Општи услови на Кампањата: Препорачај пријател и добиј подарок на ФД Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје

 

Основни карактеристики на кампањата

Кампањата овозможува

  • постоечки клиент (Препорачател) на Иуте Кредит Македонија (Кредиторот) да ги препорача производите и услугите на Кредиторот на Пријател и
  • Пријател на Препорачателот да стане нов корисник на кредитните производи на Иуте Кредит Македонија и кој го потпишал својот прв Договор за кредит со Кредиторот преку единствен линк добиен од Препорачателот

со што Препорачателот се стекнува со “Подарок” исполнувајќи ги општите иуслови наведени во продолжение.

Времетраење на Кампањата

Кампањата е со времетраење од 21.01.2025 до 31.03.2025 година

Квалификувани учесници за подарокот

За да се смета квалификуван за подарокот, потребно е да бидат исполнети, кумулативно сите услови наведени во продолжение:

– Препорачателот да го испрати уникатниот линк до Пријател

– Пријателот да го искористи линкот за да поднесе барање за кредит

– Барањето за кредит да биде одобрено, во согласност со применливите прописи и интерните акти на Кредиторот

– Да се склучи договор за кредит пред денот на истек на Кампањата од точка 2 од овие Општи услови

– Потпишаниот Договор за кредит од страна да не е откажан или повлечен од ниедна причина од страна на Пријателот или Кредиторот во рок од 14 дена од неговото потпишување

 

Добивање на подарок, Испорака и користење на подарокот

  • Секој квалификуван Препорачател добива вредносен ваучер од mk во износ од 2.000 МКД за секој Препорачан кој ги исполнува условите од точка 3 од овие Општи услови.
  • Ваучерот може да се искористи најдоцна до 15.05.2025 година.
  • Вредносниот ваучер се праќа на регистрираниата емаил адреса на Препорачателот 15 дена по потпишувањето на Договорот за кредит од страна на Препорачаниот.
  • Вредносниот ваучер може да се користи за купување на производи од SuperMart Macedonia. Детални инструкции како може да се купуват производи од нивната страна со добиениот Вредносен ваучер може да најдете во нивните Општи услови. Кредиторот не презема никаква одговорност за квалитетот, состојбата и функционалноста на производите набавени со ваучерот.
  • Период на користење на ваучерот е 30 дена од негово примање на регистрираната емаил адреса на Препорачателот. Секој ваучер по истек на овие 30 дена ќе се смета за истечен. Ваучерите неможе да бидат заменети со парични средства во ниеден случај. Како појаснување, доколку се случи поврат или рефундација на купениот производ со ваучерот, ваучерот се поништува, не следува замена за нов ваучер ниту пак парични седства во противвредност.

 

Преодни и завршни одредби

  • Измами и злоупотреба: Доколку постојат обвинувања за појава на измами или злоупотреби  на оваа кампања, Кредиторот го задржува правото да преземе соодветни мерки и може да ја откаже употребата на подарокот во секое време.
  • Измени или откажување: Кредиторот има право да ја модификува, откаже или прекине кампањата врз основа на одлука без претходно известување или објаснување.
  • Одговорност: Кредиторот не е одговорен за било каква директна или индиректна штета или загуба настаната на производите или услугите кои Препорачаниот ќе ги купи со вредносниот ваучер.
  • Јазик на користење: Овие услови се објавени на Mакедонски јазик. Преводите се понудени само за погодност. Македонската верзија на овој документ ќе се корсти за сите правни цели.
  • Применливо право и судски спорови: За секој спор што би можел да произлезе од или во врска со оваа Кампања применливо е македонското законодавство, а надлежен ќе биде Основниот граѓански суд Скопје.

За дополнитени информации во врска Кампањата, исконтактирајте не на 13-3333 или на iute.mk