Советник за наплата

Доколку сте заинтересирани за овој оглас испратете ја Вашата биографија на

Иуте Македонија е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS, избрана за една од најбрзо-растечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш како лидери на финтек пазарот и пионери во дигиталната трансформација создаваме исклучително корисничко искуство.

Нашиот тим се шири и во потрага сме на нов член кој ќе му се придружи на тимот за да ја направиме нашата одлична работна средина уште поубава и приказната уште поуспешна.

Во врска со нашиот постојан и брз развој, бараме:

Советник за наплата (Debt Advisor)

Главни одговорности:

  • Телефонска и пишана комуникација со клиентите со цел отплата на заостанатиот долг и информирање за степенот на задоцнување до кој е стигнат кредитот;
  • Достава на писмени известувања зависно од степенот на доцнење по сите канали на комуникација;
  • Ефективно разговарање и преговарање со клиентите преку проценка на нивната финансиска состојба во насока на дејствување целосна или повисока наплата;
  • Утврдување на причините за доцнење и посочување на последиците од неплаќање;
  • Враќање на клиентот на вистинскиот пат за редовна отплата на кредитот согласно неговиот амортизационен план преку финансиско советување;
  • Нудење на опции за рефинансирање и промена на амортизационен план;
  • Доследно следење на ветените уплати до нивна конечна реализација;
  • Идентификација и пријава на сомнителни случаи согласно Процедурата за работа;

Вештини и способности:

  • Универзитетска диплома ќе се смета за предност
  • 1 година претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик, а познавање на албански јазик ќе се смета за предност
  • Одлични комуникациски способности (вербални и писмени)
  • Силно развиени убедувачки и преговарачки вештини
  • Организиран и фокусиран кон детали
  • Напреден MS Office пакет
  • Личен интегритет, како и способност за самостојно одлучување во согласност со секојдневните работни задачи

 

Компанијата нуди:

  • Атрактивна плата и бонуси
  • Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
  • Можност за стручни и едукативни обуки
  • Настани поврзани со поттикнување на тимски дух

Зошто да работите во Iute Macedonia:

  • Поседуваме пријатни и убави канцеларии
  • Работиме на интересни, предизвикувачки работни задачи секојдневно
  • Нашата динамична работна култура значи дека мислењето на секој вработен е важно. Можете да придонесете и да дадете свој печат
  • Брзиот развој подразбира дека има многу можности за развој
  • Правилен избор доколку сакате да бидете дел од мултикултурен, разнолик тим
  • Редовни интересни активности, натпреварувања и бенефиции за вработените

Заинтересирани?

Доколку сте пријателски насочен, независен и професионален тимски играч, одлично ќе се вклопите во нашиот тим! Испратете ја Вашата биографија на со назнака Советник за наплата не подоцна од 16.06.2024 година.

Сите апликации се земаат во предвид со високо ниво на доверливост. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа, давате согласнот Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кандидати спроведен од страна на Иуте Македонија. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту пак, достапни на трети лица.

 

Испратете го вашето CV

"(задолжително)" indicates required fields

Прикачете CV (задолжително)