Назад кон новости

Кога нулата навистина значи нула – Зошто транспарентноста е клучна во моделот „Купи сега, плати подоцна“

Блог
Кога нулата навистина значи нула

Во време на брза дигитална трансформација, финансиските услуги стануваат сè поедноставни, побрзи и подостапни. Моделот „Купи сега, плати подоцна“ (Buy Now, Pay Later) е еден од најдобрите примери за тоа како технологијата може да го подобри секојдневното потрошувачко искуство. Тој им овозможува на потрошувачите да го добијат производот веднаш, а плаќањето да го распределат на рати – едноставно, брзо и целосно дигитално.

Во Македонија, овој модел прв го воведе Иуте Македонија, создавајќи сосема ново и поинакво потрошувачко искуство кое денес е широко прифатено од илјадници корисници и интегрирано кај повеќе од 800 партнери и преку 1000 продажни места.

Но со растот на популарноста на овој модел и впечатливиот начин на комуникација, на пазарот се појавија и бројни кампањи кои користат привлечни пораки како „0%“ или „нула трошоци“. Токму затоа, денес повеќе од било кога е важно да се направи разлика меѓу маркетинг порака и вистинска финансиска транспарентност.

И токму тука почнува најважното прашање: Кога нулата навистина значи нула!

Кога зборуваме за вистинска нула, правилото е едноставно:
На пример, со моделот Smart 0% на Иуте, купувачот може да го подели плаќањето на неколку рати без дополнителни трошоци – ако производот чини 4.000 денари, плаќа 4 рати по 1.000 денари– ниту денар повеќе.

Во пракса, тоа значи –  нема камата, нема провозии, нема административни ниту пак скриени трошоци.

Оваа едноставна и транспарентна логика е суштината на концептот „нула“.

Смарт 4

Како потрошувачите можат да препознаат дали нулата е навистина нула?

Во време на бројни промотивни кампањи, постојат неколку едноставни прашања што секој купувач треба да си ги постави:

Колку изнесува вкупната сума за плаќање?
Ако таа е поголема од цената на производот, тогаш нулата не е навистина нула.

 

Безбедност на решението

Она што исто така го посочуваат од Иуте е фокусот на целосната безбедност при идентификација и заштита на приватни податоци.

Целиот процес е достапен преку апликацијата Myiute, каде што на едно место може да се аплицира, да се направи потврда на идентитетот преку интегрирана регистрирана безбедносна шема во партнерство со Евротраст и дигитално да се потпише договорот, пришто купувањето во партнерска мрежа е овозможено преку едноставно скенирање на  QR код, физичи во продавница или онлајн.

Овој модел е создаден и имплементиран да го олесни секојдневието на потрошувачите и да им овозможи самите да си го контролираат буџетот, на комфорен и практичен начин, но исто така да не го преоптеретат домашниот буџет и да купуваат паметно, врз база на информирани одлуки.

 

Едукацијата како одговорност, транспарентноста како вредност

Од Иуте исто така велат дека особено внимание се посветува на целосна транспарентност на приказот на параметрите на достапните продукти и трошоците, како и едукација на потрошувачите, со цел да се избегне презадолжување, доцнење и непотребни трошоци. Финансиските услуги не се само технологија, апликации или алгоритми. Тие се пред сè доверба. Во финтек индустријата, најголемата иновација не е само брзината на услугата, туку и транспарентноста со која таа се нуди.

Со растот на финтек индустријата расте и одговорноста на компаниите да бидат транспарентни и едукативни. Потрошувачите денес имаат повеќе избор од кога било, но истовремено и повеќе информации што треба да ги разберат.

Затоа веруваме дека иднината на дигиталните финансии ќе ја градат компаниите кои не само што нудат нови решенија, туку и поставуваат нови стандарди на јасност и фер однос кон клиентите.

 

Последни вести Сите новости

Македонска компанија во срцето на нов дигитален банкарски модел

Македонска компанија во срцето на нов дигитален банкарски модел   Иуте Македонија – дел од естонската групација Иуте, станува дел од нова европска приказна и целосно дигитална банка на нов, стратешки пазар, откако IuteBank официјално го заврши транзицискиот период и започнува со работа како редовна банка на украинскиот пазар. Транзицијата следи по добиениот државен тендерпрочитај повеќе
Разно
iute macedonia

Дигиталната ера напредува, но „нешто“ сѐ уште нè влече назад: Денес е 8ми Март, да честитаме или не?

Дигиталната ера напредува, но „нешто“ сѐ уште нè влече назад: Денес е 8ми Март, да честитаме или не?   Во ера на брзата дигитална трансформација, технологијата не е само алатка — таа е сила што го обликува начинот на кој живееме, работиме и создаваме, овозможувајќи нѝ да создадеме посилни, попаметни и побезбедни заедници. Во овојпрочитај повеќе
Разно
Елена Равнјански

Зимски трошоци под контрола – планирање, приоритети и паметно купување

Зимски трошоци под контрола – планирање, приоритети и паметно купување   Празниците и масовните шопинг периоди се веќе позади нас, но и покрај тоа, зимските месеци се обично долги и често значат брзо “излевање” на семејниот буџет— од високи сметки за режија,  до зимски патувања, екскурзии и други непланирани трошоци. Токму затоа е важно паметнотопрочитај повеќе
Блог
купи сега, плати подоцна
BNPL Buy now pay later online shopping concept. Businessmen holding a smartphone with icons of BNPL.e-commerce.