Трансфер по мобилен број – iute P2P

 

Трансферот по мобилен број (iute P2P) е функционалност во рамки на платежната услуга во апликацијата Myiute, која овозможува да извршуваш и примаш трансфери од физички лица што ја имаат активирано оваа услуга во Myiute.
Сè што треба да направиш е да го одбереш мобилниот број на примателот директно од именикот на уредот на кој е активирана услугата.

За користење на оваа функционалност потребна е нејзина специфична активација во твојот Myiute профил.
При тоа, не ти е потребен IBAN број за да испраќаш или примаш пари.


Што значи ова?

  • Ако дозволиш твојот телефонски број да биде видлив, другите корисници ќе можат да те најдат по него (со внесен државен код) и да ти испратат пари брзо и едноставно.
  • Имаш целосна контрола над тоа како и дали си достапен за пронаоѓање.

Зошто да ја активирам?

Побрзи плаќања
— Испраќачот не мора да го знае твојот број на сметка за да ти испрати пари.
Поедноставни трансфери
— Примањето пари станува полесно, поинтуитивно и побезпречено.

Како да ги промени ваши поставки?

Влези во Myiute → Мој Профил → Лични податоци → Поставки за приватност (Privacy Settings) → Видливост (Visibility)
Во делот Видливост, можеш да ги вклучиш или исклучиш опциите:
  • „Видлив по телефонски број“
  • „Видлив по име“
Ако ја исклучиш опцијата „Видлив по телефонски број“, нема да се појавуваш во пребарувањата на контактите преку тој број.

Напомена:

За да ја користиш услугата iute P2P – Трансфер по мобилен број, мора да биде активирана најмалку опцијата „Видлив по телефонски број“.


Важно!

Можеш да ја активираш или деактивираш услугата iute P2P – Трансфер по мобилен број во секое време и за период кој самостојно ќе го одредиш.