Офицер за правни работи и усогласеност

Доколку сте заинтересирани за овој оглас испратете ја Вашата биографија на [email protected]

Иуте Македонија е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS, избрана за една од најбрзо-растечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш како лидери на финтек пазарот и пионери во дигиталната трансформација создаваме исклучително корисничко искуство.

Нашиот тим се шири и во потрага сме на нов член кој ќе му се придружи на тимот за да ја направиме нашата одлична работна средина уште поубава и приказната уште поуспешна.

Офицер за правни работи и усогласеност

Главни одговорности:

  • Одговорен за давање процесни и правни совети поврзани со процесите на Иуте Кредит Македонија.
  • Одговорен за воспоставување деловна соработка со адвокати, правни советници, нотари, во врска со деловните процеси
  • Одговорен за подготовка на сите компаниски и правни документи, барања и формулари поврзани со кредитно портфолио, работни односи, заштита на лични податоци, интелектуална сопственост, договори со партнери, надворешни соработници, добавувачи, итн.
  • Формализирање на веќе постоечки процеси, модификација, како и утврдување на нови процеси и следење на процедурите за добро корпоративно управување, во соработка со останати сектори.
  • Опишување и воспоставување на процеси за различни функции вклучувајќи, но неограничувајќи се на: корпоративни, финансиски, интелектуална сопственост и др.
  • Активна вклученост во подготовката и изготвувањето на различни акти, процедури, правни поднесоци и правни мислења
  • Следење на спорови и постапки во кои Иуте Кредит Македонија е страна, а во соработка надворешни адвокати и релеватни институции
  • Работи на истражување и имплементација на правилата, законските акти итн, што може да влијаат на процесите на Иуте Кредит Македонија
  • Го советува топ менаџментот на начин што ќе се минимизира правниот ризик
  • Работи во согласност со законите и прописите, придржувајќи се до упатствата од Иуте Кредит Македонија и на групациско ниво
  • Одржува и спроведува највисоко ниво на доверливост и деловна комуникација
  • Остварување на мисијата и визијата на Компанијата, одговорно почитување и правилно применување на сите политики и процедури на Иуте Кредит Македонија и Иуте Груп

Потребни квалификации/искуство:

  • Минимум 5 години работно искуство, од кои најмалку 1 година во банкарски сектор или финансиска институција
  • Организираност и фокусираност на детали
  • Познавање на локалното законодавство во однос на активностите на Иуте Кредит
  • Одлични вештини за анализа, истражување и изготвување на акти
  • Добро разбирање на понудените услуги, производи и процеси на финансиската индустрија и поврзаните области на ризик, особено на финансиските и регулаторните
  • Силни интерперсонални вештини, интегритет, етичко однесување, аналитички и истражувачки вештини, вештини за изготвување извештаи, критичко размислување
  • Напредни комуникациски вештини, способност за извршување на повеќе задачи во динамично опкружување
  • Способнсот за самостојна и тимска работа
  • Способност за идентификување на можни ризици и способност за мирно решавање на стресни ситуации на професионален начин
  • Познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на пакетот– Microsoft Оffice

Зошто да работите во Иуте ?

  • Компанијата нуди атрактивна плата и бонуси
  • Како дел од мултинационална ФИНТЕК компанија IUTE Group AS ќе имате можност да ги запознаете најновите иновации во овој сегмент
  • Интересни, предизвикувачки работни задачи секојдневно
  • Едноставна организациска структура
  • Вреднување на индивидуалниот придонес, но и тимскиот дух
  • Континуирани обуки за развој
  • Редовни интересни активности и бенефиции за вработените

Заинтересирани?

Испратете ја Вашата биографија на [email protected] со назнака Офицер за правни работи и усогласеност најдоцна до 05.07.2025 година.

Сите апликации се земаат во предвид со високо ниво на доверливост. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа, давате согласнот Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кандидати спроведен од страна на Иуте Македонија. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту пак, достапни на трети лица.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Испратете го вашето CV

"(задолжително)" indicates required fields

Прикачете CV (задолжително)
This field is for validation purposes and should be left unchanged.