Назад кон новости

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје

Настани
Еко Иуте

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје – Го шириме зеленото срце на градот

Минатата година под иницијативата „Растеме заедно“, Иуте Македонија го означи почетокот на едно од своите најзначајни еко-поглавја, со пошумување на детско игралиште во Општина Гази Баба и создавање зелена урбана зона која денес расте, се развива и ја облагородува заедницата.

Оваа година, приказната продолжува и се надградува.

Во партнерство со Општина Аеродром и нашите долгогодишни пријатели Man & Mountain, беше реализирана нова еко-иницијатива за садење дрвја и раззеленување на јавниот простор.

Ова е второ поглавје од нашата мисија за поврзување на општините и заедницата преку зелени иницијативи, како потврда на она што го започнавме и на тој начин, од локална иницијатива преминуваме кон долгорочна заложба за подобар, почист и поодржлив град.

Идејата е да се охрабрат практики кои го подобруваат квалитетот на живеењето, но и да се поттикне граѓанска свест за заштита на животната средина, верувајќи дека вистинските промени се градат постепено, со посветеност и континуитет.

Со садење на нови дрвја, не создаваме само зелена површина, туку наследство, град што дише и порака за идните генерации кои растат заедно со нас, како чувство на припадност, одговорност и заедништво.

Нашата цел е секоја следна генерација да го почувствува она што денес го создаваме со љубов, ентузијазам и заедничка иницијатива.

Оваа акција нека послужи како потсетник дека малите чекори, кога се прават заедно, оставаат големи траги.

 

Последни вести Сите новости

Black Friday – Iute и Ananas ви овозможуваат шопинг до 200.000 денари и на 12 рати, без камата и трошоци

Tехнологијата постојано го менува начинот на кој комуницираме, работиме и се забавуваме. Новиот смартфон што ги следи нашите секојдневни потреби, телевизорот што го претвора домот во мало кино или паметниот уред што ни заштедува време – денес технолошките избори се тесно поврзани со квалитетот и удобноста на секојдневниот живот. Ако веќе размислувате за следниот технолошкипрочитај повеќе
Блог
black friday na iuteMarket

Овој Black Friday, не ги гледај само нулите и попустите!

ОВОЈ BLACK FRIDAY, НЕ ГИ ГЛЕДАЈ САМО НУЛИТЕ И ПОПУСТИТЕ – ПРЕСМЕТАЈ ШТО НАВИСТИНА ДОБИВАШ И КОЛКУ МОЖЕШ ДА ЗАШТЕДИШ Black Friday потрошувачката треска веќе започна. Големи попусти, впечатливи цени, промотивни пораки и цени со многу нули нè следат на секој чекор. Но, кога сите ветуваат најдобра зделка, како да препознаеме што навистина вреди? Далипрочитај повеќе
Блог
Black friday

Black Friday со Иуте: Купувај паметно преку iuteMarket и добиј плус 5.000 денари

Black Friday е одлична можност да го купиш она што веќе го планираш – нова технологија, апарати за домаќинство, мебел или нешто што ќе го направи секојдневието поубаво. Но, добрата зделка не се мери само според висината на попустот, туку и според тоа што навистина добиваш. За да го искористиш максимумот од Black Friday, важнопрочитај повеќе
iuteMarket
Black Friday nanner iuteMarket