Назад кон новости

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првата половина од годината

Новости
iute-baner-polugodishni-rezultati-2024

Групацијата Иуте-Талин под чијашто капа работи Иуте Македонија, официјално ги објави резултатите од шесте месеци работење од тековната година. Податоците покажуваат континуиран раст и покрај сите макро-економски предизвици, пораст на  клиентската база  и значително пораснато кредитно портфолио. Со нето добивка од 4.1 милиони евра и вкупен приход од 53.6 милиони евра кој бележи пораст од 3.4% споредено со истиот период лани, групацијата Иуте продолжува со стабилниот растот во сите сегменти на работењето. Исто така, консолидираниот биланс на групата се зголеми за 5.5% изнесувајќи 396.5 милиони евра, додека капиталот се зголеми за 8.8% и истиот изнесува односно 69.4 милиони евра на крајот на првото полугодие.

Компанијата остана доследна на својата мисија, визија и определба за ставање фокус исклучиво на квалитет и подобрено корисничко искуство, идентично како и инвестирање на дел од добивката во нови технологии, дигитална трансформација и регрутација на талентиран кадар кој ќе се носи со новите позитивни промени на долг рок. На овој начин, со оваа динамика и стратешка поставеност, годишните таргети се сосема остварливи.

“Огромно е задоволството кога гледаме дека нашата стратегија базирана на квалитет нѝ донесе и успешни мерливи резултати, особено кога станува збор за нови корисници и број на трансакции. Вкупното групациско нето портфолио порасна на 265 милиони евра, со 14.4% раст споредено со крајот на минатата година, што е во линија со поставените цели за достигнување на 300 милиони евра до крајот на годината. ЕнергБанк исто така забележа пораст на кредитното портфолио за 14 милиони евра, што е за 21% зголемување споредено со крајот на минатата година. Дополнително, небанкарското кредитното портфолио се зголеми за 18 милиони евра, односно порасна за 10% споредено со минатата година. Во втората половина на годината ќе се фокусираме на подобрување на профитабилноста и оперативно реструктуирање на ЕнергБанк, со што се очекува целосно исполнување на поставените цели и дополнителен пораст на корисничката база”-објасни Тармо Силд, Извршен Директор на групацијата.

Целиот сумиран преглед на резултати е достапен тука.

Иуте Македонија неодамна доби и лиценца за осигурително-брокерски услуги и ќе продолжи да биде лидер во подигнување на стандардите на финансиската индустрија.

Како дел од Иуте Естонија, во изминатите 7 години постоење Иуте Македонија обезбеди пристап до финасии во износ од над 180 милиони еур на 130.000 клиенти. Со навршувањето на првиот семестар од 2024, клиентската база брои 25.000 клиенти, активното квалитетно кредитно портфолио на компанијата изнесува 29 милиони евра, додека приходите на друштвото 10.3 милиони евра.

Групацијата Иуте како водечка финтек групација во Европа со 15 години постоење е специјализирана во полето на лични финансии, платежни услуги, банкарство и осигурување, со свои подружници во Албанија, Бугарија, Молдавија и Северна Македонија.

 

 

 

 

Последни вести Сите новости

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари, со добиената лиценца за започнување со работа на IutePay во Бугарија, доделена од страна на Бугарската Народна Банка. Истото претставува голем исчекор, овозможувајќи ѝ на групацијата да ги прошири своитепрочитај повеќе
Новости

Празничен оптимизам во пресрет на новите предизвици преку здрав раст, етичко и одговорно работење

Се приближуваме кон крајот на годината со многу причини за гордост. Кога велиме горди, не алудираме само на нашите достигнувања и резултати, туку пред се на нашите принципи, вредности и етичко работење. Пред сѐ, ги поздравуваме овогодинешните регулаторни измени, кои значително придонесоа за донесување на етички одлуки во индустријата, одговорно и поконзервативно финансирање, како ипрочитај повеќе
Интервју

Подготвени за новата дигитална иднина преку воведување на иновативни услуги на пазарот

Во пресрет на новогодишните празници и осмата година од постоење на Иуте Македонија, тимот на Иуте на заеднички настан во кругот на своите соработници, партнери и претставници од медиумите, се заблагодари на сите оние кои беа дел од успешната приказна, која на стабилни нозе се гради веќе 8ма година и достигнува сосема нови димензии ипрочитај повеќе
Настани