Назад кон новости

Зимски трошоци под контрола – планирање, приоритети и паметно купување

Блог
купи сега, плати подоцна
BNPL Buy now pay later online shopping concept. Businessmen holding a smartphone with icons of BNPL.e-commerce.

Зимски трошоци под контрола – планирање, приоритети и паметно купување

 

Празниците и масовните шопинг периоди се веќе позади нас, но и покрај тоа, зимските месеци се обично долги и често значат брзо “излевање” на семејниот буџет— од високи сметки за режија,  до зимски патувања, екскурзии и други непланирани трошоци.

Токму затоа е важно паметното планирање на буџетот, со јасна визија за приоритетите и имање предвид на сите опции и алатки кои можат да ви помогнат да ги реализирате зацртаните цели без да ја нарушите финансиската рамнотежа.

Можеби одамна размислувате за нов клима уред, освежување на домот, ново парче мебел, модерна кујна, функционална бања или пак ново патување?

Клучот е во доброто планирање, поставување на приоритети и паметното купување.

 

Како да ги испланирате зимските трошоци и сепак да си дозволите повеќе?!

Направете план и дефинирајте го буџетот однапред

Размислете колку можете да си дозволите да потрошите. На тој начин ќе се заштитите од импулсивни купувања и ќе можете да ги распределите парите за сите планирани работи. Секогаш оставајте одредена сума на контото на непланирани трошоци: непланирани поправки, нефункционална бела техника итн.

Малите чекори водат кон големи промени

Доколку одамна веќе се подготвувате за реновирање или освежување на домот, имајте на ум дека понекогаш голема разлика знае да направи едно обично парче мебел, со декоративен украс и нов светлосен уред. Фокусирајте се на почетокот на мали промени, кои даваат видливи резултати.

Направете листа и споредете цени пред да купите

Во денешно време со само неколку клика онлајн можете да пребарате ист производ достапен на повеќе места, или пак производот што сте го посакувале одамна, во моментов е со специјална цена или промоција. Одвојте време за мало пребарување пред да донесете конечна одлука.

Попустите се секогаш добредојдени, но..

Попустите се корисни само ако производот е навистина потребен. Прашајте се дали би го купиле или пак би ви бил потребен доколку немало попуст. Доколку одговорот е „не“, тогаш попустот за вас не е добра зделка.

Искористете купување на рати без трошоци

Доколку сакате да си овозможите навистина безгрижно шопинг искуство кое нема да го оптовари вашиот буџет, опцијата “Buy Now, Pay Later – Купи сега, плати подоцна” е идеално решение. Станува збор за начин на плаќање кој Иуте Македонија пионерски го воведе на пазарот и модел кој веќе одамна стана тренд и кај македонските потрошувачи, овозможувајќи им да добијат повеќе, на паметен начин.

Зошто е овој модел одлично решение?

  • Самите можете да го одберете месечниот износ и период на отплата, во зависност од вашиот месечен буџет;
  • Производот или услугата ги земате веднаш, а со плаќање почнувате од следниот месец;
  • Брзо и едноставно аплицирање, достапно 24/7  преку апликацијата Myiute;
  • Купувањето на рати и овој модел се достапни директно во продавница, или пак онлајн
  • Процедурата е супер брза и безбедна, со едноставно скенирање на QR код во партнерската мрежа
  • Целосно дигитален процес од почеток до крај и транспарентен приказ на планот на враќање на средствата:
  • Одобрувањето следи веднаш. Не грижете се-нема да ја пропуштите најдобрата понуда

Во Иуте во моментов се актуелни специјални партнерски понуди., со партнерска мрежа на располагање од преку 800 трговци, над 1000 продажни места и 100 е-продавници.

 

Последни вести Сите новости

Во сите бои. Со една цел. Заедно.

Во сите бои. Со една цел. Заедно. Изминатиов период го означивме со учество на две инспиративни трки, кои за нас не беа само километри – туку движење за промена, за надминување на сопствените граници и поставување на нови цели. 🩵Од Зегин „Трка на херои во сите бои 2026“, на којашто трчавме за хуманост и поддршкапрочитај повеќе
Настани
зегин трка

Македонска компанија во срцето на нов дигитален банкарски модел

Македонска компанија во срцето на нов дигитален банкарски модел   Иуте Македонија – дел од естонската групација Иуте, станува дел од нова европска приказна и целосно дигитална банка на нов, стратешки пазар, откако IuteBank официјално го заврши транзицискиот период и започнува со работа како редовна банка на украинскиот пазар. Транзицијата следи по добиениот државен тендерпрочитај повеќе
Разно
iute macedonia

Кога нулата навистина значи нула – Зошто транспарентноста е клучна во моделот „Купи сега, плати подоцна“

Во време на брза дигитална трансформација, финансиските услуги стануваат сè поедноставни, побрзи и подостапни. Моделот „Купи сега, плати подоцна“ (Buy Now, Pay Later) е еден од најдобрите примери за тоа како технологијата може да го подобри секојдневното потрошувачко искуство. Тој им овозможува на потрошувачите да го добијат производот веднаш, а плаќањето да го распределат напрочитај повеќе
Блог
Кога нулата навистина значи нула