Во сите бои. Со една цел. Заедно.
Изминатиов период го означивме со учество на две инспиративни трки, кои за нас не беа само километри – туку движење за промена, за надминување на сопствените граници и поставување на нови цели.
🩵Од Зегин „Трка на херои во сите бои 2026“, на којашто трчавме за хуманост и поддршка на лицата со аутистичен спектар, 💜до Авицена женската трка, каде ја славевме силата, здравјето и заедништвото на жените – покажавме дека кога сме заедно, можеме повеќе.
Нашите тимови – од најмлади до најискусни – трчаа со енергија и ентузијазам како да е прва трка.
Секој чекор беше потсетник дека здравите навики, дисциплината и грижата за себе се основа за подобра иднина.
Секој километар – доказ за тимски дух, поддршка и заедничка мотивација.
💛 Овие настани не се само трки, туку приказни за солидарност, самодисциплина и желба да бидеме подобри – за себе и за заедницата.
✨Горди сме што сме дел од иницијативи што инспирираат, поврзуваат и создаваат вистински промени.
🌟Кога трчаме заедно – растеме заедно.
Македонска компанија во срцето на нов дигитален банкарски модел
Кога нулата навистина значи нула – Зошто транспарентноста е клучна во моделот „Купи сега, плати подоцна“
Дигиталната ера напредува, но „нешто“ сѐ уште нè влече назад: Денес е 8ми Март, да честитаме или не?