Назад кон новости

Групацијата Иуте на листата на Фајненшал Тајмс за најстабилно-растечки компании во Европа во изминатaва декада

Новости

Естонската финтек групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, се најде на листата на елитни европски компании кои според истражувањето на Фајненшал Тајмс (Financial Times) и Статиста (Statista) покажале контунуиран, стабилен и одржлив раст на приходите во изминатава декада.

Листата на “шампиони” во долгорочен стабилен раст се состои од 300 компании кои покажале континуиран раст во приходите на годишно ниво, успешно надминувајќи глобални економски предизвици како што беа ковид-19 пандемијата, пост-глобалната финансиска криза и годините кои ги следеше конфликтот во Украина.  Листата е составена земајќи го во предвид растот и приходот на компаниите во период од 10 години (2013-2023).

На листата на вбројани компании се наоѓа и светски познатата платформа за електронска трговија Zalando со 10 билиони евра остварен приход во 2023, германската компанија за храна и пијалоци HelloFresh со 8 билиони евра приход, како и светскиот музички стриминг бренд Spotify сo 13 билиони приход минатата година.

Како за споредба, во 2013 година, просечната вредност на приходи на компаниите кои се наоѓаат на листата била околу 2 билиони евра, која после една декада пораснала дури на 29 милиони евра.

Групацијата Иуте е рангирана на 49то место од 300 компании и како што велат од Талин, истото претставува огромен успех и за Иуте и за финтек индустријата.

“Во изминативе 10 години, Иуте еволуираше стабилно, и тоа од компанија за кредитирање во банкарска групација со повеќе бизнис сегменти, продолжувајќи цврсто и сигурно да ги следи зацртаните цели. Нашата мисија останува фокусирана на зајакнување на финансиската и дигиталната писменост на нашите клиенти, во сите 5 земји каде што сме присутни, мисија која ќе донесе уште поголем раст и развој во годините кои следат.”-изјави Тармо Силд, Извршен директор на Иуте Талин.

Интересно е да се напомене дека Германија е најмногубројна на листата, со дури 74 компании, по што следи Италија со 55 и Велика британија со 48 компании. Од аспект на тип на индустрија, најзастапени се информатичките технологии и развој на софтвер, како и градежништво и инженерство, по што следи логистика и транспорт.

Базирано на развиената методологија од страна на Фајненшел Тајмс и Статиста, рангирањето вклучува компании со приход од најмалку 100 илјади евра во 2013 и најмалку 10 милиони евра во 2023 година. Дополнителен критериум беше компаниите да имаат своја централа во Европа и растот да е примарно органски.

Процесот на истражување опфаќање целогодишна сеопфатна анализа на внимателно прибрани податоци, верификувани и проверени од страна на Статиста. Исто така, беше користен комплексен алгоритам и формула за егзактно да се искалкулираат стапките на раст, со цел овозможување на соодветна споредба помеѓу компаниите и врвен кредибилитет на резултатите.

По неодамна добиениот Фич рејтинг на ниво на групација, ова рангирање претставува уште едно достигнување и признание за групацијата Иуте и нејзините земји членки, за сите заложби и посветеност.

Целата листа на компании  и истражување е достапно на официјалниот сајт.

Последни вести Сите новости

Преку едукација и информираност до заштита на личните податоци и спречување на интернет злоупотреби

Изминатиов период од страна на Министерството за внатрешни работи беше забележана зголемена активност на измамнички активности од лица кои претставувајќи се како финансиски советници најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Како што се вели во официјалното соопштение од МВР, најчесто измамниците пристапуваат преку лажни профили на социјалните мрежи ветувајќи брза заработка, убедувајќи ги жртвитепрочитај повеќе
Новости
интернет злоупотреби

Иуте Македонија станува првото финансиско друштво со интегрирана регистрирана шема за електронска идентификација во партнерство со Evrotrust

  Иуте Македонија официјално се приклучува на „Евротруст“ (Evrotrust), заедницата со повеќе од 1,3 милиони корисници, повеќе од 150 глобални клиенти и присуство во 58 различни земји, како прво финансиско друштво што ги спроведе законските регулативи за поседување верификувана регистрирана шема. Evrotrust е еден од водечките даватели на решенија за дигитален идентитет во Европа сопрочитај повеќе
Новости
evrotrust

Розов октомври во Иуте

Преку едукација и подигање на свеста, до навремена дијагноза и одговорност кон сопственото здравје Со почетокот на октомври започна и глобалната кампања за борба против ракот на дојка, која има за цел масовно да едуцира и да повика на самосвест, навремени прегледи и одговорност, како кон себе, така и кон другите околу нас, не самопрочитај повеќе
Разно
розов октомври