Назад кон новости

Спортското игралиште во Инџиково отсега уште позелено Иуте заедно со пријателите засадија 150 садници

Настани

На официјалниот настан кој се одржа викендов под мотото Растеме заедно, на спортското игралиште Инџиково во Општина Гази Баба беа засадени 150 дрва, преку директна донација и поддршка од Иуте Македонија.

Донацијата е резултат на меморандумот за соработка помеѓу Иуте и Општина Гази Баба, со којшто не само што се обезбедуваат насади за пошумување, туку и нивна одржливост низ годините.

За време на настанот присуствуваа и дечињата од СОС детско село кои заедно со тимот на Иуте, дечињата од Гази Баба и фудбалскиот клуб, добија дрво со свое име и иницијали, кое ќе биде засадено и ќе се одржува низ годините како симбол на растење и придонес кон позелена околина.

“Навистина сме горди на овој проект и особено на партнерството со нашите пријатели од Man and Mountain, на тој начин приклучувајќи се кон најголемите еко иницијативи во нашава земја, на кои ќе се посветиме со ист интензитет и ентузијазам како и денес.
На овој начин не само што даваме придонес кон позелена околина, туку обезбедуваме одржливост и континуитет, и најважно од се, креираме вредности кај децата уште од мали нозе.”, изјави Биљана Мишиќ, Извршен директор на Иуте Македонија.

“Иуте како наш стратешки партнер веќе четврта година ја поддржува работата и мисијата на СОС Детско село. Голема благодарност што нé вклучија во оваа општествено-одговорна акција, особено што посадените дрвца се наоѓаат на само неколку чекори до нас.”- додаде Силвија Брајовиќ, Директор на оддел за собирање средства и комуникации во СОС Детско Село.

Оваа донација е само почеток и дел од планираните активности кои Иуте ќе продолжи да ги реализира како општествено-одговорна компанија која континуирано инвестира во заедницата, а овој настан е еден од низата кои имаат за цел да ја вратат вербата во моќта на заедничките иницијативи и индивидуалниот придонес за подобро утре, преку контунуирано работење на подигнување на свесноста во секоја општествена пора.

Последни вести Сите новости

Назад на училиште или во канцеларија – обновени уреди што ги поддржуваат твоите цели

Крајот на летото секогаш носи измешани чувства. Од една страна, се збогуваме со безгрижните денови, патувањата и заслужениот одмор. Од друга страна, есента носи нова енергија, нови почетоци и можност повторно да се фокусираме на нашите цели. Без разлика дали се подготвуваш за нова учебна година, враќање во канцеларија или нови деловни предизвици, успехот најчестопрочитај повеќе
Блог
iPhone обновен уред

Iute Group: Растот на Myiute ја забрзува трансформацијата кон дигитален финансиски екосистем

Групацијата Иуте – дигитална банкарска групација фокусирана на секојдневни финансиски услуги во Југоисточна Европа, ги објави резултатите од работењето во првото полугодие на 2026 година, со вкупни приходи кои достигнаа 66.1 милиони евра, што претставува раст од 11.1% во однос на истиот период минатата година и нето добивка во износ од 4.1 милиони евра. Групацијатапрочитај повеќе
Новости
Myiute app

Подготвени за новата учебна година: Практична листа за полесно секојдневие 📝

Нова учебна година не значи само нови тетратки и учебници. Со неа доаѓаат и раните станувања, домашните задачи, онлајн истражувањето, спортските активности, семејните обврски и враќањето во добро познатиот ритам. Затоа, наместо да размислувате само за тоа што треба да купите, размислете за тоа што може да ви го олесни секојдневието. Од удобен простор запрочитај повеќе
Блог