Изјава за приватност при вршење на видеонадзор
1. Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?
Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):
-
- Да се контролира пристапот до објектот и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените кај Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
-
- За да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и
-
- Да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад итн.).
Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.
Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).
Камерите за видеонадзор се инсталираат на соодветни фиксни места внатре во експозитурите и се поставени и фокусирани така што снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот (на пример за паркирање).
Системот за видеонадзор ја опфаќа областа на Банкоматот и Влезот во експозитурата].
2. Какви податоци собира Контролорот?
Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.
3. Кој е одговорен за обработка на податоците?
Контролорот е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, Кирил Петровски е лице за контакт и одговорно за видео надзорот.
4. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?
Контролорот користи опрема за видео надзор за:
-
- Заштита на сопственоста;
-
- Заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата и
-
- Обезбедување на контрола на влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории.
Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.
Покрај тоа на влезот на деловните простории на Контролорот, има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.
5. Кој може да ги види моите лични податоци?
До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор. Пристапот до дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците. До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на Управителот на Контролорот.
6. Како да ги контролирате вашите податоци?
Може да испратите барање на начин предвиден во Политиката за приватност на Контролорот, достапна на https://iutecredit.mk/about/politika-za-privatnost/
7. Можам ли да пристапам до моите податоци?
Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно на начин предвиден во Политиката за приватност на Контролорот, достапна на https://iutecredit.mk/about/politika-za-privatnost/
8. Можам ли да ги менувам моите податоци?
Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.
9. Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?
Вие имате право да побарате ограничување на обработката на вашите лични податоци на начин предвиден во Политиката за приватност на Контролорот, достапна на https://iutecredit.mk/about/politika-za-privatnost/. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.
10. Дали можам да ги избришам моите податоци?
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време на начин предвиден во Политиката за приватност на Контролорот, достапна на https://iutecredit.mk/about/politika-za-privatnost/, кога обработката е незаконска.
11. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?
Вашите податоци се чуваат кај Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Споделувањето на Вашите податоци со трети страни е подетално опишано во Политиката за приватност, достапна на https://iutecredit.mk/about/politika-za-privatnost/
12. Дали имам право на приговор?
Да, имате право на приговор, на начин предвиден во Политиката за приватност, достапна на https://iutecredit.mk/about/politika-za-privatnost/.
13. Што можам да направам во случај на проблем?
а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање на е-пошта до и да побарате да преземе акција.
б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на
в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.
14. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.
15. Безбедност на личните податоци
Контролорот е посветен на заштита на Вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат Вашите лични податоци, пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме Вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.
16. Колку долго ги чуваме Вашите податоци?
Контролорот ќе ги чува Вашите лични податоци 30 календарски денови по Вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видео записи автоматски се бришат, освен доколку со друг закон не е предвиден подолг рок на чување.