Назад кон новости

Iute официјално влегува на осигурително-брокерската сцена

Новости

Iute официјално влегува на осигурително-брокерската сцена преку докажана меѓународна експертиза и напредна иновативна технологија

 

Со добиеното решение за вршење на осигурително-брокерски работи издадено од Агенцијата за супервизија и осигурување, официјално започна со работа Iute Safe.

Како дел од од мултинационалната естонска групација Iute Group AS – една од најбрзо-растечките компании во Европа, под чијашто капа работи и Iute Macedonia, Иуте Сафе АД Скопје отсега па натаму ќе биде посредник за осигурителни полиси во сите класи на осигурување, вклучувајќи не-животно и животно осигурување.

“Iute Safe е продолжение на една убава приказна која започна со Iute пред 8 години и групацијата од Естонија која постои повеќе од 16 години, чиешто искуство, докажана експертиза и уникатни предности ќе ни овозможат да бидеме секогаш чекор напред во делот на користење на иновативни процеси и врвна технологија и секако, дополнителни бенефиции за нашите клиенти и овозможување на пристап до секаков вид на полиси за осигурување, со можност за отплата на рати ”- вели Борјан Колемишевски, Генерален Директор на Iute Safe.

Целта на Iute Safe ќе биде да обезбеди најдобри понуди за осигурување на пазарот, преку стратешки партнерства со реномирани и докажани осигурителни компании, развиена продажна мрежа, персонализиран пристап и конкурентни цени. Како дел од групацијата, со веќе докажан кредибилитет, Iute Safe ќе понуди на пазарот еден нов свеж модел и пристап кон клиентите, потпирајќи се на интернационална докажана експертиза и локален искусен тим од докажани професионалци во областа.

Како уникатно обележје, компанијата ќе ја има можноста да бенефицира од сите досега веќе имплементирани алатки, апликации и напредни дигитални решенија, во функција на целосна дигитализација на процесот, од апликација до потпишување.

По повод официјалното влегување на пазарот, Iute Safe промовираше специјална понуда за патничко осигурување со валидност од 1 година, покритие до 90 дена во годината, и тоа по цена за 30 дена,  без франшиза и овозможена 24/7 асистенција за помош. Повеќе информации се достапни на нашата веб страница.

Последни вести Сите новости

5 причини зошто да го изберете iPhone 18 Pro Max

Барате најповолна цена за iPhone 18 Pro Max во Македонија? Најголемиот и најмоќен iPhone од најновата генерација на Apple е достапен во продажба од 18 септември 2026 година. На iuteMarket, заклучно со 20 октомври, моделот со 256 GB меморија во елегантна бордо боја е достапен по цена од 103.990 денари, со бесплатна достава и флексибилнипрочитај повеќе
iuteMarket
iPhone понуда

Обновена технологија: паметен избор за подобар уред

Кога бараш нов телефон, едно од првите прашања е: Да купам нов или половен? Денес постои и уште една опција – обновена технологија (refurbished). Обновениот телефон или уред не е едноставно користен производ кој повторно се продава. Пред да стигне до својот нов сопственик, тој поминува низ процес на проверка, тестирање и подготовка за повторнапрочитај повеќе
Блог
iPhone обновен уред

Како BNPL го менува начинот на кој купуваме

Начинот на кој купуваме онлајн се менува. Ако порано одлуката најчесто се сведуваше на „плаќам веднаш или се откажувам“, денес новите модели на плаќање им даваат на купувачите поголема флексибилност, а на е-трговците нови можности за раст. Едно од решенијата кое сè повеќе станува дел од оваа промена е BNPL (Buy Now, Pay Later) –прочитај повеќе
Интервју
интервју