Viber
Назад кон новости

Нова експозитура Велес

Новости

Иуте со нова експозитура во Велес и специјална понуда за кеш кредит

Денеска, 7ми февруари, 2024 година, официјално се отвори и започна со работа првата експозитура на Иуте во Велес, а вкупно 11-та на територијата на Македонија.

Отворањето на новата експозитура е дел од стратешкиот план на Иуте Македонија за проширување на мрежата на експозитури, што само во првиот квартал предвидува отворање на уште пет нови експозитури ширум државава.

На тој начин жителите на овие градови ќе добијат можност освен преку  дигиталните канали и , да стапат во контакт со претставници на Иуте и физички, добивајќи пристап до обучен тим на советници кои можат да им понудат на клиентите најдобра понуда и совети за подобро финансиско планирање.

По повод отворањето на експозитурата, компанијата Иуте подготви специјална понуда за своите корисници. До крајот на март, сите клиенти кои ќе аплицираат во експозитурата или по други канали, а се со адреса на живеење во Велес (според лична карта), ќе може да ја искористат промотивната понуда за кеш кредит до 400.000 денари на 48 рати со 0% камата.

”Иуте помина долг пат за да стигне до одредено ниво на дигитална трансформација и имплементирање на напредно корисничко искуство, а воедно е и единствена компанија што  поседува мобилна апликација преку која може брзо и безбедно да се заврши процесот од аплицирање до добивање на средствата. Од друга страна, сакаме да бидеме поблиску и на располагање на сите клиенти што поудобно се чувствуваат кога лично комуницираат со нашите вработени, а  една од главните задачи ни е да излеземе пресрет на нивните потреби. На тој начин, како што се зголемуваше интересот за нашите услуги, така растеше и бројката на експозитури.  Паралелно со процесот на експанзија, ќе продолжиме и понатаму посветено да работиме на унапредување на дигиталните процеси и автоматизација, особено во делот на корисничкото искуство. Со голема одговорност ја прифативме улогата не само на лидер на пазарот, туку пред сé и лидер во едукација на клиентите”- изјави Анета Ѓеорѓиев, директор на одделот за корисничко искуство во Иуте.

Експозитурата на Иуте во Велес која што е лоцирана на улица „Архиескоп Михаил 4“ (поранешна ул. „Владимир Назор“), ќе работи од понеделник до сабота од 9 до 17 часот и истата е опремена согласно новиот бренд идентитет на Иуте.

Компанијата Иуте Кредит Македонија, која е дел од групацијата Иуте Естонија со  седиште во Талин, на крајот на минатата година официјално се ребрендираше и продолжи да работи под името Иуте Македонија. Ребрендирањето е дел од стратегијата на групацијата за проширување на обемот на работа и услуги на пазарот, со што покрај кредитирањето ќе понуди и платежни услуги и осигурување.

Последни вести Сите новости

Иуте Пеј започнува со работа – iute сметка отсега достапна во апликацијата Myiute

Иуте Пеј, дел од дигиталната банкарска групација Иуте Естонија со дозвола од Народната банка на РСМ за издавање електронски пари и давање платежни услуги, официјално започна со работа. Првата услуга што им е достапна на клиентите е iute сметка – лична платежна сметка која се отвора целосно дигитално преку апликацијата MyIute, за помалку од еднапрочитај повеќе
Новости
iutepay

Подготовката за зимата започнува пред првиот снег. Што треба да проверат возачите?

Навремената проверка на гумите, исправноста на автомобилот и соодветната зимска опрема се важни за побезбедно возење во студените месеци. Со добро планирање, возачите можат навреме да ги организираат потребните проверки и да ги оптимизираат сезонските трошоци. Пониските температури, дождот, утринскиот мраз и можноста за снег носат поинакви услови на патиштата. Затоа, подготовката на автомобилот непрочитај повеќе
Блог
авто гуми и возило

Летното тело се гради на есен: План за вежбање дома | iuteMarket

Летната форма не се создава преку ноќ, ниту само неколку недели пред летниот одмор. Таа се гради постепено, во текот на есента и зимата, кога деновите стануваат пократки, времето е постудено, а мотивацијата за тренинг често опаѓа.  Ако започнете со едноставна рутина за вежбање дома уште сега, до следното лето ќе имате месеци континуирана активностпрочитај повеќе
Блог
iuteMarket traka za vezbanje