Често поставувани прашања
Може да аплицираат сите државјани на Македонија со возраст од 18-75 години, со валидна лична карта или пасош и трансакциска сметка.
Кредитите се одобруваат на лица кои се вработени, пензионери или се невработени лица кои имаат редовен месечен прилив на средства за што треба да приложат извод од банка за последните 3 месеци.
Додаток за трето дете или постојана парична помош од државата не се смета како важечки прилив или како дополнителен месечен прилив.
За разгледување на барањето за кредит треба да доставите само валидна лична карта или пасош. Пожелно е да го знаете и бројот на вашата здравствена картичка, кој е наведен и во вашата здравствена легитимација.
Имаме потрошувачки кредити и наменски кредити за лица од 18 до 75 години.
Потрошувачки кредити – ги исплаќаме на трансакциска сметка или можете да си подигнете парични средства на банкоматите на Иуте:
- Износ од 6.000 до 600.000 денари
- Рок на отплата од 2 до 60 рати
Наменски кредити – кај нашите партнери купувате конкретен производ (мобилен, велосипед, апарати за домаќинство, стоматолошки услуги, итн.), кај нас плаќате рати:
- Износ од 6.000 до 400.000 денари
- Рок на отплата до 48 рати
Можете да аплицирате:
- преку нашата мобилна апликација Myiute
- на калкулаторот на нашата веб страница
- кај нашите трговски партнери со кои имаме склучено договор за соработка
- можете да добиете асистенција за аплицирање и во нашите експозитури на следните локации
Договорот за кредит може да се потпише:
- електронски, со најава на мобилната апликација Myiute
преку смс код кој корисникот го добива при најавата, при што потврдува електронско потпишување на договорот кој му е на увид преку самата апликација
- во нашите експозитури на следните локации:
- за наменски кредит кај нашите трговски партнери со кои имаме склучено договор за соработка.
Видео инструкции со детално објаснет процес преку app Myiute – Од аплицирање до потпишување на договор за кредит
Процесот на аплицирање и потпишување на договорот за потрошувачки кредит преку мобилната апликација Myiute можете да го погледнете на следното видео:
Парите од одобрениот кредит ќе бидат достапни веднаш за користење преку мрежата на банкомати на Иуте или од вашата банкарска сметка, во рок не подоцна од 3 дена, зависно од банката во која е вашата сметка и времето во кое сте аплицирале за кредит.
Датумот кога треба да платите, вашиот клиентски број и сметките се наведени:
- на картончето кое ви го даваме при потпишување на договор во експозитура или кај трговски партнер,
- во смс пораката со која ве известуваме дека кредитот е одобрен
На уплатницата задолжитено во цел на дознака наведете го вашиот клиентски број и ЕМБГ на корисникот на кредит.
На следниве банкарски сметки може да ги платите вашите доспеани обврски:
- Комерцијална Банка 300000004121566
- Стопанска Банка АД Скопје 200003209385836
- Пошта на сметка на Халк Банка 270072212900120
- Халк Банка – 270072212900120
- Уни Банка 240010110632845
- НЛБ Банка 210072212900307
Пример уплатница
Во прилог можете да го погледнете видеото со инструкции за преглед на состојбата на кредитните обврски, како и плаќање на рата Myiute:
Како лесно и брзо да платите месечна рата преку мобилната апликација Myiute
Клиентскиот број е содржан во:
– насловот од рамковниот договорот за кредит кој сте го потпишале во експозитура, кај партнерите или во вашата Myiute апликација.
– секоја СМС порака со која ве известуваме дека:
o кредитот ви е одобрен или
o ви доспева рата за плаќање
Да, може да го вратите кредитот и предвремено во било кој момент.
За да ви ги појасниме деталите за предвремената отплата контактирајте нѐ:
- преку MyIute апликацијата
- телефонски на 13 333
- преку е-маил на:
- во некоја од нашите експoзитури
Може да го одложите плаќањето на рата за дополнителни 17 дена, со еднoкратен надомест од 300 денари.
Овој износ од 300 денари станува дел од рата и мора да се плати со ратата која се одложува.
Одложување на рата можете да направите преку следните начини:
- преку MyIute апликацијата
- во некоја од нашите експoзитури
Во секое време може да имате увид во износот на ратата, датумот кога треба да платите и состојбата на секој ваш кредит со најава на мобилната Myiute апликација.
Кликнете на Myiute и внесете го вашиот матичен број или со претходно активирано биометриско најавување.
Во прилог видео со инструкции – Како лесно и брзо да платите месечна рата преку мобилната апликација Myiute
Во секое време може да проверите дали вашиот кредит е затворен со Myiute.
Најавете се на апликацијата и изберете го бројот на вашиот кредит за пристап кон податоците. Доколку кредитот е затворен во сите полиња стои 0 (нула).
Датумот на плаќање, согласно предвидениот амортизационен план, засега не може да се промени. Тој останува ист секој месец со цел клиентите правилно и навремено да го планираат својот месечен буџет. Доколку имате активен кредит кој е во доцнење, можете да се обратите во службата за наплата на телефон 02 3 149 993 со цел да се разгледа можноста за реструктурирање на договорот – со подолг период на отплата и понизок износ на месечната рата. Во рамки на процесот на реструктурирање, може да се разгледа и прилагодување на датумот на доспевање на ратата, односно промена на датумот на плаќање.
Доколку вашиот договор е раскинат (кредитот е доспеан во целост) и не можете да ги платите ратите и пеналите за кредитот, нашиот тим од секторот за наплата ви е на располагање со цел да ви понуди нов реструктуриран кредит под посебни услови и за овој кредит можете да закажете консултација на следниот контакт број 02 3149 993.
Во ваш најдобар интерес е да не го одложувате плаќањето на ратите, бидејќи со доцнењето се изложувате на дополнителни трошоци поврзани со задоцнувањето. Доколку доцните со плаќање, согласно договорот и во зависност од бројот на денови на задоцнување, ќе бидат пресметани трошоци и задолжувања согласно тарифникот.
Повеќе инфо за тарифирањето тука.
Можете да заработите поени со навремено враќање на вашите кредити, со секоја нова кредитна изложеност во Иуте, со препорачување на кредитната услуга на пријател преку уникатниот линк или скенирање на QR код од Myiute app, како и учество во кампањи и промоции во даден временски период. Следете ги известувањата за да ги искористите овие можности. Повеќе на следниот линк
Поените од програмата за лојалност може да се искористат за купување на производи во SuperMart при онлајн шопинг. Наскоро, нови партнери ќе бидат додадени во програмата, и со тоа ќе ви биде овозможено користење на поените во различни партнерски продавници. Поените можат да се искористат само преку апликацијата Myiute.
Можете да ги видите вашите акумулирани поени во Myiute >> Мој профил >> iutePlus Програма за лојалност или следете го линкот.
Споделете уникатен код или линк на пријателот, а тој треба да го внесе при регистрација во Myiute апликацијата во моментот на креирање на профилот.