Иуте Македонија успешно ја реализираше својата прва корпоративна обврзница на домашниот пазар на капитал, обезбедувајќи го целиот износ од 3 милиони евра за рекордни четири дена. Со тоа, јавната понуда е целосно затворена, а исклучителниот интерес од инвеститорите претставува силна потврда за довербата во компанијата, нејзиниот стабилен бизнис модел и долгорочната стратегија за раст.
По добиеното одобрение од Комисијата за хартии од вредност, Иуте издаде петгодишна корпоративна обврзница во вкупна вредност од 3 милиони евра со фиксна годишна каматна стапка од 8.5%. Во рамки на јавната понуда беа пласирани 30.000 обврзници со номинална вредност од 100 евра, достапни за физички и правни лица.
„Довербата е најскапиот и највредниот капитал на финансиските пазари. Интересот што го видовме за оваа емисија е силна потврда за довербата што инвеститорите ја имаат во Иуте, нашите резултати и начинот на кој го водиме бизнисот. За нас, ова претставува важен чекор во понатамошното унапредување на финансиската структура на компанијата и создавање дополнителен простор за одржлив раст и развој“, изјави Нина Мојсова Ќосева, директор на Секторот за финансии во Иуте Македонија.
Иако емисијата од 3 милиони евра претставува околу 5% од вкупната актива на компанијата, нејзиното значење е далеку поголемо од самата вредност. Како прво излегување на Иуте Македонија на домашниот пазар на капитал преку јавна понуда на корпоративни обврзници, ова претставува историски и стратешки чекор во понатамошната диверзификација на изворите на финансирање и зацврстување на позицијата на компанијата во финансискиот сектор.
Успешната реализација на емисијата испраќа силен позитивен сигнал и до македонскиот бизнис сектор. Таа покажува дека домашниот пазар на капитал може успешно да поддржи растечки компании и отвора нови можности за инвеститорите, придонесувајќи кон подлабок, поактивен и поразвиен инвестициски екосистем во земјата.
Со оваа емисија, Иуте Македонија не обезбеди само нов капитал за раст, туку постави и значаен репер за развојот на корпоративното финансирање и пазарот на капитал во Македонија.
Последни вести
Сите новости
Иуте Пеј започнува со работа – iute сметка отсега достапна во апликацијата Myiute
Иуте Пеј, дел од дигиталната банкарска групација Иуте Естонија со дозвола од Народната банка на РСМ за издавање електронски пари и давање платежни услуги, официјално започна со работа. Првата услуга што им е достапна на клиентите е iute сметка – лична платежна сметка која се отвора целосно дигитално преку апликацијата MyIute, за помалку од еднапрочитај повеќе
Новости
Подготовката за зимата започнува пред првиот снег. Што треба да проверат возачите?
Навремената проверка на гумите, исправноста на автомобилот и соодветната зимска опрема се важни за побезбедно возење во студените месеци. Со добро планирање, возачите можат навреме да ги организираат потребните проверки и да ги оптимизираат сезонските трошоци. Пониските температури, дождот, утринскиот мраз и можноста за снег носат поинакви услови на патиштата. Затоа, подготовката на автомобилот непрочитај повеќе
Блог
Летното тело се гради на есен: План за вежбање дома | iuteMarket
Летната форма не се создава преку ноќ, ниту само неколку недели пред летниот одмор. Таа се гради постепено, во текот на есента и зимата, кога деновите стануваат пократки, времето е постудено, а мотивацијата за тренинг често опаѓа. Ако започнете со едноставна рутина за вежбање дома уште сега, до следното лето ќе имате месеци континуирана активностпрочитај повеќе
Блог