Назад кон новости

Иуте и Екотип донираа прочистувачи за воздух во основното училиште Крум Тошев Трубарево

Разно
Иуте и Екотип

Како општествено-одговорни компании со алтруистички дух, изразуваме големо жалење и сочувствуваме со сите граѓани кои се директно и индиректно погодени од неодамнешниот пожар во Трубарево, немил настан кој го наруши секојдневието на жителите и децата, оставајќи ги надвор од училишните клупи. Притоа изразуваме и голема благодарност до сите институции, волонтери, пожарникари, медицински лица и индивидуалци кои беа во првите редови уште од првиот миг.

Како резултат на партнерски договор, вчера беа донираа прочистувачи за воздух во ООУ Крум Тошев Трубарево – Општина Гази Баба, училиште кое се наоѓа во непосредна близина на опожарениот објект, благодарејќи и на отвореноста, брзата реакција и координација со Општина Гази Баба во интерес на добросостојбата на децата и граѓаните, општина со која досега веќе имаме реализирано низа проекти.

Со поставувањето на прочистувачите во ова училиште, ќе може да се овозможи побезбедна средина за учениците, наставниците и сите вработени – со што заеднички се прави важен чекор кон нивното здравје и благосостојба.

“Уште веднаш ја препознавме потребата и веднаш се договоривме да помогнеме. Вообично нашите донации ги реализираме тивко, достоинствено и без јавно експонирање, но овојпат чувствуваме обврска да проговориме – не заради нас, туку заради потребата од колективна свест. Да пратиме апел до целата заедница, секој кој е во можност, на начин кој е соодветен, да даде свој придонес и заеднички да овозможиме враќање на спокојот, нормалното секојдневие и на она што треба да претставува основна грижа на децата – детска радост и соништа. Нивната иднина е одговорност на секој од нас. Опремата која е донирана во училиштето е од врвен германски производител, со hp14 филтер кој е единствен од таков тип на пазарот и како медицински филтер ги исполнува стандардите за чистота на воздухот и во операциони сали. Дишеме заедно со вас и веруваме дека по секој тежок момент доаѓа светол почеток.”- посочија Биљана Мишиќ од Иуте и Ламбро Патче од Екотип.

“Искажуваме голема благодарност за донацијата, со верба дека учениците ќе се чувствуваат побезбедно за време на наставата во училиштето. Голема благодарност и кон општината Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски, кои со својата заложба и координација ја овозможија оваа донација во кратко време. Здравјето на децата е на прво место, затоа што децата се нашата иднина”, изјави Александра Димитриевска, директорка на ООУ Крум Тошев.

Иуте и Екотип ќе продолжат да вложуваат во проекти за поддршка на заедницата, а со овој гест уште еднаш се потврдува посветеноста кон најмладите, еднакви можности за нормално детство, како и подобри услови за нивното образование.

На децата од ООУ Крум Тошев им посакуваме среќно и безбедно враќање во училишните клупи.

За нов здив, за нови почетоци, за поубави детски соништа. Заедно и сплотени, секогаш можеме повеќе и подобро.

 

Последни вести Сите новости

Македонска компанија во срцето на нов дигитален банкарски модел

Македонска компанија во срцето на нов дигитален банкарски модел   Иуте Македонија – дел од естонската групација Иуте, станува дел од нова европска приказна и целосно дигитална банка на нов, стратешки пазар, откако IuteBank официјално го заврши транзицискиот период и започнува со работа како редовна банка на украинскиот пазар. Транзицијата следи по добиениот државен тендерпрочитај повеќе
Разно
iute macedonia

Кога нулата навистина значи нула – Зошто транспарентноста е клучна во моделот „Купи сега, плати подоцна“

Во време на брза дигитална трансформација, финансиските услуги стануваат сè поедноставни, побрзи и подостапни. Моделот „Купи сега, плати подоцна“ (Buy Now, Pay Later) е еден од најдобрите примери за тоа како технологијата може да го подобри секојдневното потрошувачко искуство. Тој им овозможува на потрошувачите да го добијат производот веднаш, а плаќањето да го распределат напрочитај повеќе
Блог
Кога нулата навистина значи нула

Дигиталната ера напредува, но „нешто“ сѐ уште нè влече назад: Денес е 8ми Март, да честитаме или не?

Дигиталната ера напредува, но „нешто“ сѐ уште нè влече назад: Денес е 8ми Март, да честитаме или не?   Во ера на брзата дигитална трансформација, технологијата не е само алатка — таа е сила што го обликува начинот на кој живееме, работиме и создаваме, овозможувајќи нѝ да создадеме посилни, попаметни и побезбедни заедници. Во овојпрочитај повеќе
Разно
Елена Равнјански