Назад кон новости

Иуте отвори нова flagship експозитура во центарот на Скопје

Настани
две девојки разговараат во новата експозитура на Иуте

Иуте отвори нова flagship експозитура во центарот на Скопје – наместо шалтер, ве пречекува дневна соба

 

Простор во кој дигиталното искуство, финансиското советување и човечкиот контакт се спојуваат во едно.

Што ако влезете во финансиска експозитура и првото нешто што ќе го забележите не е шалтер, туку кауч? Што ако наместо да чекате, седнете? И наместо „Како можам да ви помогнам?“, разговорот започне со „Што планирате?“

Ова е идејата позади новата flagship експозитура на Иуте Македонија, отворена во центарот на Скопје. Просторот е дизајниран како дневна соба – топол, современ и удобен, со кауч, кафе и советници кои седнуваат до клиентот, наместо зад шалтер.

„Ако денес речиси секоја трансакција можеме да ја направиме преку телефон, тогаш физичкиот простор мора да има поинаква улога. Не сакавме само да ја модернизираме експозитурата. Сакавме да ја редефинираме нејзината улога – од трансакција кон разговор“, вели Маријана Недевска, Комерцијален директор на Иуте Македонија.

Кога шалтерот повеќе не е центарот на експозитурата

Дигитализацијата фундаментално го промени начинот на кој ги користиме финансиските услуги. Апликациите ги преземаат трансакциите, а телефонот станува место каде што завршуваме голем дел од секојдневните финансиски активности.

Но, кога станува збор за поважна финансиска одлука, луѓето не бараат само брзина. Бараат јасно објаснување, совет и сигурност дека го прават вистинскиот избор – и сакаат за тоа да разговараат со човек.

Затоа, во новата експозитура клиентот и советникот седнуваат еден до друг, без традиционалната шалтерска бариера.

„Кога ќе седнете на кауч, разговорот природно е поинаков. Не доаѓате само да завршите трансакција, туку да разговарате за она што ви е потребно и како можеме да ви помогнеме“, додава Недевска.

Дигитално кога сакаме. Човечки кога ни треба.

Овој принцип е во срцето на новиот концепт. Технологијата обезбедува брзина и едноставност, а физичкиот простор е посветен на она што технологијата не може целосно да го замени – објаснување, советување, планирање и човечки контакт.

Во новата експозитура клиентите можат:

  • самостојно да ги истражат Myiute и дигиталните услуги на Иуте, кои се достапни 24/7;
  • да добијат помош при користење на апликацијата;
  • да седнат со советник и да разговараат за своите финансиски потреби, планови и идеи.

Стратешкиот фокус на Иуте останува целосната дигитализација на услугите, со мобилната супер-апликација Myiute во центарот на еко-системот. Новата flagship локација не е спротивност на таа насока, туку нејзино надополнување – дел од пошироката трансформација на Иуте кон интегрирано финансиско искуство во кое технологијата ја презема рутината, а луѓето добиваат повеќе простор за одлуките што бараат разговор.

На тој начин, новата експозитура не се обидува да биде „пофутуристичка“, туку покорисна – место каде што можете да дојдете со финансиско прашање, план или идеја, да седнете, да се напиете кафе и едноставно да разговарате.

Новата експозитура е лоцирана во строгиот центар на градот на ул. Никола Вапцаров бр. 15/1-1 (спроти Хотел Солун), додека пристапот до нашите услуги е овозможен 24/7 преку мобилната апликација Myiute.

 

 

 

Последни вести Сите новости

Иуте Пеј започнува со работа – iute сметка отсега достапна во апликацијата Myiute

Иуте Пеј, дел од дигиталната банкарска групација Иуте Естонија со дозвола од Народната банка на РСМ за издавање електронски пари и давање платежни услуги, официјално започна со работа. Првата услуга што им е достапна на клиентите е iute сметка – лична платежна сметка која се отвора целосно дигитално преку апликацијата MyIute, за помалку од еднапрочитај повеќе
Новости
iutepay

Подготовката за зимата започнува пред првиот снег. Што треба да проверат возачите?

Навремената проверка на гумите, исправноста на автомобилот и соодветната зимска опрема се важни за побезбедно возење во студените месеци. Со добро планирање, возачите можат навреме да ги организираат потребните проверки и да ги оптимизираат сезонските трошоци. Пониските температури, дождот, утринскиот мраз и можноста за снег носат поинакви услови на патиштата. Затоа, подготовката на автомобилот непрочитај повеќе
Блог
авто гуми и возило

Летното тело се гради на есен: План за вежбање дома | iuteMarket

Летната форма не се создава преку ноќ, ниту само неколку недели пред летниот одмор. Таа се гради постепено, во текот на есента и зимата, кога деновите стануваат пократки, времето е постудено, а мотивацијата за тренинг често опаѓа.  Ако започнете со едноставна рутина за вежбање дома уште сега, до следното лето ќе имате месеци континуирана активностпрочитај повеќе
Блог
iuteMarket traka za vezbanje