Ви нудиме непроценливо дигитално искуство во полето на личните финансии
Нашата визија
Замислуваме финансиски свет во кој интеракциите се брзи, беспрекорни и персонализирани, усогласени со динамиката на секојдневниот живот. Свет во кој парите течат исто толку слободно колку и зборовите на луѓето, а нашите клиенти се луѓе и компании – водени од луѓе.
Во рамки на нашиот екосистем им овозможуваме инстантно кредитирање, портфолио на финансиски услуги, осигурување, трансакции и инвестиции, нудејќи целосно персонализирано финансиско искуство.
Нашата мисија
Да создадеме најдобро можно искуство во управувањето со личните финансии, комбинирајќи напредна финансиска технологија со едноставна, пријатна и човечка интеракција.
Да им помогнеме на нашите клиенти да станат финансиски и технолошки посилни.
Tarmo Sild & Allar Niinepuu
Брзина
Под брзина ја подразбираме ефикасноста со која ги реализираме процесите. Тоа е временски интервал од моментот кога клиентот има потреба од наша услуга, до испораката на финалното решение што се очекува. Нашата посветеност е насочена кон брза, сигурна и беспрекорна реализација во секоја фаза од корисничкото искуство.
Комфор
Нашата цел е на клиентите да им обезбедиме едноставно, лесно и пријатно искуство. Наша одговорност е услугите да бидат максимално достапни, интуитивни и лесни за користење, позиционирајќи го Iute како најпрактичен и најудобен избор на пазарот.
Човечки пристап
Човечкиот пристап ја претставува топлината, грижата, емпатијата и личниот однос што ги внесуваме во секоја интеракција со клиентите. Покрај технологијата и автоматизираните процеси, ние градиме вистински човечки односи – нудејќи разбирање, емоционална поддршка и персонализирано внимание, прилагодено на потребите на секој поединец.
Пазари
Во 2008-ма го отворивме нашето официјално претставништво во Молдавија, на тој начин етаблирајќи се како водечка компанија во Источна Европа за лични финансии.
-
Република Северна Македонија
Во 2017-та го отворивме нашето официјално претставништво ФД ИутеКредит Македонија ДООЕЛ, кое работи врз основа на Решение издадено од Министерството за финансии на Република Македонија.
-
Албанија
Во 2015-та го отворивме нашето официјално претставништво во Албанија, на тој начин етаблирајќи се како водечка финансиска институција лиценцирана од Банката на Албанија.
-
Молдавија
Во 2008-ма го отворивме нашето официјално претставништво во Молдавија, на тој начин етаблирајќи се како водека компанија на Источна Европа за лични финансии.
-
Бугарија
Во 2019-та го отворивме нашето официјално претставништво во Бугарија.
Локалниот менаџмент на iute Macedonia обединува финансиска експертиза, стратешко управување и јасен фокус на локалниот пазар и клиентските потреби.
Биљана Мишиќ
Главен извршен директор на Иуте Кредит Македонија
Александар Петковски
Извршен директор на Иуте Пеј
Нашиот Одбор на директори има долгогодишно искуство во финансискиот сектор, стратешки менаџмент на бизниси и корисничко искуство. Потекнуваме од дигитална нација и посветени сме на обезбедување најбрзи и најквалитетни решенија.
Tarmo Sild
Главен извршен директор и коосновач
Allar Niinepuu
Главен комерцијален директор и коосновач
Kristel Kurvits
Главен финансиски директор
Slobodan Rakovic
Главен директор за ризици
Göksu Tugay Bilal
Главен директор за производи
Kadi Raudsepp
Главен правен директор
Martin Märss
Главен технички директор
Ема, советник за клиенти: