Назад кон новости

Групацијата Иуте го лансираше Iute Affinity – за целосно дигитални осигурителни решенија

Новости
iute Affinity
default

Естонската групација Иуте, дигитална банкарска група која оперира во Југоисточна Европа, официјално го објави основањето на Iute Affinity, нова групациска подружница посветена на целосно дигитални осигурителни решенија и оперативна поддршка. Со овој чекор, Иуте дополнително ја зајакнува својата стратегија за интегрирање на осигурувањето како клучен дел од дигиталното банкарско искуство.

За Извршен директор на Iute Affinity е назначена Алма Рибановиќ, искусен професионалец со повеќе од 20 години работа во банкарство, осигурување и развој на стратешки партнерства, со посебен фокус на вградените осигурителни решенија.

Според Алар Нинепу – Групациски комерцијален директор и ко-основач на групацијата, создавањето на Iute Affinity овозможува осигурувањето да стане составен дел од услугите и постоечкиот екосистем на Иуте.

„Со Iute Affinity, осигурувањето повеќе нема да биде одвоен производ, туку природен дел од дигиталното искуство во MyIute супер-апликацијата. Преку директни партнерства со водечки глобални осигурители како Allianz Partners, SIGAL и MediGuide, ќе обезбедиме целосно дигитални и персонализирани решенија не само за нашите клиенти, туку и за клиентите на нашите партнери,“ изјави Нинепу.

Allar N.

Iute Affinity нема да дејствува како осигурител, туку како платформа која го вградува осигурувањето директно во екосистемот на Iute. Ова значи дека корисниците ќе можат да добијат здравствено, имотно и друго осигурување без потреба од комуникација со надворешни провајдери, додека процесите за пријава на штети и поддршка ќе се одвиваат во рамките екосистемот и платформите на Иуте, што ќе резултира во подобро и побрзо решавање на штети, поплаки и прашања од клиентите, појасна комуникација, конзистентност и поголема доверба во брендот.

„Луѓето не го доживуваат осигурувањето како самостоен производ, туку во  контекст на  секојдневните моменти – плаќање, патување или купување, и едноставно очекуваат целиот процес да функционира непречено, во реално време и без стрес. Визијата на Iute Affinity е осигурувањето да стане природен дел од тие моменти, вградено во дигиталното корисничко патување” посочи Рибановиќ.

Ribanovikj

Во првата фаза, Iute Affinity ќе ги поддржува постоечките пазари на групацијата и ќе соработува со меѓународни осигурителни компании за унапредување на дигиталното преземање ризик, автоматизацијата на штети, превенцијата од измами и аналитиката на податоци.

Долгорочната визија на Iute Affinity е да стане водечка платформа за осигурителни решенија која ќе ги поддржува не само групациските активности и корисници, туку и платформи, даватели на услуги, производители, онлајн трговци и други играчи кои сакаат да вградат осигурување во сопствените кориснички патувања.

Iute Affinity како прв и водечки производ во својата стратегија, ќе лансира патничко осигурување со дополнителни здравствени услуги преку претплата, како и ново осигурување за заштита на плаќањата за клиентите на Iute во Молдавија и Бугарија.

 

 

Последни вести Сите новости

Зимски трошоци под контрола – планирање, приоритети и паметно купување

Зимски трошоци под контрола – планирање, приоритети и паметно купување   Празниците и масовните шопинг периоди се веќе позади нас, но и покрај тоа, зимските месеци се обично долги и често значат брзо “излевање” на семејниот буџет— од високи сметки за режија,  до зимски патувања, екскурзии и други непланирани трошоци. Токму затоа е важно паметнотопрочитај повеќе
Блог
купи сега, плати подоцна
BNPL Buy now pay later online shopping concept. Businessmen holding a smartphone with icons of BNPL.e-commerce.

Иуте Македонија станува партнер на Generalka Weekend и проектот Сончева Гора

Иуте Македонија станува партнер на Generalka Weekend и проектот Сончева Гора   Приказната која ја започнавме пред две години заедно со нашите пријатели и партнери од Man & Mountain преку иницијативата „Растеме заедно“, добива нова димензија, форма и континуитет. Иуте Македонија официјално станува партнер на најмасовната еколошка акција во земјава – Generalka Weekend, како ипрочитај повеќе
Настани

Година на квалитетен раст и структурно зајакнување на групацијата Иуте-реализирани приходи од 124,6 мил. евра и нето добивка од 9.9 мил. евра

Иуте Македонија како стабилен столб на групацијата, со двоцифрен раст и  квалитетно портфолио   Естонската групација Иуте – дигитална банкарска групација која обезбедува кредитирање, плаќања и посредување во осигурување на пазарите во Југоисточна Европа, ги објави неревидираните резултати од работењето во 2025 година. Групацијата бележи раст и во обем и во оперативен квалитет, со внимателнопрочитај повеќе
Новости
default