Анекс бр.1 кон Општите услови на Програмата за лојалност: Препорачај пријател и заработи поени
Iute Македонија
1. Преглед на кампањата
Оваа кампања овозможува:
• Постоечки клиент на Iute (Препорачувач) да ги препорача производите и услугите на Iute на пријател (Препорачан клиент)
2. Времетраење на кампањата
Кампањата е активна од 20 октомври 2025 година до понатамошно известување.
3.Условеност за добивање наградни поени
За да се заработат Иуте Плус поени, мора да се исполнат следните услови:
• Препорачувачот мора да сподели уникатен код за препорака со својот пријател преку линк или QR код.
• Пријателот мора да го искористи препорачаниот линк за регистрација во апликацијата MyIute или да го внесе код за препорака во полето „Код за препорака“ при регистрација.
• Препорачаниот клиент мора да поднесе барање за нов ненаменски потрошувачки кредит, и кредитот мора да биде успешно одобрен во рамките на периодот на кампањата наведен во точка 2.
• Одобрениот кредит мора да биде во износ од најмалку 15.000 денари и со рок на отплата од минимум 3 месеци.
• Кредитoт „Кредит без трошоци“ е исклучен од оваа кампања.
Еден Препорачувач може да биде награден за максимум 10 препорачани клиенти месечно.
4. Заработка и користење на наградни поени
4.1. Секој квалификуван Препорачувач добива 2.000 Iute Plus Поени за секој Препорачан клиент кој ги исполнува условите од точка 3.
4.2. Поените се доделуваат 14 дена по успешната исплата на кредитот.
4.3. Препорачаниот клиент мора да биде нов клиент на Iute.
4.4. Поените можат да се искористат во согласност со Општите услови на Програмата за лојалност.
5. Дополнителни одредби
Малверзации и злоупотреба: Во случаи на сомневање за измама или злоупотреба, Iute Македонија го задржува правото да ги поништи поените и да го исклучи учесникот од кампањата.
• Измени и прекинување: Iute Македонија може да ја измени, откаже или прекине кампањата во секое време со претходно известување.
• Одговорност: Iute Македонија не сноси одговорност за квалитетот, функционалноста или условите на производите купени со Плус Поените.
• Применливо право и надлежност: Сите спорови кои произлегуваат од оваа кампања се предмет на македонското законодавство и ќе се решаваат од надлежните судови.
Дополнителни информации и контакт
За прашања или појаснувања во врска со кампањата, контактирајте: Корисничка служба – 13 333