Назад кон новости

Тимот на Иуте го одбележа меѓународниот ден на велосипедите

Настани

Промените понекогаш доаѓаат на тркала

Светот денес го одбележува 3-ти Јуни, меѓународниот ден на велосипедите, а тимот на Иуте го икористи овој ден како повод да се обедини на тркала и испрати јасна порака.

Иако многумина од нашите колеги веќе редовно доаѓаат на работа со велосипед, нé израдува денешната глетка на многубројни велосипеди паркирани пред Иуте.

Добро друштво, супер започната недела, кафе, сок и овошје за сите Иуте бајкери.

Воедно го користиме овој повод да напоменеме неколку факти зошто велосипедот е секогаш одличен избор:

  • Заштедува непотребни емитирани тони на CO2 и директено влијание на заштита на околината и одржливост
  • Ја подобрува општата благосостојба и здравје
  • Велосипедот е поефтин а многупати и побрз транспорт кој скратува драгоцено време
  • На крајот, возењето велосипед е забавно, и сами и во друштво????

Грижата за околината и општествената одговорност е во сржта на компанијата, паралелно со грижата за добросостојбата и здравјето на вработените.

Иако навидум обичен ден, би сакале да послужи како потсетник, за денес и секој нареден ден, како позитивен пример што треба да го следиме и понатаму.

Голема благодарност до сите Иуте бајкери и до оние кои се подготвуваат да станат????

 

Последни вести Сите новости

Во сите бои. Со една цел. Заедно.

Во сите бои. Со една цел. Заедно. Изминатиов период го означивме со учество на две инспиративни трки, кои за нас не беа само километри – туку движење за промена, за надминување на сопствените граници и поставување на нови цели. 🩵Од Зегин „Трка на херои во сите бои 2026“, на којашто трчавме за хуманост и поддршкапрочитај повеќе
Настани
зегин трка

Македонска компанија во срцето на нов дигитален банкарски модел

Македонска компанија во срцето на нов дигитален банкарски модел   Иуте Македонија – дел од естонската групација Иуте, станува дел од нова европска приказна и целосно дигитална банка на нов, стратешки пазар, откако IuteBank официјално го заврши транзицискиот период и започнува со работа како редовна банка на украинскиот пазар. Транзицијата следи по добиениот државен тендерпрочитај повеќе
Разно
iute macedonia

Кога нулата навистина значи нула – Зошто транспарентноста е клучна во моделот „Купи сега, плати подоцна“

Во време на брза дигитална трансформација, финансиските услуги стануваат сè поедноставни, побрзи и подостапни. Моделот „Купи сега, плати подоцна“ (Buy Now, Pay Later) е еден од најдобрите примери за тоа како технологијата може да го подобри секојдневното потрошувачко искуство. Тој им овозможува на потрошувачите да го добијат производот веднаш, а плаќањето да го распределат напрочитај повеќе
Блог
Кога нулата навистина значи нула