Со iute сметката твоите финансии се секогаш достапни и под твоја контрола, директно од Myiute.
-
1
Надополни ја сметката
Додади пари во дигиталниот паричник на iute партнерските локации или преку банкарски трансфер.
-
2
Плати сега
Направи ја твојата прва трансакција – плати сега кај нашите партнери и искористи специјални понуди.
-
3
Пристап до нашите банкомати
Со твојот единствен Myiute број веднаш имаш пристап до готовина 24/7 на АТМ-те и на партнерските локации.
-
4
Плати услуги
Плаќај ги сметките за комунални услуги директно преку Myiute.
Често поставувани прашања
Иуте Пеј е институција за електронски пари со дозвола од Народна банка на Република Северна Македонија за издавање на електронски пари и вршење на платежни услуги.
Електронски пари е парична вредност којашто се чува во електронски облик, вклучувајќи и магнетски облик, издадена врз основа на прием на парични средства за цели на извршување на платежни трансакциии, која е прифатена како средство за плаќање од страна на физичко или правно лице, различни од издавачот на електронски пари и која претставува парично побарување од издавачот на електронски пари.
Iute сметка е платежна сметка која ја одржува Иуте Пеј во име на клиент, на која се евидентираат електронски пари и преку која можат да се извршуваат платежни трансакции.
Myiute е мобилна апликација која се користи од страна на Иуте Пеј за да обезбеди информации за платежната сметка и издадените електронски пари, информации за плаќања, прием на месечни извештаи и други информации, поднесување на барање за издавање и откуп на електронски пари, иницирање и согласност за извршување на електронски платежни трансакции, барање на дополнителни услуги и други помошни функции. Клиентот може да ја инсталира Myiute на мобилен уред во негова сопственост, и со телефонски број регистриран во информацискиот систем на Иуте Пеј. Инсталацијата на Myiute се врши на начин кој обезбедува уникатна и сигурна врска помеѓу мобилната апликација и мобилниот уред кој го користи клиентот.
Процесот на отворање на iute сметка се одвива преку мобилната апликација Myiute преку избор на опцијата „Отвори “.
Отворањето и одржувањето на iute сметка се целосно бесплатни.
Во секое време можете да ја проверите состојбата на Вашата iute сметка преку мобилната апликација Myiute.
На мобилната апликација Myiute во делот „Додај пари“ има детални инструкции за процесот на надополнување на парични средства, како и на интернет страницата на iute.mk.
Вашите парични средства можете да ги користите со повлекување готовина преку мрежата на банкомати на Иуте Пеј, со кредитен трансфер кон друга iute сметка (P2P) или платежна сметка кај друг давател на платежни услуги користејќи ја мобилната апликација Myiute.
Испраќање на парични средства на друг имател на iute сметка можете да направите со избирање на опцијата „Користи пари“, а потоа опцијата „Испрати пари“ во апликацијата Myiute и внесување на мобилен телефонски број или избор на контакт од телефонскиот именик.
Листата со извршени трансакции можете да ја пронајдете на мобилната апликација Myiute.
Овие прашања се поставуваат за да се исполнат законските обврски за идентификација и познавање на клиентот и ние како институција сме должни да прибереме информации за своите клиенти, вклучувајќи ги изворот на средствата, целта на деловниот однос и очекуваниот начин на користење на сметката.
Вашите парични средства се важни, затоа Иуте Пеј истите ги чува одвоено од средствата на компанијата, на посебна сметка заради заштита на средствата на клиентите во банка. Тоа овозможува поголема сигурност, јасна заштита и дополнителна доверба при користење на услугите.
Да. Иуте Пеј применува современи безбедносни мерки за заштита на личните податоци и средствата на клиентите. Комуникацијата и преносот на податоци се заштитени со напредни технологии за шифрирање, а пристапот до услугите е обезбеден преку силна автентикација и дополнителни механизми за проверка на идентитетот. Исто така, личните податоци се обработуваат во согласност со важечките прописи за заштита на податоците, а системите редовно се следат и надградуваат за да се одржи високо ниво на безбедност.
Остави податоци - Биди во тек со новините
"*" indicates required fields