Назад кон новости

Иуте и Екотип донираа прочистувачи за воздух во основното училиште Крум Тошев Трубарево

Разно
Иуте и Екотип

Како општествено-одговорни компании со алтруистички дух, изразуваме големо жалење и сочувствуваме со сите граѓани кои се директно и индиректно погодени од неодамнешниот пожар во Трубарево, немил настан кој го наруши секојдневието на жителите и децата, оставајќи ги надвор од училишните клупи. Притоа изразуваме и голема благодарност до сите институции, волонтери, пожарникари, медицински лица и индивидуалци кои беа во првите редови уште од првиот миг.

Како резултат на партнерски договор, вчера беа донираа прочистувачи за воздух во ООУ Крум Тошев Трубарево – Општина Гази Баба, училиште кое се наоѓа во непосредна близина на опожарениот објект, благодарејќи и на отвореноста, брзата реакција и координација со Општина Гази Баба во интерес на добросостојбата на децата и граѓаните, општина со која досега веќе имаме реализирано низа проекти.

Со поставувањето на прочистувачите во ова училиште, ќе може да се овозможи побезбедна средина за учениците, наставниците и сите вработени – со што заеднички се прави важен чекор кон нивното здравје и благосостојба.

“Уште веднаш ја препознавме потребата и веднаш се договоривме да помогнеме. Вообично нашите донации ги реализираме тивко, достоинствено и без јавно експонирање, но овојпат чувствуваме обврска да проговориме – не заради нас, туку заради потребата од колективна свест. Да пратиме апел до целата заедница, секој кој е во можност, на начин кој е соодветен, да даде свој придонес и заеднички да овозможиме враќање на спокојот, нормалното секојдневие и на она што треба да претставува основна грижа на децата – детска радост и соништа. Нивната иднина е одговорност на секој од нас. Опремата која е донирана во училиштето е од врвен германски производител, со hp14 филтер кој е единствен од таков тип на пазарот и како медицински филтер ги исполнува стандардите за чистота на воздухот и во операциони сали. Дишеме заедно со вас и веруваме дека по секој тежок момент доаѓа светол почеток.”- посочија Биљана Мишиќ од Иуте и Ламбро Патче од Екотип.

“Искажуваме голема благодарност за донацијата, со верба дека учениците ќе се чувствуваат побезбедно за време на наставата во училиштето. Голема благодарност и кон општината Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски, кои со својата заложба и координација ја овозможија оваа донација во кратко време. Здравјето на децата е на прво место, затоа што децата се нашата иднина”, изјави Александра Димитриевска, директорка на ООУ Крум Тошев.

Иуте и Екотип ќе продолжат да вложуваат во проекти за поддршка на заедницата, а со овој гест уште еднаш се потврдува посветеноста кон најмладите, еднакви можности за нормално детство, како и подобри услови за нивното образование.

На децата од ООУ Крум Тошев им посакуваме среќно и безбедно враќање во училишните клупи.

За нов здив, за нови почетоци, за поубави детски соништа. Заедно и сплотени, секогаш можеме повеќе и подобро.

 

Последни вести Сите новости

Иуте Пеј започнува со работа – iute сметка отсега достапна во апликацијата Myiute

Иуте Пеј, дел од дигиталната банкарска групација Иуте Естонија со дозвола од Народната банка на РСМ за издавање електронски пари и давање платежни услуги, официјално започна со работа. Првата услуга што им е достапна на клиентите е iute сметка – лична платежна сметка која се отвора целосно дигитално преку апликацијата MyIute, за помалку од еднапрочитај повеќе
Новости
iutepay

Подготовката за зимата започнува пред првиот снег. Што треба да проверат возачите?

Навремената проверка на гумите, исправноста на автомобилот и соодветната зимска опрема се важни за побезбедно возење во студените месеци. Со добро планирање, возачите можат навреме да ги организираат потребните проверки и да ги оптимизираат сезонските трошоци. Пониските температури, дождот, утринскиот мраз и можноста за снег носат поинакви услови на патиштата. Затоа, подготовката на автомобилот непрочитај повеќе
Блог
авто гуми и возило

Летното тело се гради на есен: План за вежбање дома | iuteMarket

Летната форма не се создава преку ноќ, ниту само неколку недели пред летниот одмор. Таа се гради постепено, во текот на есента и зимата, кога деновите стануваат пократки, времето е постудено, а мотивацијата за тренинг често опаѓа.  Ако започнете со едноставна рутина за вежбање дома уште сега, до следното лето ќе имате месеци континуирана активностпрочитај повеќе
Блог
iuteMarket traka za vezbanje