбициозните планови кои допрва доаѓаат, а тоа е дека Иуте станува многу повеќе од кредитна компанија.

Извршниот Директор на Иуте Македонија Биљана Мишиќ, вели дека и покрај предизвиците на пазарот на капитал, монетарната политика, регулаторните механизми, макроекономските и геополитичките околности кои беа фактори на кои и групацијата мораше да се прилагоди, перформансот на групацијата е над таргетираните очекувања во поглед на растот на активата и реализираните приходи.

“Како лидер во индустријата, продолжуваме да го револуционизираме начинот на кој работиме, интензивирајќи го користењето на напредни алгоритми и машинско учење кои ни помагаат да добиеме вредни информации за антиципирање на клиентската респонзивност на изложеностите, минимизирање на кредитниот ризик и обезбедување на одговорни практики за кредитирање. . Отворивме ново поглавје во финтек дигиталната револуција, но воедно и покажавме дека гласот и потребите на нашите клиенти се најважни, без оглед на ерата на вештачка интелигенција и дигитализација. Нашата мрежа на експозитури растево континуитет,  со цел да го задржиме човечкиот пристап, а паралелно во нагорна линија се движат и иновациите и трендовите кои секојдневно ги воведуваме, во интерес на нашите клиенти и корисничкото искуство. Она што е најважно е дека чекориме храбро, сплотено и подготвено за сите нови предизвици, а паралелно со сите наши нови бизнис поглавја, посветени сме секогаш и на заедницата, со континуирана поддршка во повеќе општествени сегменти.”вели Мишиќ.

Подолу следи сумирање на групациските достигнувања, а целиот извештај е достапен тука.

Стратегиски резултати на групациско ниво

  • Бројот на активни корисници се зголеми за 274 илјади (31.12.2022: 272 илјади), со приход по клиент во износ од 370 евра (12М/2022: 343 евра)
  • Вкупниот број на корисници порасна за 10.3%, броејќи 1.1 милион (31.12.2022: 928 илјади)
  • Консолидиранaта финансиска позиција на групата се зголеми за 16.6% изнесувајќи 375.8 милиони евра, а капиталот се зголеми за 19%, изнесувајќи 63.8 милиони евра на 31.12.2023.
  • MyIute апликацијата достигна бројка од 813 илјади симнувања заклучно со 31.12.2023  (31.12.2022: 477 илјади симнувања)
  • Во декември 2023 одобрена е првата исплата на дивиденда на Energbank
  • Iutepay се позиционираше како пионер на Балканот во делот на e-money институции

 

Оперативни резултати на групациско ниво

  • Исплатата на кредити порасна за 11%, достигнувајќи 291 милион евра (12М/2022: 262 милиони евра)
  • Бројот на одобрени кредити се намали на 331 илјади (12/2022: 357 илјади)
  • Бруто портфолиото на кредити порасна за 16.9 изнесувајќи 252 милиони евра (31.12.2022: 215.5 милиони евра), од коишто принципалниот износ на кредити порасна за 17.3%, изнесувајќи 232.3 милиони евра (31.12.2022: 198.1 милиони евра)
  • Нето портфолиото на кредити порасна за 19.7% изнесувајќи 232.2 милиони евра (31.12.2022: 193.9  милиони евра),
  • Вкупната мрежа на бескартични банкомати достигна бројка од 75

 

Финансиски резултати на групациско ниво

  • Приходите од камати и провизии се зголемија за 18%, изнесувајќи 91.4 милиони евра (12М/2022: 77.4 милиони евра), небанкарско портфолио
  • Нето приходите од камати и провизии пораснаа за 10.4%, изнесувајќи 63.2 милиони евра (12M/2022: 57.2 милиони евра), небанкарско портфолио
  • Вкупниот приход порасна за 20.1%, изнесувајќи 105.7 милиони евра (12М/2022: 88 милиони евра).
  • ЕБИТДА, приспособена за курсни разлики и приходи од Енергбанк, се зголеми за 34.4%, изнесувајќи 46.7 милиони евра (12М/2022: 34.8 милиони евра).
  • Нето добивката порасна на 10.3 милиони евра, споредбено со 7.1 милиони евра во истиот период од минатата година, по усогласување на еднократниот ефект од аквизицијата на Енергбанк.

 

Групацијата Иуте и сите нејзини земји членки продолжува да работи уште понапорно и попосветено, користејќи уште понапредни технологии, надградба на релациите со клиентите на долги патеки и отворање на нови бизнис поглавја.

Последни вести Сите новости

Добитници на наградната игра „Со Иуте секогаш повеќе, со потрошувачки кредит до вредни награди“

Со големо задоволство ги објавуваме добитниците на наградната игра која се одржа во периодот од 10 октомври до 30 ноември 2025. Ви благодариме на сите кои аплицираа за потрошувачки кредит и учествуваа во оваа возбудлива игра! По случаен избор од системската база на квалификувани учесници, добитници на наградите се: Добитници на Apple iPhone 16 Pro Maxпрочитај повеќе
Новости
Иуте објавени добитници

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје – Го шириме зеленото срце на градот Минатата година под иницијативата „Растеме заедно“, Иуте Македонија го означи почетокот на едно од своите најзначајни еко-поглавја, со пошумување на детско игралиште во Општина Гази Баба и создавање зелена урбана зона која денес расте, се развива и ја облагородувапрочитај повеќе
Настани
Еко Иуте

Како да му дадете ветер на вашиот мал бизнис: Водич за брзо и едноставно финансирање

Започнувањето или развојот на мал бизнис е предизвик кој бара не само идеи и труд, туку и финансиска стабилност. Без разлика дали сте млад претприемач или веќе имате бизнис кој сакате да го проширите, правилната подготовка и пристап до флексибилно финансирање се клучни за успех. Во овој водич ќе дознаете како да планирате, оптимизирате ипрочитај повеќе
Блог
мал бизнис