Назад кон новости

Што е термински план за кредитен трансфер и како до навременото исполнување на договорните обврски?

Новости

Како компанија која континуирано вложува во едукација и финансиска писменост на клиентите, Иуте постојано ги советува своите клиенти за начините како паметно и навремено да ги реализираат своите обврски за плаќања, особено за да не дојде до непотребни доцнења кои можат дополнително финансиски да го оптеретат клиентот.

Со таа намена, од особена важност е познавањето на основните принципи на терминскиот план за кредитни трансфери во земјата и странство, како суштинска алатка во раце на клиентот за  навремено исполнување на договорни обврски.

Термински план за кредитни трансфери претставува времето на прием и времето на извршување на налозите за кредитни трансфери од страна на давателите на платежни услуги.

 

Важно!

Имајте во предвид дека времето на прием и времето на извршување на налогот не мора секогаш да бидат исти. Ова значи дека давателот на платежни услуги може да прими налогот за плаќање денес, но не значи дека кредитниот трансфер ќе се изврши истиот ден.

Постојат три видови на кредитни трансфери:

  • Интерен – ова е трансфер кога и плаќачот и примачот на плаќањето имаат платежни сметки кај истиот давател на платежни услуги. Во овој случај кредитниот трансфер се реализира веднаш
  • КИБС – ова е трансфер кога плаќачот и примачот на плаќањето имаат платежни сметки кај различни даватели на платежни услуги. Во овој случај, а согласно терминскиот план на давателот на платежни услуги на плаќачот, трансферот се реализира или (1) истиот ден (најчесто доколку налогот е примен пред или до 14 часот) или (2) наредниот работен ден, доколку налогот е примен по 14 часот и во овој случај примачот на плаќањето ќе ги прими паричните средства наредниот работен ден (датум на валута). Што значи доколку иницирате плаќање во петок после 14 часот, примачот на плаќањето ќе ги добие паричните средства во понеделник.
  • МИПС – ова е трансфер кога плаќачот и примачот на плаќањето имаат платежни сметки кај различни даватели на платежни услуги, но со означување на полето МИПС, налогот се реализира истиот ден, дури и ако е поднесен по 14 часот, но не подоцна од, вообичаено, 16.15 часот.

 

Зошто е ова важно за навремено исполнување на договорните обврски! 

На пример, доколку ратата за кредит доспева за плаќање денес, а клиентот поднесе налог за плаќање кој не е интерен, или е поднесен во попладневните часови (после 14 часот), примачот на плаќањето ќе ги добие парите следниот работен ден, односно клиентот ќе биде во доцнење со плаќањето на ратата еден ден. Доколку ова се случи, на пример во петок, примачот ќе ги добие средствата дури во понеделник, па на тој начин клиентот ќе биде во доцнење три дена.

Совети и практики за обезбедување навремено плаќање:

  • Дадете инструкција на давателот на платежни услуги за траен налог, согласно амортизациониот план за отплата на кредитот. На овој начин ќе обезбедите дека давтелот на платежни услуги ќе спроведе навремено плаќање по основ на склучениот договор за кредит или
  • Поднесете налог за плаќање на ратата по основ на договорот за кредит кај давател на платежни услуги кај кој и примачот има платежна сметка. На овој начин ќе обезбедите дека паричните средства ќе бидат одобрени истиот ден.

За сите дополнителни информации и совети, можете да се консултирате со нашиот тим на советници на 13 333, или во некоја од нашите експозитури (видете мапа).

*Напомена: Оваа информација е од информативна и едукативна природа. Секој давател на платежни услуги има објавено Термински план за кредитни трансфери во земјата и странство. Советувајте се со давателот на платежни услуги каде имате платежна сметка, вклучително и за надоместоците поврзани со секој вид на кредитен трансфер.“

Последни вести Сите новости

Обновена технологија: паметен избор за подобар уред

Кога бараш нов телефон, едно од првите прашања е: Да купам нов или половен? Денес постои и уште една опција – обновена технологија (refurbished). Обновениот телефон или уред не е едноставно користен производ кој повторно се продава. Пред да стигне до својот нов сопственик, тој поминува низ процес на проверка, тестирање и подготовка за повторнапрочитај повеќе
Блог
iPhone обновен уред

Како BNPL го менува начинот на кој купуваме

Начинот на кој купуваме онлајн се менува. Ако порано одлуката најчесто се сведуваше на „плаќам веднаш или се откажувам“, денес новите модели на плаќање им даваат на купувачите поголема флексибилност, а на е-трговците нови можности за раст. Едно од решенијата кое сè повеќе станува дел од оваа промена е BNPL (Buy Now, Pay Later) –прочитај повеќе
Интервју
интервју

Назад на училиште или во канцеларија – обновени уреди што ги поддржуваат твоите цели

Крајот на летото секогаш носи измешани чувства. Од една страна, се збогуваме со безгрижните денови, патувањата и заслужениот одмор. Од друга страна, есента носи нова енергија, нови почетоци и можност повторно да се фокусираме на нашите цели. Без разлика дали се подготвуваш за нова учебна година, враќање во канцеларија или нови деловни предизвици, успехот најчестопрочитај повеќе
iuteMarket
iPhone обновен уред