Назад кон новости

3 години Myiute

Новости

Мобилната апликација на Иуте одбележува 3 години од нејзината имплементација на пазарот

Преку иновативно решение, до полесно управување со финансиите и заштита на околината

Како финтек компанија и лидер на пазарот, мисијата на Иуте отсекогаш била креирање на исклучително и поразлично корисничко искуство преку надминување на очекувањата на нашите корисници, но на патот кон таа мисија, одржливоста и етичкиот бизнис пристап кон заштита на околината во голема мера влијае на креирање на идните планови.

Одржливоста денес во светот е основна парадигма на работењето на компаниите. Како компанија во чијашто определба цврсто стои дигитализацијата, пионерство во иновации и зголемување на користењето на дигиталните алатки, Иуте Македонија пред точно 3 години ја воведе на пазарот првата и засега единствена мобилна апликација, преку која клиентите можат да го завршат целиот процес комплетно без харија, од аплицирање до одобрување на заем и потпишување,

Приказната на Myiute има навистина многу што да раскаже во изминативе 3 години.

Од нејзината имплементација на групациско ниво во 2020та се до денес, со повеќе од пола милион корисници и 88% од потпишанитe договори за кредит дигитално преку Myite, беа заштедени 2.6 милиони листови А4 хартија, односно 13 тони хартија и 12 тони неемитуван CO2.

Со оглед на тоа што самиот процес не бара физичко присуство на клиентот во филијала, за транспорт, на ниво на групаcија се заштедени дополнителни 2 тона CO2.  Апроксимативно неизодени 1.4 милиони километри, кои не само што придонеле кон почиста околина, туку и кон поефикасно користење на времето.

Воедно групациската АТМ мрежа не работи на стандарден пристап со пластични картички, туку со кодови, со што се намалува непотребното продуцирање на пластика.

Myiute во Македонија полека се ближи до бројката од 150.000 симнувања, а како апликација која е врвна од технолошки аспект, придонесува кон заштита на околината, но и овозможува полесно управување со финансиите, на едноставен, безбеден и комфорен начин.

Што сé можете да направите преку Myiyte?

-Можност да го дознаете и располагате со вашиот паричен лимит, во секое време и било каде

-Пристап до вашите средства 24/7

-Купување на рати по моделот “Buy now, pay later” и пристап до нашата мрежа од повеќе од 650 партнери низ Македонија

-Брзи плаќања преку паметен телефон со скенирање на QR кодот

Иуте силно го продолжува ESG концептот, со јасно дефинирани приоритети и мерливи цели. Продолжуваме да инвестираме во финансиска едукација на граѓаните, академската заедница, спортот и почиста животна средина, секаде каде што можеме да креираме импакт.

Последни вести Сите новости

Назад на училиште или во канцеларија – обновени уреди што ги поддржуваат твоите цели

Крајот на летото секогаш носи измешани чувства. Од една страна, се збогуваме со безгрижните денови, патувањата и заслужениот одмор. Од друга страна, есента носи нова енергија, нови почетоци и можност повторно да се фокусираме на нашите цели. Без разлика дали се подготвуваш за нова учебна година, враќање во канцеларија или нови деловни предизвици, успехот најчестопрочитај повеќе
Блог
iPhone обновен уред

Iute Group: Растот на Myiute ја забрзува трансформацијата кон дигитален финансиски екосистем

Групацијата Иуте – дигитална банкарска групација фокусирана на секојдневни финансиски услуги во Југоисточна Европа, ги објави резултатите од работењето во првото полугодие на 2026 година, со вкупни приходи кои достигнаа 66.1 милиони евра, што претставува раст од 11.1% во однос на истиот период минатата година и нето добивка во износ од 4.1 милиони евра. Групацијатапрочитај повеќе
Новости
Myiute app

Подготвени за новата учебна година: Практична листа за полесно секојдневие 📝

Нова учебна година не значи само нови тетратки и учебници. Со неа доаѓаат и раните станувања, домашните задачи, онлајн истражувањето, спортските активности, семејните обврски и враќањето во добро познатиот ритам. Затоа, наместо да размислувате само за тоа што треба да купите, размислете за тоа што може да ви го олесни секојдневието. Од удобен простор запрочитај повеќе
Блог