Назад кон новости

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Новости

Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари, со добиената лиценца за започнување со работа на IutePay во Бугарија, доделена од страна на Бугарската Народна Банка. Истото претставува голем исчекор, овозможувајќи ѝ на групацијата да ги прошири своите платежни услуги освен на Балканот и на тлото на Европа.

На овој начин, Бугарија се приклучува на албанската Иуте подружница, која ја доби лиценцата за електронски пари во 2022 година, додека во Молдавија групација Иуте нуди платежни услуги преку Energbank.

Со оваа лиценца корисниците ќе имаат можност да отворат платежни сметки за добивање на приливи по основ на плата, трансфер на пари во реално време, плаќање сметки за комунални услуги или отплата на рати по кредити.

“Лиценцата за институција за електронски пари е клучен чекор во стратегијата на групацијата да стане меѓународен давател на платежни услуги, на начин што нѝ овозможува да го прошириме делокругот на делување ширум сите пазари на ЕУ, нудејќи брзи, беспрекорни и клиентски-ориентирани решенија за плаќање и овозможувајќи им и на другите Иуте подружници и нивните клиенти пристап до инстант плаќања во евра, без разлика дали нивните земји имаат инфраструктура за инстант плаќања.“,изјави Тармо Силд, Извршен директор на Групацијата.

Групацијата Иуте е финтек компанија основана во 2008 година во Естонија, специјализирана во делот на лични финансии, платежни услуги, банкарство и осигурителни производи. Иуте услужува клиенти во Албанија, Бугарија, Молдавија и Северна Македонија и притоа ги финансира своите кредитни портфолија со капитал, депозити и обезбедени обврзници на регулираниот пазар на Франкфуртската и Балтичката берза.

Иуте Македонија како дел од Иуте Естонија, дигитално најмоќната земја во Европа, од својата мајка компанија ги црпи сите технолошки дигитални новини, имплементирајќи ги и на домашниот пазар и корисници.

Во изминативе 15 години, Иуте еволуираше стабилно, и тоа од компанија за кредитирање во банкарска групација во повеќе бизнис сегменти, продолжувајќи цврсто и сигурно да ги следи зацртаните цели.

Потврда за истото беше и неодамна добиениот прв Фич рејтинг, како огромен успех и потврда на кредибилитетот. Групацијата исто така се најде на листата на елитни европски компании кои според истражувањето на Фајненшал Тајмс (Financial Times) и Статиста (Statista) покажале контунуиран, стабилен и одржлив раст на приходите во изминатава декада.

Последни вести Сите новости

5 причини зошто да го изберете iPhone 18 Pro Max

Барате најповолна цена за iPhone 18 Pro Max во Македонија? Најголемиот и најмоќен iPhone од најновата генерација на Apple е достапен во продажба од 18 септември 2026 година. На iuteMarket, заклучно со 20 октомври, моделот со 256 GB меморија во елегантна бордо боја е достапен по цена од 103.990 денари, со бесплатна достава и флексибилнипрочитај повеќе
iuteMarket
iPhone понуда

Обновена технологија: паметен избор за подобар уред

Кога бараш нов телефон, едно од првите прашања е: Да купам нов или половен? Денес постои и уште една опција – обновена технологија (refurbished). Обновениот телефон или уред не е едноставно користен производ кој повторно се продава. Пред да стигне до својот нов сопственик, тој поминува низ процес на проверка, тестирање и подготовка за повторнапрочитај повеќе
Блог
iPhone обновен уред

Како BNPL го менува начинот на кој купуваме

Начинот на кој купуваме онлајн се менува. Ако порано одлуката најчесто се сведуваше на „плаќам веднаш или се откажувам“, денес новите модели на плаќање им даваат на купувачите поголема флексибилност, а на е-трговците нови можности за раст. Едно од решенијата кое сè повеќе станува дел од оваа промена е BNPL (Buy Now, Pay Later) –прочитај повеќе
Интервју
интервју