Ви нудиме непроценливо дигитално искуство во полето на личните финансии

за нас
Накратко низ бројки
728,000+ клиенти
123.7M вкупни средства
2,700+ продажна мрежа
440 вработени

Нашата визија

Замислуваме финансиски свет во кој интеракциите се брзи, беспрекорни и персонализирани, усогласени со динамиката на секојдневниот живот. Свет во кој парите течат исто толку слободно колку и зборовите на луѓето, а нашите клиенти се луѓе и компании – водени од луѓе.
Во рамки на нашиот екосистем им овозможуваме инстантно кредитирање, портфолио на финансиски услуги, осигурување, трансакции и инвестиции, нудејќи целосно персонализирано финансиско искуство.

Нашата мисија

Да создадеме најдобро можно искуство во управувањето со личните финансии, комбинирајќи напредна финансиска технологија со едноставна, пријатна и човечка интеракција.
Да им помогнеме на нашите клиенти да станат финансиски и технолошки посилни.

Tarmo Sild & Allar Niinepuu

Нашите вредности

Брзина

Под брзина ја подразбираме ефикасноста со која ги реализираме процесите. Тоа е временски интервал од моментот кога клиентот има потреба од наша услуга, до испораката на финалното решение што се очекува. Нашата посветеност е насочена кон брза, сигурна и беспрекорна реализација во секоја фаза од корисничкото искуство.

Комфор

Нашата цел е на клиентите да им обезбедиме едноставно, лесно и пријатно искуство. Наша одговорност е услугите да бидат максимално достапни, интуитивни и лесни за користење, позиционирајќи го Iute како најпрактичен и најудобен избор на пазарот.

Човечки пристап

Човечкиот пристап ја претставува топлината, грижата, емпатијата и личниот однос што ги внесуваме во секоја интеракција со клиентите. Покрај технологијата и автоматизираните процеси, ние градиме вистински човечки односи – нудејќи разбирање, емоционална поддршка и персонализирано внимание, прилагодено на потребите на секој поединец.

Пазари

Во 2008-ма го отворивме нашето официјално претставништво во Молдавија, на тој начин етаблирајќи се како водечка компанија во Источна Европа за лични финансии.

  • Република Северна Македонија

    Во 2017-та го отворивме нашето официјално претставништво ФД ИутеКредит Македонија ДООЕЛ, кое работи врз основа на Решение издадено од Министерството за финансии на Република Македонија.

  • Албанија

    Во 2015-та го отворивме нашето официјално претставништво во Албанија, на тој начин етаблирајќи се како водечка финансиска институција лиценцирана од Банката на Албанија.

  • Молдавија

    Во 2008-ма го отворивме нашето официјално претставништво во Молдавија, на тој начин етаблирајќи се како водека компанија на Источна Европа за лични финансии.

  • Бугарија

    Во 2019-та го отворивме нашето официјално претставништво во Бугарија.

Tим & Менаџмент

Нашиот главен тим има богато искуство во финансискиот сектор,стратегискиот менаџмент и искуство со клиенти.

Ние потекнуваме од дигитална нација и секогаш работиме на тоа да ви ги донесеме најлесните и најспроведливите решенија.

 

Tarmo Sild

Chief Executive Officer and co-founder

LinkedIn

Allar Niinepuu

Chief Commercial Officer and co-founder

LinkedIn

Kristel Kurvits

Chief Financial Officer

LinkedIn

Tarvo Rahumägi

Group Chief Risk Officer

LinkedIn

Mart Ambur

Chief Technical Officer

LinkedIn

Goksu Tugay

Chief Customer Experience Officer

LinkedIn

Kadi Raudsepp

Chief Legal Officer

LinkedIn
Кариера во Iute Macedonia
Секогаш бараме амбициозни и талентирани личности да се приклучат на нашиот тим

Испратете ни Ваше CV со претходно работно искуство, вештини и зошто би билe добар тимски играч во Iute.

Испратете порака

Ема, советник за клиенти:

“Секогаш се трудиме да дадеме поддршка и да бидеме конструктивни. Дали имате прашања или ви треба помош? Контактирајте ме – тука сум да помогнам!”