Viber
Назад кон новости

Дигитална инклузија за сите

Настани

Иуте се приклучи на мисијата на “Донирај компјутер” и донираше компјутерска опрема

Денес се дружевме со драги и хумани луѓе од Донирај компјутер, кои успејаа една обична идеја пред 5 години поправајќи компјутери за социјално-загрозени семејства да претворат во општествена иницијатива со големи размери и импакт.

Иуте официјално се приклучи на нивната иницијатива со донација од преку 45 парчиња компјутерска опрема, кои наскоро ќе го најдат своето место онаму каде што е најпотребно.

За нивната работа и општествен придонес знаеме веќе одамна, а благодарејќи на нивната заложба и добрата волја на поединци и компании, досега над 3000 компјутери беа донирани на социјално-загрозени семејства, а дополнително се опремени десетици училници и општини со потребната компјутерска опрема.

Преку дигитална инклузија на децата, ги поставуваме столбовите на идните општествени позитивни промени. За подобро образование и еднаков пристап до ресурси за сите.

Само со заеднички сили можеме да овозможиме подобро образование и пристап до дигиталните ресурси до секој што има потреба.

Како компанија, веруваме дека еднаквиот пристап до технологија е клучен чекор кон еднакво образование за сите и поеднаков пристап до дигиталните технологии. На тој начин помагаме да се затвори јазот, особено кога станува збор за ранливите категории.

Секој најмал исчекор е важен, особено гледајќи ја големата слика.

Благодарност до целиот наш Иуте тим кој учествуваше во организацијата и секако до Борче Стаменов и целата негов екипа за несебичната посветеност кон мисијата.

Последни вести Сите новости

Обновена технологија: паметен избор за подобар уред

Кога бараш нов телефон, едно од првите прашања е: Да купам нов или половен? Денес постои и уште една опција – обновена технологија (refurbished). Обновениот телефон или уред не е едноставно користен производ кој повторно се продава. Пред да стигне до својот нов сопственик, тој поминува низ процес на проверка, тестирање и подготовка за повторнапрочитај повеќе
Блог
iPhone обновен уред

Како BNPL го менува начинот на кој купуваме

Начинот на кој купуваме онлајн се менува. Ако порано одлуката најчесто се сведуваше на „плаќам веднаш или се откажувам“, денес новите модели на плаќање им даваат на купувачите поголема флексибилност, а на е-трговците нови можности за раст. Едно од решенијата кое сè повеќе станува дел од оваа промена е BNPL (Buy Now, Pay Later) –прочитај повеќе
Интервју
интервју

Назад на училиште или во канцеларија – обновени уреди што ги поддржуваат твоите цели

Крајот на летото секогаш носи измешани чувства. Од една страна, се збогуваме со безгрижните денови, патувањата и заслужениот одмор. Од друга страна, есента носи нова енергија, нови почетоци и можност повторно да се фокусираме на нашите цели. Без разлика дали се подготвуваш за нова учебна година, враќање во канцеларија или нови деловни предизвици, успехот најчестопрочитај повеќе
iuteMarket
iPhone обновен уред