Назад кон новости

Солидарност на дело и крводарителска акција на Иуте, во партнерство со Сојузот на извидници на Македонија

Настани

 

Веќе 4 години по ред тимот на Иуте Македонија самоиницијативно организира крводарителски акции, како дел од стратегијата за поддржување на добри каузи и општествено-одговорни активности.

Оваа година се одлучивме да се приклучиме на тимот на прв Скопски извиднички одред и Сојузот на извидници на Македонија, водени од визијата дека делиме иста заложба и сметаме дека сме погласни кога сме сплотени и помногубројни.

Она што сакавме да го постигнеме меѓу останатото е да ги поддржиме овие млади луѓе и нивните активности на правење на добри дела, а токму денешната активност и акција беше дел од нивните проекти за добри дела, во знак на одбележување на светскиот ден на извидниците

Нашата главна заложба и желба беше да истапиме заеднички и погласно и да дадеме пример и да подигнеме свесност за непходноста од што помасовно приклучување кон вакви акции.

Кога стануа збор за вакви и слични активности, Иуте секогаш со огромно задоволство зема учество, а она што особено не радува е се поголемата бројка на учесници и вработени, која од година до година расте.

Горди сме на тимот, во којшто имаме колеги кои оваа  година одбележуваат и јубилеј од 10 дарувања.

Голема благодарност до Црвен Крст Скопје, како и Сојузот на извидничи и Првиот Скопски извиднички одред.

Им посакуваме уште многу успешни проекти и добри дела како денешниов ден, продолжете да служите како пример.

Делиме иста кауза и секогаш е поубаво кога тоа го правиме заедно.

Да продолжиме да покажуваме солидарност на дело.

 

Последни вести Сите новости

Подготвени за новата учебна година: Практична листа за полесно секојдневие 📝

Нова учебна година не значи само нови тетратки и учебници. Со неа доаѓаат и раните станувања, домашните задачи, онлајн истражувањето, спортските активности, семејните обврски и враќањето во добро познатиот ритам. Затоа, наместо да размислувате само за тоа што треба да купите, размислете за тоа што може да ви го олесни секојдневието. Од удобен простор запрочитај повеќе
Блог

Полесно враќање на училиште: Сè што ви треба за попаметен почеток 💡

Нова учебна година значи нови навики, нови предмети и нова листа на работи што ви се потребни. Со iuteMarket, подготовките за новата учебна година стануваат полесни – на едно место ве очекуваат практична технологија, мебел и издвоени понуди за училиште, факултет и секојдневниот живот на целото семејство. Оваа година, размислувајте подалеку од купување на најновиотпрочитај повеќе
Блог

Разладете го домот ова лето со вистинскиот клима уред

Летните горештини знаат брзо да го претворат домот во непријатно место за одмор и секојдневни активности. Без разлика дали работите од дома, се релаксирате со семејството или едноставно сакате мирен сон во текот на ноќта, квалитетен клима уред може значително да го подобри комфорот во вашиот дом. Како да ја изберете вистинската клима? При изборотпрочитај повеќе
Блог
dnevna so klima ured