Назад кон новости

Нова експозитура Велес

Новости

Иуте со нова експозитура во Велес и специјална понуда за кеш кредит

Денеска, 7ми февруари, 2024 година, официјално се отвори и започна со работа првата експозитура на Иуте во Велес, а вкупно 11-та на територијата на Македонија.

Отворањето на новата експозитура е дел од стратешкиот план на Иуте Македонија за проширување на мрежата на експозитури, што само во првиот квартал предвидува отворање на уште пет нови експозитури ширум државава.

На тој начин жителите на овие градови ќе добијат можност освен преку  дигиталните канали и , да стапат во контакт со претставници на Иуте и физички, добивајќи пристап до обучен тим на советници кои можат да им понудат на клиентите најдобра понуда и совети за подобро финансиско планирање.

По повод отворањето на експозитурата, компанијата Иуте подготви специјална понуда за своите корисници. До крајот на март, сите клиенти кои ќе аплицираат во експозитурата или по други канали, а се со адреса на живеење во Велес (според лична карта), ќе може да ја искористат промотивната понуда за кеш кредит до 400.000 денари на 48 рати со 0% камата.

Иуте помина долг пат за да стигне до одредено ниво на дигитална трансформација и имплементирање на напредно корисничко искуство, а воедно е и единствена компанија што  поседува мобилна апликација преку која може брзо и безбедно да се заврши процесот од аплицирање до добивање на средствата. Од друга страна, сакаме да бидеме поблиску и на располагање на сите клиенти што поудобно се чувствуваат кога лично комуницираат со нашите вработени, а  една од главните задачи ни е да излеземе пресрет на нивните потреби. На тој начин, како што се зголемуваше интересот за нашите услуги, така растеше и бројката на експозитури.  Паралелно со процесот на експанзија, ќе продолжиме и понатаму посветено да работиме на унапредување на дигиталните процеси и автоматизација, особено во делот на корисничкото искуство. Со голема одговорност ја прифативме улогата не само на лидер на пазарот, туку пред сé и лидер во едукација на клиентите”- изјави Анета Ѓеорѓиев, директор на одделот за корисничко искуство во Иуте.

Експозитурата на Иуте во Велес која што е лоцирана на улица „Архиескоп Михаил 4“ (поранешна ул. „Владимир Назор“), ќе работи од понеделник до сабота од 9 до 17 часот и истата е опремена согласно новиот бренд идентитет на Иуте.

Компанијата Иуте Кредит Македонија, која е дел од групацијата Иуте Естонија со  седиште во Талин, на крајот на минатата година официјално се ребрендираше и продолжи да работи под името Иуте Македонија. Ребрендирањето е дел од стратегијата на групацијата за проширување на обемот на работа и услуги на пазарот, со што покрај кредитирањето ќе понуди и платежни услуги и осигурување.

Последни вести Сите новости

Зимски трошоци под контрола – планирање, приоритети и паметно купување

Зимски трошоци под контрола – планирање, приоритети и паметно купување   Празниците и масовните шопинг периоди се веќе позади нас, но и покрај тоа, зимските месеци се обично долги и често значат брзо “излевање” на семејниот буџет— од високи сметки за режија,  до зимски патувања, екскурзии и други непланирани трошоци. Токму затоа е важно паметнотопрочитај повеќе
Блог
купи сега, плати подоцна
BNPL Buy now pay later online shopping concept. Businessmen holding a smartphone with icons of BNPL.e-commerce.

Иуте Македонија станува партнер на Generalka Weekend и проектот Сончева Гора

Иуте Македонија станува партнер на Generalka Weekend и проектот Сончева Гора   Приказната која ја започнавме пред две години заедно со нашите пријатели и партнери од Man & Mountain преку иницијативата „Растеме заедно“, добива нова димензија, форма и континуитет. Иуте Македонија официјално станува партнер на најмасовната еколошка акција во земјава – Generalka Weekend, како ипрочитај повеќе
Настани

Година на квалитетен раст и структурно зајакнување на групацијата Иуте-реализирани приходи од 124,6 мил. евра и нето добивка од 9.9 мил. евра

Иуте Македонија како стабилен столб на групацијата, со двоцифрен раст и  квалитетно портфолио   Естонската групација Иуте – дигитална банкарска групација која обезбедува кредитирање, плаќања и посредување во осигурување на пазарите во Југоисточна Европа, ги објави неревидираните резултати од работењето во 2025 година. Групацијата бележи раст и во обем и во оперативен квалитет, со внимателнопрочитај повеќе
Новости
default