Назад кон новости

Дигиталната ера напредува, но „нешто“ сѐ уште нè влече назад: Денес е 8ми Март, да честитаме или не?

Разно
Елена Равнјански

Дигиталната ера напредува, но „нешто“ сѐ уште нè влече назад: Денес е 8ми Март, да честитаме или не?

 

Во ера на брзата дигитална трансформација, технологијата не е само алатка — таа е сила што го обликува начинот на кој живееме, работиме и создаваме, овозможувајќи нѝ да создадеме посилни, попаметни и побезбедни заедници.

Во овој динамичен свет, жените сè повеќе се појавуваат како носители на иновација, визија и промена. Дигитализацијата не само што ги отвора вратите за нови можности, туку создава рамноправна сцена на која жените можат да ги искажат своите таленти, лидерски способности и креативност. Женското лидерство веќе одамна стана двигател на трансформацијата, интегритетот и креативноста што ја движи економијата напред.

Затоа слободно можеме да констатираме дека денес дигитализацијата не е само технолошки процес — таа е платформа за еднаквост,алатка што ги руши старите бариери и создава нови патеки за жените да постигнат економска независност и поголема видливост.

Во бизнис заедницата пак, жените носат уникатна перспектива која спојува емпатија и аналитичко размислување, инклузивност и храброст за промена, со истенчен хуман фокус во средини во кои технологијата понекогаш знае да доминира без човечки елемент.

 

Парадоксот на современото општество: технолошки напредно, но со длабоки општествени рани

Ова треба(ше) да биде една кратка приказна за технологија и за women empowerment.

За жал, додека општеството технолошки созрева и дебатираме за женско лидерство, парадоксално се соочуваме со сурова реалност, а домашната сцена повторно нè потсети дека безбедноста, достоинството и правото на избор на жените сè уште не се земаат во предвид.

Во вакви околности, тешко е да се слави успехот и лидерството, кога паралелно постојат приказни на страв и неправда.

Оваа контрадикција нѝ порачува дека дигитализацијата сама по себе не е доволна. Технологијата не може да биде напредна ако општеството остане заробено во старите обрасци на нееднаквост и насилство. Дури и најинтелигентните системи нема да нѝ помогнат ако “човечките системи” не реагираат навремено и решително.

 

Секојдневни избори што создаваат здрава корпоративна култура

Работната средина е едно од ретките места каде што системот може да функционира правилно – ако ние така одлучиме. Културата што ја градиме може да биде простор на сигурност или на молк. Може да биде простор каде што се охрабрува гласот или каде што се игнорира. Разликата е во изборите што ги правиме секој ден.

Како финтек компанија, веруваме дека одговорноста не се мери само со добри финансиски резултати, туку со принципи. Со нулта толеранција за вознемирување. Со јасни и транспарентни механизми.

Таа започнува со изборите што ги правиме секој ден – да градиме работна средина во која жените се слушнати, почитувани и охрабрени да напредуваат.

Да поддржуваме политики на еднаквост базирана на меритократија.

Да придонесуваме кон општество во кое безбедноста и достоинството не се привилегија, туку основно право.

Да градиме култура во која поддршката не е декларативна, туку вистинска.

Да бидеме тим што стои зад своите луѓе – и професионално и човечки.

И затоа, кога зборуваме за women empowerment, тоа не значи само лидерство, бизнис или дигитални вештини, туку моќ да се живее без страв.

На овој 8 Март, упатуваме честитка до сите жени – за нивната сила, професионалност и интегритет.

Но и повик до сите нас – да не останеме само на зборови, туку да создадеме средина во која секоја жена има простор да расте, да напредува, да избира и да живее без страв.

Дигиталното време нè учи дека промената е можна — брза, ефикасна, видлива.

Сега нѝ останува да ја внесеме истата таа енергија и технолошки алатки за подобра координација и побрзи реакции. Да создадеме инфраструктура што ќе го штити животот со истата решителност со која ги штити податоците.

Затоа што општеството не може да се нарече напредно додека жените сè уште се борат за основното — правото да бидат живи, безбедни и чуени.

 

Автор на текстот е Елена Равнјански, објавен на порталот Женски магазин

Специјалист за Односи со јавност и комуникации во Иуте Македонија

 

Последни вести Сите новости

Обновена технологија: паметен избор за подобар уред

Кога бараш нов телефон, едно од првите прашања е: Да купам нов или половен? Денес постои и уште една опција – обновена технологија (refurbished). Обновениот телефон или уред не е едноставно користен производ кој повторно се продава. Пред да стигне до својот нов сопственик, тој поминува низ процес на проверка, тестирање и подготовка за повторнапрочитај повеќе
Блог
iPhone обновен уред

Како BNPL го менува начинот на кој купуваме

Начинот на кој купуваме онлајн се менува. Ако порано одлуката најчесто се сведуваше на „плаќам веднаш или се откажувам“, денес новите модели на плаќање им даваат на купувачите поголема флексибилност, а на е-трговците нови можности за раст. Едно од решенијата кое сè повеќе станува дел од оваа промена е BNPL (Buy Now, Pay Later) –прочитај повеќе
Интервју
интервју

Назад на училиште или во канцеларија – обновени уреди што ги поддржуваат твоите цели

Крајот на летото секогаш носи измешани чувства. Од една страна, се збогуваме со безгрижните денови, патувањата и заслужениот одмор. Од друга страна, есента носи нова енергија, нови почетоци и можност повторно да се фокусираме на нашите цели. Без разлика дали се подготвуваш за нова учебна година, враќање во канцеларија или нови деловни предизвици, успехот најчестопрочитај повеќе
iuteMarket
iPhone обновен уред