Отворен студентски повик – Дизајнирај launch стратегија за Iute Pay

Iute Pay predizvik

Иднината на плаќањата се менува. Iute Pay носи нов начин на користење на парите – едноставно, брзо и целосно дигитално.

Сега е твој ред да бидеш дел од оваа промена и доаѓа моментот каде ти влегуваш во приказната.

Не како корисник, туку како некој што може да ја дефинира иднината.

За Iute Pay

Iute Pay е дел од естонската групација Iute Group, дигитална банкарска групација која го трансформира начинот на кој граѓаните пристапуваат до финансиски услуги.
Сега, Iute Pay гради дигитален финансиски екосистем. Искористете ја  можноста да бидете дел од лансирањето на вистинска иновација на нашиот пазар за стотици илјади корисници.

Што е предизвикот?
iute Pay

Што треба да направиш?

1. Формирај тим од 3 до 7 студенти, пријави се и креирај концепт за лансирање на дигиталниот паричник Iute Pay. Твојот тим треба да креира реална стратегија што може да биде употребена во вистинската Iute Pay кампања.

2. Pitch your idea!
Испрати кратко видео (до 60 сек.) и презентација (до 10 слајдови) на futurefinance.iute.mk до 1 јуни 2026.

3. Освој ја публиката!
Најдобрите проекти ќе бидат објавени за ЈАВНО ГЛАСАЊЕ. Повеќе споделување = повеќе гласови. Затоа ова не е само натпревар, oва е прва virality-driven студентска иновациска платформа IUTE Competition.

4.Тимовите со најмногу гласови добиваат парична награда:
🥇 1 место: 3.000 €
🥈 2 место: 2.000 €
🥉 3 место: 1.000 €

Iute Pay

Видеата и презентациите  ќе бидат поставени на платформата IUTE Competition за јавно гласање, а изборот ќе биде направен исклучиво врз база на јавни гласови кои ќе бидат транспарентно прикажани.

Видеата (reels, анимации…) ќе бидат споделени и на официјалниот профил на Инстаграм на Иуте Македонија (@iute.macedonia).

Повеќе споделување = повеќе гласови

Распоред и чекори за учество

  • до 18 мај 

    Регистрирај тим

  • на 18 мај 

    Онлајн брифинг преку Zoom (Q&A) за да добиете инструкции за предизвикот

  • до 1 јуни

    Рок за поднесување (PPT + видео)

  • до 3 јуни

    Преселекција на доставените предлози од тимовите

  • до 29 јуни

    Јавно гласање на  futurefinance.iute.mk

  • на 1 јули 2026

    📢 Објава на победници на iute Macedonia

     

Креирај. Иновирај. Направи импакт. Иднината започнува со тебе.

Прочитај го детално целосниот бриф, како и запознај се со Општите услови и правила.

Сите останати информации се на платформата futurefinance.iute.mk

Овој повик и студентски предизвик е реализиран во партнерство и со поддршка на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.