Назад кон новости

Иуте Македонија станува првото финансиско друштво со интегрирана регистрирана шема за електронска идентификација во партнерство со Evrotrust

Новости
evrotrust

 

Иуте Македонија официјално се приклучува на „Евротруст“ (Evrotrust), заедницата со повеќе од 1,3 милиони корисници, повеќе од 150 глобални клиенти и присуство во 58 различни земји, како прво финансиско друштво што ги спроведе законските регулативи за поседување верификувана регистрирана шема.

Evrotrust е еден од водечките даватели на решенија за дигитален идентитет во Европа со лиценца и воедно првиот регистриран давател на шема за електронска идентификација во земјата, со највисоки безбедносни стандарди за заштита на личните податоци.

 

„Со интеграција на ова решение целосно сме подготвени за спроведување на новата регулатива, со која финансиските друштва, исто како и банките, се обврзани да го идентификуваат клиентот преку регистрирана електронска шема или со физичко присуство. Со оглед на тоа дека апликацијата Myiute е примарен канал на комуникација со нашите клиенти, од идентификација до склучување на договор,  овој зајакнат безбедносен систем, особено што е интегриран во самата апликација, ќе значи дополнителна сигурност, слобода и заштеда на време, како и супериорно корисничко искуство кое на клиентите ќе им овозможи целосна флексибилност при вршење на услугите. Ова е навистина уште еден голем успех за Иуте Македонија и целиот тим кој напорно работеше на имплементација на ова решение, во соработка со најдобрите во класата, Evrotrust.”- вели Биљана Мишиќ, Извршен директор на Иуте Македонија.

Процесот е целосно безбеден, брз и едноставен. Освен што Иуте е единствено финансиско друштво што има мобилна апликација  Myiute, со целосно дигитален процес од апликација до одобрување, отсега целиот процес ќе се врши на идентичен начин, без потреба од дополнително преземање друга апликација и интеграции затоа што безбедносниот механизам ќе биде веќе вграден во постојната апликација на друштвото.

„Нашата мисија е да им помогнеме на земјите и државите во нивниот пат целосно да се дигитализираат и да ги трансформираат деловните процеси обезбедувајќи одржливи дигитални канали, засилена безбедност на личните податоци и усогласеност со сите важечки прописи. Нашата практика покажува значителни подобрувања во ефикасноста и безбедноста по интегрирањето на Evrotrust во системите и, што е најважно, целосно автоматизирано решение од почеток до крај и подобрено корисничко искуство“, вели Константин Безуханов, Извршен директор на Evrotrust.

Примената на нови технологии и проверени дигитални алатки, несомнено, нуди уникатна конкурентска предност на пазарот. Целта на Иуте е да продолжи да биде лидер во дигиталната трансформација и во воведувањето напредни иновативни решенија на пазарот.

evrotrust i iute

Последни вести Сите новости

Заедно за развој на е-трговијата: Шест години партнерство и нови можности преку “Buy now, pay later”

Шеста година по ред, Иуте Македонија е партнер на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, потврдувајќи ја својата континуирана посветеност на развојот на е-трговијата во земјава. Ова партнерство ја отсликува нашата верба дека развојот на посилен дигитален трговски екосистем се гради преку соработка, размена на знаења и практични решенија што одговараат на потребите на бизнисите ипрочитај повеќе
Блог
nikolaj zenevitc

Иуте Пеј започнува со работа – iute сметка отсега достапна во апликацијата Myiute

Иуте Пеј, дел од дигиталната банкарска групација Иуте Естонија со дозвола од Народната банка на РСМ за издавање електронски пари и давање платежни услуги, официјално започна со работа. Првата услуга што им е достапна на клиентите е iute сметка – лична платежна сметка која се отвора целосно дигитално преку апликацијата MyIute, за помалку од еднапрочитај повеќе
Новости
iutepay

Подготовката за зимата започнува пред првиот снег. Што треба да проверат возачите?

Навремената проверка на гумите, исправноста на автомобилот и соодветната зимска опрема се важни за побезбедно возење во студените месеци. Со добро планирање, возачите можат навреме да ги организираат потребните проверки и да ги оптимизираат сезонските трошоци. Пониските температури, дождот, утринскиот мраз и можноста за снег носат поинакви услови на патиштата. Затоа, подготовката на автомобилот непрочитај повеќе
Блог
авто гуми и возило