Назад кон новости

Овој Black Friday, не ги гледај само нулите и попустите!

Блог
Black friday

ОВОЈ BLACK FRIDAY, НЕ ГИ ГЛЕДАЈ САМО НУЛИТЕ И ПОПУСТИТЕ – ПРЕСМЕТАЈ ШТО НАВИСТИНА ДОБИВАШ И КОЛКУ МОЖЕШ ДА ЗАШТЕДИШ

Black Friday потрошувачката треска веќе започна. Големи попусти, впечатливи цени, промотивни пораки и цени со многу нули нè следат на секој чекор. Но, кога сите ветуваат најдобра зделка, како да препознаеме што навистина вреди? Дали најголемиот попуст секогаш значи и најдобра понуда? И колку од она што изгледа привлечно на прв поглед навистина прави разлика во нашиот буџет?

Можеби е време да го смениме начинот на кој гледаме на Black Friday. Наместо да се водиме само од впечатливите промоции и примамливите слогани, да погледнеме што навистина добиваме, колку заштедуваме и каква вредност ни останува. Затоа што, добрата финансиска одлука не се мери според тоа колку гласно е рекламирана понудата, туку според реалната придобивка што ни ја носи.

Токму од оваа перспектива, Иуте годинава носи специјални Black Friday понуди кои ставаат акцент на конкретни финансиски придобивки – пониска месечна рата, значителна заштеда во вкупната отплата и дополнителна вредност при купувањето.

44.496 денари заштеда. Што би направил со нив?

Понекогаш, најдобрата придобивка не е само она што можеш да си го дозволиш денес, туку и она што ќе ти остане за утре. Да го завршиш проектот што долго го одложуваш, да го реновираш домот, да си дозволиш патување или едноставно да имаш повеќе простор во семејниот буџет за други приоритети.

Со специјалната Black Friday понуда за потрошувачки кредит од Иуте, за кредит од 200.000 денари со рок на отплата од 48 месеци, месечната рата наместо редовните 8.498 денари изнесува 7.571 денар. Тоа е 927 денари помала месечна обврска, односно вкупна заштеда од 44.496 денари за целиот период на отплата.

На тој начин, покрај средствата што ги добиваш за реализација на своите планови, остваруваш и конкретна заштеда што можеш да ја насочиш кон други потреби, желби или приоритети.

Потрошувачкиот кредит е со најповолни услови за отплата и пари достапни директно на iute сметка, со можност за подигнување од широката мрежа на банкомати на Иуте.

 

Купувај паметно. Добиј плус 5.000 денари!

Ако веќе имаш нешто на листата за купување, Black Friday носи и дополнителна можност преку iuteMarket.

За купување во вредност над 30.000 денари преку iuteMarket, добиваш iute ваучер во вредност од 5.000 денари. Тоа значи дополнителна вредност покрај купувањето што веќе си го планирал и уште една придобивка што можеш да ја искористиш за следните потреби и желби.Целосната iuteMarket понуда е веќе достапна директно во мобилната апликација Myiute.

Не купувај само затоа што е Black Friday. Избери што навистина ти се исплати!

Black Friday не мора да значи купување по секоја цена, ниту импулсивно одлучување само затоа што некоја понуда изгледа примамливо. Напротив, може да биде добра можност да направиш поинаква пресметка, да ги споредиш придобивките и да избереш понуда што навистина одговара на твоите потреби и можности.

Со двете специјални понуди, Иуте ја става во фокус токму оваа вредност – повеќе простор во личниот буџет, конкретна заштеда и дополнителни можности за реализација на плановите.

Black Friday промотивната понуда за потрошувачки кредит е со важност до 14.12, додека понудата за купување со попусти преку iutemarket важи до 01.12, односно до искористување на залихите и ваучерите.

Aплицирањето е достапно преку мобилната апликација MyIute или преку нашиот контакт центар на 13 333.

Овој Black Friday, гледај подалеку од цената. Гледај што навистина добиваш и колку заштедуваш.

Последни вести Сите новости

Black Friday со Иуте: Купувај паметно преку iuteMarket и добиј плус 5.000 денари

Black Friday е одлична можност да го купиш она што веќе го планираш – нова технологија, апарати за домаќинство, мебел или нешто што ќе го направи секојдневието поубаво. Но, добрата зделка не се мери само според висината на попустот, туку и според тоа што навистина добиваш. За да го искористиш максимумот од Black Friday, важнопрочитај повеќе
iuteMarket
Black Friday nanner iuteMarket

Иуте го зајакнува корпоративното управување на Iute Bank во Украина

Групацијата Иуте го зајакнува корпоративното управување на својата банка во Украина со именување Надзорен одбор составен од членови со значајно меѓународно искуство. Меѓу нив се поранешниот американски дипломат Џорџ П. Кент, поранешниот извршен директор на LHV Group, Мадис Тоомсалу и претседателот на Украинската асоцијација на финтек и иновациски компании, Ростислав Дјук. Сите именувања се одобренипрочитај повеќе

Како да го избереш вистинскиот телевизор за удобни вечери дома

Зимските вечери се создадени за добар филм, омилената серија или фудбалски натпревар во друштво на најблиските. Но, за вистинско уживање, важно е да го избереш телевизорот што најмногу одговара на твојот простор, навики и потреби.  Колку голем екран ти е потребен? Дали вреди да инвестираш во QLED технологија? Kои карактеристики навистина прават разлика?  Во продолжениепрочитај повеќе
Блог
Паметен телевизор на дрвена комода во модерна дневна соба