Осигурување на живот на кредитокорисник – РИЗИКО Плус

Финансиска заштита
За сите твои активни кредити во iute
Што е Ризико Плус – Осигурување на живот на кредитокорисник?
РИЗИКО Плус е доброволно осигурување за заштита на кредит, кое им се нуди на лицата кои земаат кредити и ги штити од ризикот да не бидат во можност да го вратат кредитот поради непредвидени настани, како што се губење на живот или неспособност за работа како последица од несреќа и болести. На овој начин, преостанатиот износ на кредит не го наследуваат членовите на семејството, туку го отплаќа осигурувачот. Во случај на еден од настаните наведени во делот за покритие, осигурителната компанија го плаќа преостанатиот дел од обврската за кредит, согласно Општите услови на договорот за осигурување. Овој производ не претставува обврска за добивање на кредит, туку е по избор на кредитокорисникот.
Информативен документ за производот за осигурување
Покриени ризици
Покритие
Загуба на живот (смрт) како последица од болест
Загуба на живот (смрт) како последица од незгода
Траен целосен инвалидитет како последица од незгода
Привремена спреченост за работа како последица од болест или незгода
Хоспитализација како последица од болест или незгода
Дознајте повеќе за условите за доброволно осигурување
Општите услови за доброволно осигурување
Често поставувани прашања
Каде можам да поднесам барање за надомест на штета во случај на настаната штета?
Со пополнување на формуларот на овој линк, пријавете го барањето за штета брзо и лесно, без губење време.
Каде сум покриен со осигурување?
Територијалниот опфат на осигурително покритие вклучува осигурителни настани низ целиот свет.
Кои се моите обврски?
Внимателно да ги прочитате информациите пред да дадете согласност за склучување на договорот за осигурување, само откако ќе се уверите дека ова осигурување е соодветно за вас, но во секој случај пред уплата на премијата за осигурување; Да не известите за промени што ве прават неподобни за добивање на ова осигурување.
Кога започнува и кога завршува покритието?
Покритието започнува на денот по уплатена премијата за осигурување.
Покритието завршува кога:
- Го откажувате осигурувањето во период од 14 дена
- При целосна исплата на кредит
- Во случај на настанување на осигурен случај или исплата на максималниот износ на бенефит.
- Кога не живеете/работите во Република Северна Македонија