Назад кон новости

Електронски пари во Македонија: Ново поглавје во ерата на дигитални финансии

Новости
web baner pr

Што значи лиценцирањето на Институции за електронски пари во Македонија и зошто e ова голема вест за секој граѓанин?

За првпат во нашата земја, Нaродната Банка на Република С.Македонија издаде лиценци на институции за електронски пари, кои покрај издавањето на електронски пари, ќе имаат дозвола и за давање платежни услуги.

Лиценцирањето подразбира влез во новата ера на дигитални финансии, со што Македонија го направи првиот голем чекор кон целосна модернизација на платежниот систем, застанувајќи рамо до рамо со развиените европски пазари, каде институциите за електронски пари веќе успешно функционираат и нудат иновативни решенија за плаќање.

Институциите за електронски пари се појавуваат на нашиот пазар како нов вид на ентитети во областа на плаќањата, каде до сега само банките имаа можност да нудат платежни услуги и да издаваат платежни инструменти. Промените ќе придонесат кон воведување на еден нов начин за управување со личните финансии на модерен, сигурен и лесно достапен начин за сите граѓани.

 

Што се всушност електронски пари?

Електронските пари претставуваат дигитален еквивалент на готовината, наменет за плаќање, без потреба од банкарска сметка. Наместо да носите готовина или физичка картичка, средствата се чуваат на вашата платежна сметка или дигитален паричник кај Институцијата за електронски пари, а се управуваат преку мобилна апликација – брзо, безбедно и секогаш достапно.

Што значи тоа за нас како граѓани и потрошувачи?

Брзи и инстант плаќања 24/7
Нема повеќе чекање на трансакции да се потврдат или средства да „легнат“ на сметка. Со електронските пари, трансакциите се извршуваат во реално време, дури и за време на викенди и празници. Кај трговците средствата пристигнуваат моментално, без доцнење. Ова значи подобар cash flow за нив, поедноставена наплата, како и намалени трансакциски трошоци.

Безбедност и транспарентност
Средствата на клиентите се 100% покриени со пари на посебна сметка за заштита отворена во некоја од банките во државата ,  што е регулирано од страна на НБРМ и усогласено со ЕУ директивите, додека истовремено се почитуваат строгите правила за заштита на лични податоци. Секоја трансакција на клиентите се евидентира во мобилната апликација – јасно и детално, а во однос на поплаките од страна на клиентите им се овозможува брз поврат на средства, што ја зголемува довербата и задоволството од користењето на услугите.

Нема потреба од банкарска сметка или картичка
Институциите за електронски пари овозможуваат инклузија на сите граѓани, дури и оние без класична банкарска инфраструктура, односно без посредување од традиционалните банки, користејќи напредна технологија, дигитални решенија, брзина и флексибилност. Доволно е мобилен телефон за да се купува онлајн – без физички картички и без банкарски формалности.

Можност за бесконтактни плаќања преку QR код
Сè што е потребно е скенирање на QR код – нема внесување на број на картичка или податоци, што го прави плаќањето побезбедно и побрзо. Исто така, институции за електронски пари како IutePay преку своите платформи ќе понудат лесна API интегрирација на онлајн трговците и можност за напредна евиденција на трансакциите.

Дали е безбедно?

Апсолутно. Електронските пари и услугите се строго регулирани со Законот за платежни услуги и платни системи, кој е во целосна согласност со европските директиви за заштита на потрошувачи и финансиска сигурност.

Со лиценцирањето на институции за електронски пари, Македонија го отвора патот кон побрзо, поедноставно и побезбедно користење на финансиски услуги – достапно за секој граѓанин, без разлика каде се наоѓа.

Iute Pay Македонија, дел од естонската групација Иуте, неодамна доби зелено светло од Народната Банка на Република Северна Македонија за издавање електронски пари и давање платежни услуги.

Со оваа лиценца Иуте Македонија го заокружува еко-системот на финансиски услуги, откако по кредитирањето како примарна дејност, од неодамна е присутна и на осигурително-брокерскиот пазар, со започнување на работата на Iute Safe.

Добредојдовте во новата дигитална ера. Со вас е IutePay.

Последни вести Сите новости

Иднината на дигиталните плаќања доби нови автори – Иуте ги прогласи победниците на IutePay студентскиот иновациски предизвик

Како изгледа иднината на дигиталните плаќања кога идеите ги создаваат младите генерации? Одговорот го дадоа студентите кои беа дел од првиот IutePay студентски иновациси предизвик– иницијатива на Иуте Македонија која ги поврза академската заедница и индустријата, отворајќи простор младите да креираат решенија за реални бизнис предизвици. Во изминативе недели, студентски тимови од повеќе високо-образовни институциипрочитај повеќе
Настани
iutePay предизвик

And the future goes to…Ова се победниците на iutePay студентскиот предизвик

  Некои идеи започнуваат како разговор меѓу пријатели. Некои како белешка во телефон. Некои како скица на хартија или решение за проблем кој секојдневно го забележуваме, но ретко се осмелуваме да го промениме. Во изминатите недели, студенти од различни универзитети  одлучија да го направат токму тоа — да размислуваат поинаку, да предизвикуваат status quo ипрочитај повеќе
Новости
iute Pay

Големо партнерство за големи фудбалски моменти – Иуте и МТЕЛ со ексклузивна понуда создадена за најголемите спортски возбудувања

Во периодот кога милиони навивачи ширум светот се подготвуваат за следење на најважните фудбалски натпревари во годината, Иуте Македонија и МТЕЛ започнуваат ново партнерство кое носи ексклузивни придобивки за корисниците. Со оваа соработка, двете компании ги обединуваат дигиталните решенија, современата технологија и флексибилните финансиски услуги со цел да им овозможат на корисниците искуство со уникатнипрочитај повеќе
Новости
Mtel